Сотир закон |
Strelec |
Поделба на домашните обврски
Се одржувал конгрес на Жените Македонки во Канада и за време на паузата Менка си водела муабет со своите пријателки во врска со нивните успеси како да ги натераат своите мажи да завршуваат одредени домашни обврски. Едната од нив се пофалила:
- Јас му реков на мој Спасе дека време е да почне сам да си ги пегла кошулите. Првиот ден немаше никаква реакција, вториот ден исто, но веќе третиот ден Спасе си ја испегла својата кошула. И сега тоа редовно го чини!
И сопругата на Спиро имала многу слично искуство:
- Му реков еднаш на Спиро дека треба да се грижи за набавка на храна. И ништо не се случуваше првиот ден, а ниту вториот. Но затоа веќе третиот ден Спиро отиде и цело попладне го потроши пазарејќи за дома.
Најпосле и’ дошол ред и на Менка:
- Јас му реков еднаш на Сотира мој дека е крајно време да почне да помага дома и дека треба редовно да чисти со правосмукалка и да брише прашина. И првиот ден никаква реакција, па ништо не се случи ниту вториот, ниту третиот ден. Дури некаде четвртиот ден ми се подотвори малку окото!
|
Strelec |
Си знае Сотир кога му е доста
Отишол Сотир една вечер во бар и нарачал пиво. Откако го испил, ја отворил својата акт-ташна, погледнал во неа и му рекол на барменот:
- Дај побратиме уште едно!
Откако го испил и второто пиво, повторно ја отворил актовката, погледнал внатре и му рекол на барменот:
- Ај уште едно те молам!
Истата постапка (отворање ташна, фрлање еден поглед внатре и нарачување ново пиво) ја повторил уште десетина пати! И потоа, Сотир уште еднаш погледнал во својата актовка и неочекувано за барменот, извикал:
- КРАЈ! Не сакам повеќе да пијам!
Барменот изненаден од реакцијата на Сотир, запрашал:
- Зошто наеднаш такво откажување!? Што е тоа што го виде во својата ташна?
- Епа внатре имам слика од Менка и во моментот кога ќе почне Менка да ми изгледа симпатична, тоа ми е знак дека сум претерал со пиење и дека е време да прекинам!
|
Strelec |
Досетливиот Сотир
Отишол Сотир во банка во центарот на Торонто и започнува разговор со службеничката за позајмици:
- Видете, ми требаат 5,000 долари на заем. Треба да одам за Македонија и знаете како е... подароци, ова, она...!
Службеничката му одговара:
- Нема проблем господине, но знаете како одат работите. Неопходна е некаква гаранција за да можеме да ви ги дадеме парите.
Сотир се согласил и и’ ги дава на службеничката клучевите од новиот супермодерен ван со вредност од 60,000 долари што бил паркиран пред самата банка. Луѓето од банката провериле тоа што требало да проверат и дошле до заклучок дека се’ е чисто. Сотир ги добил парите што ги побарал. Менаџерот од банката и сите службеници добро се изнасмеале на сметка на Сотир кој што оставил автомобил во вредност од 60,000 долари за само 5,000 долари кеш. Потоа еден од вработените во банката го однесол ванот од Сотир во банкарската гаража.
Две недели подоцна, Сотир се враќа од Македонија, ги враќа парите, плаќа дури и камата во износ од 17.09 долари и ги добива назад клучевите од својот ван. Менаџерот на банката му вели на Сотир:
- Ви благодариме многу што работите со нас. И оваа трансакција мина многу едноставно. Само чудно ни паѓа една работа. Во меѓувреме проверивме се’ за вас и видовме дека имате многу пари на вашата сметка. Кој ви беше мотивот да плаќате камата, кога веќе имате ваши сопствени пари? Малку сме збунети и изненадени заради тоа.
А Сотир се насмевнал и му рекол на менаџерот:
- Епа знаете, имате ли вие подобра идеја каде можам за само 17.09 долари две недели да го паркирам својот автомобил во Торонто?
|
SpaceLily |
Strelec sumliv mi si ti nesho okolu ovoj Sotir mene:)) |
Strelec |
:) Еве за тебе специјално уште еден виц за Сотир:
Сотир на исповед во црква
Отишол Сотир во црквата ’Свети Климент Охридски’ за да се исповеда.
- Попе, ја изневерив Менка!
- Како ти се случи тоа Сотире?
- Па попе, Јовка сосетката ми дојде на кафе еднаш кога Менка беше трета смена на работа и... што да ти кажам... од кафе, работата мафе испадна!
- Ајде чедо Сотире, нека ти е простено!
- Ама попе, не се заврши само на тоа. Наредниот ден ме викна Јовка кај неа дома, а таму беа две нејзини пријателки и... јас и со нив попе. Не успеав да се воздржам!
- Аман бе Сотире! Ама... добро... ајде нека ти е и тој грев простен.
- А море попе... И тоа не е се’. Сестра на една од пријателките на Јовка ми се јави истата вечер и...!
И попот конечно го прекинал:
- Сотире, абе ти во црквава дојде за да се исповедаш, или да ми се фалиш?
|
Strelec |
Сотир не се плаши од болка
Отишол Сотир за заболекар и уште од врата поставува прашање
- Колку наплаќате ве молам за вадење заб?
Заболекарот му одговара:
- Па цената за вадење заб е 75 долари, но јас се надевам дека сте покриени со некакво осигурување!
- Не, немам осигурување за заби. И затоа би сакал да прашам дали може некако со поевтино да се помине!?
- Јас се извинувам, но работиме со таа тарифа и не се можни отстапки. И ние, знаете, имаме трошоци. Анестезијата ни е прилично скапа, но затоа е многу ефикасна!
- Анестезија!? - се замислил Сотир - А што би значело вадење заб без анестезија? Би било ли тогаш поевтино?
- Ама ве молам!? Па тоа се ужасни болки! Како тоа мислите без анестезија!?
- Епа така... Колку ќе чини без анестезија вадењето заб?
- Хм! Па вие сте значи исклучително храбар човек! Па тогаш би ви зел само 25 долари. А може ли да погледнам во каква состојба е забот?
- Секако докторе! - рекол Сотир и се свртел накај Менка - Ајде душо покажи му го на докторот забот што те боли!
|
TAJCI74 |
Strelec bre duso ,abe dusa ne ostana vo mene so ke bese ova poet od tebe[:)] |