Makedonski Olimpiski Maler
Makedonski Olimpiski Maler
kopacot Првиот кикс на Селото - прокисна собата на македонските олимпијци Олимпиското село, каде што се сместени спортистите и водачите на екипите за Летните олимписки игри (ЛОИ) во Атина што почнуваат за седум дена, градено според сите светски стандарди, вчера го имаше првиот кикс - прокисна собата во која се сместени дел од македонските олимпијци. Апартманот во кој се наоѓаат пливачката Весна Стојановска и дебитантката на ЛОИ, атлетичарката Александра Војнеска, вчера прокиснал, по силниот дожд што врнел два часа во Атина. - Многу е жешко и, како за беља, одеднаш заврна силен дожд и ни ја поплави целата соба - ни изјави Стојановска вчера во телефонскиот разговор. Таа не е многу задоволна од комплексот базени каде што ќе се одржат натпреварите во сите водени спортови. - Убаво е што за секој спорт има посебни базени, за пливачите, за ватерполистите, за скоковите во вода и за синхронизирано пливање. Но, работници се уште работат на трибините, поставуваат столчиња, а лошо е што базенот нема покрив, така што успеав и да „изгорам“ - вели Стојановска. Според неа, на Игрите во Сиднеј, каде што таа беше меѓу најмладите учесници, храната во Олимпиското село била многу подобра од таа во Атина. - Олимпиското село во Атина не е многу поразлично од она во Сиднеј, но овде мене лично ми недостига зеленило - смета Стојановска, која во Атина ќе плива во три дисциплини (од 15 до 17 август). Останатите македонски спортисти редовно тренираат и се задоволни со условите, иако Војнеска и вториот македонски претставник во кралицата на спортовите, Ванчо Стојанов, се уште не тренирале на патеката каде што ќе трчаат. Стрелачката Дивна Пешиќ, исто така, редовно тренира, како и останатите пливачи, Александар Миладиновски, Александар Маленко и Зоран Лазаровски. Најискусниот меѓу македонската експедиција, Лазар Поповски, кому Игрите во Атина ќе му бидат четврти во кариерата, тренира на олимписката патека. Борачите Могамед Ибрагимов и Шихамир Османов се на подготовки во Русија, а во Атина ќе пристигнат на 19 август. Натпреварите во борење, слободен стил, почнуваат на 26 август Александра Мазнева prezemeno od [url]http://www.vreme.com.mk/index?nid=9080[/url]
StormAngel C c c.
ikooo Ke zememe nekoj medal ne se sekirajte :P
dzadzev Да бе ... се гледа колку сме добри во све ... уште првиот ден се докажавме со првата натпреварувачка (во стрелање) .. го освоивме дури завидното последно место [:(]
OooOo vazhno e da se uchstvuva!
dzadzev
quote:
Originally posted by OooOo
vazhno e da se uchstvuva!
Па да ... тоа е правило за олимпијадите важно е да се учествува .. ама сите би биле посреќни доколку некој покаже подобар резултат [:D]
Strelec Тоа правило дека е важно да се учествува важи за оние што не можат да освојат медал...:) и правилото се користи само за да се најде утеха во истото!:)
HaCkEr` May The Best Win's:)
sfetle eve utre plivachite mozda kje napravat neshto:)
kopacot Malenko 33(od 59)....spored kazuvanjata na dobro upatenite dosta dobar rezultat zemajki go vo predvid negovoto otsustvo od plivanjeto podolgo vreme i jakata konkurencija :)
dzadzev
quote:
Originally posted by kopacot
Malenko 33(od 59)....spored kazuvanjata na dobro upatenite dosta dobar rezultat zemajki go vo predvid negovoto otsustvo od plivanjeto podolgo vreme i jakata konkurencija :)
Маленко беше закон порано ... ама откако се ожени и доби ќерка престана со тренирање .. така да и ова не е лошо ... нека ни биде некоја сатисфакција тоа што барем победи во неговата група [;)]
OooOo Ne e samo shto prestana so treningot, nego pusheshe i cigari, a toa mnogu znachi od kondiciona gledna tochka. Sepak jas sum zadovolen od postignatiot uspeh. Peking 2008 da bide podobro!
Strelec
quote:
Originally posted by OooOo
...nego pusheshe i cigari!
Се согласувам со ОооОо... Цигари = ЃУБРЕ!
darkjesus koga ne se ogleduval na skopjani pa da propushi nesto drugo namesto cigari toa mu e:)))
kopacot
quote:
Originally posted by dzadzev
quote:
Originally posted by kopacot
Malenko 33(od 59)....spored kazuvanjata na dobro upatenite dosta dobar rezultat zemajki go vo predvid negovoto otsustvo od plivanjeto podolgo vreme i jakata konkurencija :)
Маленко беше закон порано ... ама откако се ожени и доби ќерка престана со тренирање .. така да и ова не е лошо ... нека ни биде некоја сатисфакција тоа што барем победи во неговата група [;)]
za zakon znam deka bese zakon poso go znam od ko sum roden....1 komsija mi beshe...pred 2-3 god go prodade stanot kaj mene :)) Peking ke naprajt parce.....
a-pin-dim Izgleda samo boracite ke ni donesat samo medal :o) A za peking parce da pravi ne mi se veruva :o)