ViennaBoy |
Шведскиот дипломат од кариера Микел Салин вчера во Скопје официјално ја презеде функцијата специјален претставник на Европската унија во Македонија.
“Среќен сум што сум во Скопје и што ќе помогнам во завршните и мошне важни фази од имплементацијата на охридскиот Рамковен договор. Овој момент има дополнително значење, имајќи ја предвид скорешната апликација на земјата за членство во Европската унија”, изјави Салин во првичната изјава што неговата Канцеларија вчера ја испрати до медиумите.
Салин е петти по ред специјален претставник на ЕУ во Македонија, по Франсоа Леотар, Ален Лероа, Алексис Брунс и Сорен Јесен Петерсен. Советот за надворешни работи на Европската унија во Брисел на почетокот на минатиот месец го назначи на оваа функција, откако неочекувано донесе одлука неговиот претходник Петерсен да го “прекомандува” во Косово како шеф на УНМИК.
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=0&EditionID=211&ArticleID=8362 |