OooOo |
Kretenizmot na Makedonskite novinari prodolzhuva! Novinarite se ponashaat kako da nema soodveten prevod na nekoi od angliskite zborovi!!! [:(!][:(!][:(!] ili pokushavaat da bidat "cool" [:o)]
Македонија доби кредитен рејтинг
Герман Филков
04.08.2004
Кредитниот рејтинг што го доби Македонија е понизок од границата до која на инвеститорите им се препорачува да вложуваат пари во една земја. Кредитниот рејтинг, најпросто кажано, ја покажува способноста на една земја да ги враќа долговите.
Агенцијата „Стандард и Пурс“ пред четири дена на Македонија и ја додели оценката ББ плус за внатрешниот и ББ за надворешниот долг. Оценките се движат од најдобрата три, а до најлошата две Ц. Сите земји што имаат до три Б, се сметаат како добри за инвестирање во нив. Македонската оценка е за малку под ова ниво.
„Бугарија го има истиот, ќе стане набргу членка, Романија исто за 2 години ќе стане членка, таа има ББ во овој момент. Двете оценки се ББ, ББ позитив аутлук и ББ+ позитив аутлук, што е трендот нагорен, што значи дека ако добро работиме, сигурно не за 1 или 2 години, но на среден рок очекувам да добиеме инвестмент грејт, но тоа ќе зависи од многу околности“, изјави Никола Поповски Министер за финансии.
За еден до два месеца, Македонија ќе добие кредитен рејтинг и од Агенцијата „Мудис“. И двете Агенции потоа, секоја година ќе прават преоценка на рејтингот. Сега, откако земјата го доби првиот кредитен рејтинг во својата историја, изработка на таков, но поединечен рејтинг ќе можат да побараат и македонските банки. Имање рејтинг значи дека земјата нема веќе да мора да позајмува пари само од ММФ и Светската банка, туку може да зема кредити и од други финансиски институции во светот.
Сепак, во средината на октомври, Македонија почнува преговори со ММФ за нов тригодишен аранжман. Бордот на Фондот, пред два дена ја усвои финалната анализа за последниот аранжман стенд бај, каде на Владата и препорачува засилување на реформите во здравството, банкарската супервизија и подобрување на бизнис климата во земјата.
No shit Senor German! |