Ваљда ќе им дое памет
Ваљда ќе им дое памет
fio Охрид скап и за странците Полупразни хотели, автокампови, мал број искористени кревети во приватното сместување, празни кафеани и разочарани угостители. Ова е туристичката слика од Охрид во првите денови на август, период кога градот вообичаено го достигнува туристичкиот зенит. Веќе следниве денови, според минатогодишните искуства, интересот на гостите за летување во најголемиот туристички центар нагло опаѓа. Во локалната самоуправа велат дека е рано за презентирање на официјалните податоци за јуни и за јули, но потврдуваат дека ова е една од најлошите туристички сезони во последниве години, а некои туристички работници ја оценија како катастрофална. Годинава летната сезона во Охрид стартуваше со раскопани улици, плоштад кој се уште се поплочува, нерегулиран сообраќај, а цените во хотелите, приватното сместување, рестораните, кафеаните и кафулињата се покажа дека се високи како за домашните гости, така и за странските туристи. Во зависност од сместувањето за една ноќ по лице требаше да се издвојат од 250 до1.250 денари, а во апартманите на некои хотели и до 3.000 денари. Некои кафеанџии деновиве дури ги зголемија цените на некои пијалаци и кафиња, обидувајќи се и со помалку гости да го обезбедат посакуваниот профит. ”Ова е само врвот на ледениот брег што се гледа, меѓутоа причините се многу подлабоки, особено не постоењето на развојна стратегија за охридскиот туризам. Охрид треба да се определи дали ќе развива масовен или елитен туризам”, вели сопственичката на една позната туристичка агенција. Бројот на гости летово се зголемуваше само за викендите. Ако за викендите летово во јули на крајбрежјето се собереа до 20 илјади гости, веќе следните денови нивната борјка се намалуваше на 10 илјади, а Охрид има капацитети да смести 30 илјади туристи. Луѓето доаѓаа на ден или два, а помладите и ако останеа, преспиваа по парковите или на хаубите на автомобилите во центарот на градот. Голем дел од сопствениците на викенд станови, кои ги има околу 4.500, во Охрид остануваа само на два дена, а потоа се обудуваа собите да ги издадат на други лица. Здравје следната година, ако продолжат со истиот менталитет и услуга, се надевам дека нема да им отиде ниту еден турист.
kopacot amin......raat kafe ke pieme :)
Pina
quote:
Originally posted by kopacot
amin......raat kafe ke pieme :)
Samo kafeto ke bide gorko, bez sheker.
The_Crow Sramota be namesto da si go afirmirame turizmot kaj nas site turisticki agencii prezentiraat aranzmani za vo Turcija, Grcija, Bugarija i Afrika. Ako ako taka mu treba na makedonskiot narod i toa sto go imavme da go nemame. Abe drzavata ni otide kamoli turizmot.
dashbog Ohrigani sami si se krivi(da imase kako i vodata od ezeroto ke ja naplakaa)a i i na vladata ne i trebase tva so rusenjeto (barem da pominese sezonata pa posle neka rusat). A i strancite ne se ludi da plakat 100 den ze eden sok.
OooOo Во Охрид затворени десетина угостителски објекти Пазарната инспекција денеска ќе затвори уште десетина угостителски објекти, откако во петокот затвори десетина заради непочитување на работното време и неиздавање на фискални сметки. Сопствениците на затворените локали поднеле жалби до Министерството за економија, но од Пазарната инспекција велат дека тоа нема да го одложи извршувањето на решенијата за затворање на објектите. Дел од затворените угостителските објекти лоцирани во центарот на градот вчера се уште работеле, иако, според законот, тие не смеат да работат 30 дена од денот на затворањето. - Екипа на Пазарната инспекција од Скопје на 10 и 11 овој месец спроведе контрола во 28 објекти, врз основа на Законот за заштитата на потрошувачите. На инспекторите им биле издадени фискални сметки само во два објекта. Но дел од нив продолжија да работат и по затворањето. Деновиве инспекцијата повторно ќе ги посети, со кривична пријава и со пломба за објектот. Ако повторно не се почитува одлуката, можна е и мерка притвор - вели Гоце Пачемски од Министерството за економија. Реакциите дека акцијата е спроведена во екот на туристичката сезона, во Министерството ги оценуваат како некоректни. - Во услови кога повеќе од половина објекти издаваат фискални сметки, тие што не издаваат претставуваат нелојална конкуренција - велат во Министерството.
OooOo Vakvite raboti me raduvaat ... ТЕЛЕФОНИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА СЕ РАСТУРИЈА ОД SВОНЕЊЕ Граѓаните станаа инспектори Во Министерството за економија имаат и по двесте јавувања дневно од граѓани од цела Македонија кои ги пријавуваат дуќаните што не се фискализирани. Јавувања имало и порано, но повиците посебно зачестиле, велат од Министерството, по започнатата акцијата на Пазаришната инспекција за пломбирање на дуќаните која трае повеќе од еден месец. Според Гоце Пачемски, портпарол на Министерството за економија, потрошувачите кои не добиле фискална сметка најчесто го вртат телефонскиот број на Министерството кој го добиваат од информации, испраќаат писма или директно одат во Министерството и ги информираат кои дуќанџии не го почитуваат Законот. Најмногу поплаки има од скопјани, но реагираат и жителите од другите градови во Македонија. Пачемски вели дека со помош од граѓаните точно знаат каде треба да се интервенира, што многу ја олеснува работата на инспекторите. "Најчесто со писмата што ги добиваме како докази, луѓето испраќаат и сметки што не се фискални или кои се без пресметан данок на додадена вредност", ни рече вчера Пачемски. Пазаришната инспекција вчера ги контролирала дуќаните во Кавадарци, по пријава на граѓани што Министерството за економија ја добило завчера. Со писмото од кавадарчани, вели Пачемски, како доказ добиле и нефискални сметки на кои ДДВ-то било нула денари, а не било наведено и името на продадениот производ. Чести пријави за неиздавање на фискални сметки од потрошувачи има и во Организацијата за заштита на потрошувачите на Македонија."Најчесто не прашуваат каде може да ги пријават дуќаните или ни раскажуваат што им се случило", велат од ОПМ. Од таму кажуваат дека најчесто ги преупатуваат на телефонскиот број 198 или им велат да се јават во Пазаришната инспекција. Со новиот Закон за трговија продавачите се обврзани веднаш до известувањето за работното време на дуќанот да го истакнат и бројот на Пазаришната инспекција. За повеќе од еден месец Пазаришната инспекција затворила над 200 дуќани низ цела Македонија. Продавниците се пломбираат во рок од 30 дена за да заштитат потрошувачите и им се пднесува прекршочна пријава за непочитување на законот за фискализација. (И.С.)