Македонец во Академијата на Vince Carter
Македонец во Академијата на Vince Carter
Strelec Oваа година големиот македонски кошаркарски талент 13-годишниот Иван Лукароски беше дел од Академијата на прославениот ас Vince Carter. Иван во Канада дојде минатата година, а една од причините за доаѓањето на неговото семејство овде се токму многу подобрите услови кои што ги нуди Канада за кошаркарски напредок на Иван Лукароски. Младинската Кошаркарска Академија на Vince Carter секоја година во летниот период ги собира најголемите кошаркарски таленти од цела Северна Америка. Покрај учеството на Иван Лукароски, кое само по себе е веќе голем успех, треба да се истакне и фактот дека дури во десет категории (4 офанзивни и 6 дефанзивни) Иван Лукароски ја доби највисоката можна оценка 'Excellent'. Во доделувањето на оценките, покрај Vince Carter учествуваа и многу врвни тренери кои што за време на одржувањето на академијата го пренесуваа своето знаење на неколкуте десетици млади кошаркарски таленти. - За само неколку дена научив многу повеќе отколку што ќе научев за цела година во Македонија. Целодневните тренинзи во кампот се обидов да ги искористам најдобро што можам. Самото присуство на Винс и неговото постојано бодрење ми помогнаа за да можам да ги издржам сите тие напори. Им благодарам на моите родители кои што ме донесоа во Канада и искрено се надевам дека по неколку години ќе можам да заиграм за Македонската репрезентација. Тоа ми е едниот сон, а другиот... епа да не кријам дека сонувам и за NBA! - со насмеано лице ни изјави на крај Иван Лукароски. [img]http://www.tugjinojabano.com/images/carter_academy.jpg[/img]
Thief Морам, навистина морам да искоментирам... Стрелец, јас мислам дека не Иван, туку дека Ацо ги дал изјавиве... Две изјави навистина ме иритираат, а една ЕПТЕН ми се допадна... Нормално, ме иритира потценувањето на Македонија, а ми се допаѓа тоа што ја споменува македонската, а не канадската репрезентација.
OooOo Bravo za Ivan.
StormAngel Strelec,dali si vo rodninski vrski so Ivan Lukaroski?:)))))) Inaku bravo za momceto,se nadevam deka ke blesne vo svetot na kosarkata.
Whitebaby
quote:
Originally posted by bluehim
Strelec,dali si vo rodninski vrski so Ivan Lukaroski?:))))))
Ma ne... Strelec samo go praveshe intervjuto. [:D] Bravo, bravo... [:)]
Strelec ОК... Искрено ли треба?:) Иван Лукароски е син на мојот брат!:) Инаку, сите податоци во текстот се релевантни и точни, а точни се и информациите и желбите на Иван. Јас бев тој што само ги ’средив’ неговите изјави кога го спремав текстот за ’Туѓино Јабано’!:)
Strelec
quote:
Originally posted by Thief
...ме иритира потценувањето на Македонија...
Е да не требаше во текстот да напишам дека македонските тренери и македонските услови се подобри од тренерите и условите во NBA!:)))
StormAngel Jas iskreno mu posakuvam se najdobro. Pa za nekoi godini da vidime makedonski Vince Carter u NBA.[;)]
kopacot brao ivane....samo napred
Thief Шега беше тоа за изјавите, се разбира! Со тоа „Ао ја дал изјавава“, мислев дека е дадена „во негов стил“ - читајте малку меѓу редови! [;)] Инаку, браво Иване! Ќе фаќам врски преку Ацо и можеби еден ден ќе запознаам некоја наша НБА - ѕвезда! Уште еднаш, сите пофалби од моја страна, со надеж дека со македонската репрезентација ќе го освои барем континенталното натпреварување, ако не и некое светско првенство! [;)] P.S. Ацика, се вратив јас... И убаво си поминав!
The_Crow Mlado dete na 13 godini vo kamp na vince karter uuuuuuuuuu zvuci tolku dobro. Deteto poseduva talent valjda inaku ne bi bilo tamu megutoa ako ne vezba i ne trenira naporno dzabe . Sega za sega mozam da kazam samo deka e na pravo mesto.
ikooo bravo za ivan