ПРОТЕСТот ВО СКОПЈЕ
ПРОТЕСТот ВО СКОПЈЕ
TAJCI74 [img]http://int.dnevnik.com.mk/izdanija/2525/8451.jpg[/img]ИНЦИДЕНТ НА ПРОТЕСТот ВО СКОПЈЕ Kај "Јаја паша" искршени глави и коли СДСМ и ДУИ ги отфрлаат обвинувањата дека тие стојат зад нападот на колоната ВМРО-ДПМНЕ вчера остро ги обвини СДСМ и ДУИ, но и МВР дека договориле "мрачно сценарио и класична заседа" во која кај "Јаја-паша" во Скопје биле нападнати граѓани кои прексиноќа протестираа против новата поделба на општините. Најголемата опозициска партија тврди дека зад нападот, во кој биле повредени четворица лица и оштетени повеќе возила, стојат поранешни команданти на УЧК. - Педесетина лица прво со контејнери ја попречија колоната, а потоа со камења, палки и летви ја нападнаа колоната. Неколку автомобили се искршени, а на неколку граѓани беа со раскрвавени глави. Нападнати беа дури и возилата на лидерот Никола Груевски, на потпретседателката Ганка Самоиловска - Цветанова и на Стојан Андов. Кај трговскиот центар "Мавровка" со нож беше нападнат еден учесник во колоната - изјави вчера Александар Бичиклиски, заменик-портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ја обвини полицијата дека намерно не поставила обезбедување и дека со тоа станала соучесник во сценариото. - Кога побаравме помош од еден полицаец Албанец тој ни одговори: "Што барате тука, одете во вашиот дел од градот". Друг полицаец пред "Мавровка" ни рече : "Јас ништо не видов". Двете полициски возила што ја предводеа колоната не напуштија кога напаѓачите не раздвоија од нив со поставените контејнери - истакна Бичиклиски. МВР вчера соопшти дека колоната од стотина возила околу 19.15 часот го запрела движењето на улицата Цветан Димов, на семафорите кај "Јаја-паша" и Бит- пазар, бидејќи патот бил блокиран со контејнер. Тогаш дошло до 15-минутна расправија меѓу протестантите и населението што ја блокирало улицата. По интервенцијата на полицијата која спречила поголем инцидент, контејнерот бил отстранет и колоната го продолжила патот. МВР наведува дека на булеварот Гоце Делчев, кај стоковна куќа "Мост" еден автомобил бил удрен со тврд предмет, а оштетувањето го забележал еден полицаец од обезбедувањето. Полицаецот му рекол на сопственикот на оштетената"застава" да го пријави оштетувањето, но тој одбил да го стори тоа. МВР соопшти дека конвојот кусо време се задржал пред зградата на Владата, каде што од групата бил фрлен камен и бил искршен еден прозорец на првиот кат од зградата. Министерството тврди дека не биле пријавени повредени лица или други оштетени возила. Портпаролот на СДСМ Борис Кондарко вчера изјави дека обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ се "глупост". - Тоа што го зборува опозицијата се многу опасни работи. Таквите изјави провоцираат немили настани. Ги повикувам да престанат и да се вразумат - рече тој. Хисни Шаќири од ДУИ изјави дека "не верува дека нивни активисти го предизвикале овој инцидент".
TAJCI74 [img]http://int.dnevnik.com.mk/izdanija/2525/8455.jpg[/img] Мнозинството граѓани против новите општини Речиси две третини, односно 72,9 отсто од анкетираните граѓани не се согласуваат со новата територијална организација на земјата, покажало неодамнешното истражување на Институтот за социолошко и политичко правни истражувања во Скопје. Против новата општинска карта се главно Македонци. За разлика од нив, кај Албанците е регистрирано позитивно расположение за територијалната поделба. Анкетата била спроведена од 23 до 29 јули годинава на 1.200 граѓани од земјава. Мнозинство граѓани сметаат дека предлогот за нова територијална организација требале да го дадат самите единици на локалната самоуправа, а не Владата. Дури 84 проценти од граѓаните сметаат дека клучниот критериум за новите општини требало да биде успешно спроведување на пренесените надлежности, а не етничкиот принцип. Триесет проценти од македонските државјани се изјасниле дека одлуката за новата територијална организација треба да ја донесе Собранието (64,2 биле Албанци и 17,2 Македонци), додека 18,6 сметаат дека тоа треба да бидат советите на засегнатите општини. Две третини од граѓаните сметаат дека децентрализацијата, пренесувањето на надлежностите од централната на локалната власт, не требало да се разгледува во пакет со новата територијалната поделба.
dejan Zhalno, svoi narod mora da se bori protiv svoja drzhava:(((((
Ceki Welcome to Macedonia ... Everything is possible in Macedonia ...
TAJCI74 zalosno e no mora ako narodot ne protestira mav e planot otidovme jabana...
HaCkEr` Welcome to Hotel Macedonia - You can chek any time you like.. but you can never leave..:)
zArE Hacker za precedatel :)))))))))
Pina
quote:
Originally posted by HaCkEr`
Welcome to Hotel Macedonia - You can chek any time you like.. but you can never leave..:)
It is: You can CHECK OUT any time you like....
sinner` ova go nema nikade, ste slushnale za vakvo neshto vo druga drzava???
NARCIS` go ima u irak
HaCkEr` ne.. i u zimbabve..
TAJCI74
quote:
Originally posted by HaCkEr`
ne.. i u zimbabve..
bogami nikade go nema...
dejan Dali ste slusnale vo nekoja zemja, vo glavniot grad da ima dva jazici? ludaci