Мисли слободно - гласај како што е наредено!
Мисли слободно - гласај како што е наредено!
GROBAR Мисли слободно - гласај како што е наредено! Највисокото партиско тело на ЛДП им забранува на пратениците од оваа партија да одлучуваат во парламентот по свое убедување, со исклучок на потпретседателката на Собранието Лилјана Поповска, која завчера на состнокот на Извршниот комитет на ЛДП, се изјаснила дека ќе биде воздржана. На пратеникот од Струга Нелко Стојановски му е дозволено да предложи амандман заедно со пратеничката од СДСМ Цветле Јаневска од Струга. А, социјалдемократите, пак, одлучиле нивните пратеници да не поднесуваат амандмани. “Иако во Уставот е предвидено дека пратеникот може да гласа по свое убедување, ние одлучивме овој пат тоа право да не се применува, оти треба да се следи курсот на партијата“, велат од ЛДП, а со тоа партискиот Статут се става над Уставот, што во практика значи: мисли слободно - гласај како што е наредено. Инаку, деновиве владејачките партии подготвуваат стратегија за одбрана на територијалната организација. За денеска е најавена средба на потпретседателите на партијата со пратеничката група. А, во таа насока деновиве премиерот Хари Костов со неколкумина членови од СДСМ треба да ја посети Струга, за да го разбие цврстиот став на струшките социјалдемократи, кои бараат Општината да остане во постојните граници, а не кон неа да се припојуваат руралните средини, со што Македонците би станале малцинско население. Инаку, членовите на СДСМ од Струга воопшто не го кријат своето нерасположение за владиниот предлог. Ова се покажало и на завчерашната средба во централата на СДСМ, на која присуствувале сите градоначалници и претседатели на општинските организации, освен стружани. Во текот на денешниот ден треба да се одржи средба на СДСМ и ЛДП со останатите партии од коалицијата “За Македонија заедно“, на која партиите на етничките заедници од коалицијата треба да ги кажат своите ставови по пакет- законите за децентрализација. “Остануваат нашите барања Центар Жупа да не се припојува кон Дебар, како и Врапчиште кон Неготино, со што би се избегнало Турците да бидат под 20 отсто, како што предлага Владата. И евентуално да се направи корекција селото Скудриње да се припои со Маврово, а не со Дебар, поради гравитацијата“, изјави Кенан Хасипи од Демократската партија на Турците. “Во суштина Ромите се задоволни со предлогот за територијална организација, но тоа не значи дека целосно го поддржуваме“, изјави пред средбата Неждет Мустафа од Обединетата партија за еманципација. Тој повика на смирување на страстите и на трпение од сите политички партии за владиниот предлог. И.Р.
И после сме за залагале за демократија или во македонија имало демократија????? хммммм голем прашалник ?
vmro abre majkumu stara zar trebashe 13 godini za da svatite shto se slucuva????