OooOo |
Светозар Смиљковски-Бато, пензиониран архитект, за некогашната реномирана кафеана во Градскиот парк
Во Кермес на клакер
И јас, како и многу други скопјани, сум носталгично поврзан со ?Кермес". Тоа е кафеаната на нашата младост, на матурските денови, на првата љубов, на брачните двојки, кои со првородените деца често доаѓаа таму.
[img]http://www.utrinskivesnik.com.mk/izdanija/1541/14773.jpg[/img]
Името ?Кермес° доаѓа од англиски збор, што во слободен превод значи излет во природа, хуманитарна забава на отворено. Објектот е стара турска градба која имала различни намена. Според некои турски писанија, прво служела како магацински простор, потоа како штала, па кафеана. ?Кермес° го паметам од 1948 година, кога беше единствената кафеана во Градскиот парк. Во него доаѓаше и старо и младо. Се одржуваа разни приредби, а го паметам и гостувањето на ?Плави ансамбл°, тогашната реномирана музичка група од Војводина, која со своја песна го отвораше ?Кермес°. До пладне кафеаната беше посетувана од ученици и студенти, кои доаѓаа, меѓу другото, и да учат заедно. Машките кои доаѓаа навечер во кафеаната, не смееја да играат рокенрол, или да имаат долги коси и тесни панталони. А тогаш, зборувам за 1952 година, рокенролот беше хит што доаѓаше од Запад, како и носењето тесни панталони и мачкањето на косите со брилијантин. Оние што доаѓаа со ваков имиџ, полицајците ги прогонуваа, сечејќи им ги косите и панталоните. Во ?Кермес" се пиеше пиво и сода вода, односно ?клакер°, газиран пијалак. Имаше стаклена амбалажа, затворена со интересно капаче во форма на џамлија, па кога се отвораше пукаше како шампањ. Тоа беше време кога се немаше пари за ручеци или вечери во ?Кермес°. Навечер, имаше игранки, но и тепачки, најчесто поради девојка. Перо, Перица, Циле и Миле, сега покојни, беа имињата на келнерите кои ги познаваа сите гости. Посетителите беа интелектуалци, академици, студенти и работници, но сите бевме еднакви.
Во седумдесеттите години настанаа одредени промени. Почна да се оди на ручеци и вечери и да се организираат свадбени веселби. Според она што ми го раскажувал татко ми, за време на Кралството Југославија во ?Кермес" само елитата одела на вечери. Но, потоа многу скопјани таму одбележуваа разни годишнини, средби. Не можеше да се замисли во лето да не се оди во ?Кермес°. Ако немаше слободна маса, тогаш се стоеше. Прво се одеше таму, а потоа во ?Опатија°.
Скопјани силно емотивно се врзани за ?Кермес°. Затоа оваа реномирана скопска кафеана треба да се зачува, и тоа со целокупниот нејзин габарит. Нејзиниот стил претставува мешавина на барок и модерен стил. На фасадата се забележуваат одредени елементи на релјефи, што се добро зачувани. За жал, не се знае кој е авторот на проектот на ?Кермес°. |