TAJCI74 |
ВО СЕЛОТО ЉУБОЈНО, ПРЕСПА
Телохранители на битолскиот градоначалник претепале Македонец од Чикаго
Од тепањето на момчето му е пукната десната подлактица, целосно му се набиени бубрезите од кои се уште крвави, има контузии на главата и шест дена крвави од носот
Браќата Александар и Лазе Нечкови од Битола крвнички го претепале 18-годишниот Александар Струмениковски од Чикаго пред очите на полицаец. Тепањето се случило на 2 август во 23 часот во преспанското село Љубојно, за време на одржувањето на 31. Љубански иселенички средби. Таткото на момчето, 50-годишниот Бошко Струмениковски повратник од Америка, тврди дека иако син му бил претепан пред очите на полицаец и по една недела полицијата од Ресен не составила записник.
Браќата Александар и Лазе Нечкови од Битола ја стопанисуваат дискотеката во селото Љубојно. Александар е личен телохранител и возач на битолскиот градоначалник д-р Златко Вршковски.
Струмениковски има тешки телесни повреди по целото тело и веќе една недела крвави од носот. Таткото раскажува како се случил инцидентот:
- Син ми Александар за Илинден отиде да се види со баба си и со другарите во моето родно село Долно Дупени. Околу 23 часот отишол во летната бавча на поранешниот воен објект во селото Љубојно, која сега е летна дискотека. Седнал на шанкот и се напил две или три пијачки со својот другар од Шведска. Потоа станал и тргнал кон масата каде што седеле брат му Филип и други другари од Преспа, но случајно се сопнал и се задржал на масата, па седнал на една празна столица. Веднаш му притрчал еден од браќата Нечкови, го фатил за јаката го фрлил во цвеќињата и џбуновите во летната бавча и почнал да го тепа со шлаканици и со тупаници. Син ми гласно го замолил да не го тепа оти не е пијан, туку случајно се сопнал и не направил никаков инцидент. Разлутениот кафеанџија продолжил уште посилно да го удира со тупаници. Александар, кој во Чикаго учеше и боречки вештини, за да се одбрани го фатил сопственикот за половината и без да го удира го легнал на земја уште еднаш замолувајќи го да престане да го тепа.
По тој инцидент Александар со својот брат Филип и со другарите сакале да си одат.
- Но, на излезот од дискотеката пред очите на еден дежурен полицаец од Битола, браќата Нечкови повторно го фатиле момчето. Тие го легнале на асфалт при што едниот го држел, а другиот качен врз него го гмечел со нозете, го удирал со тупаници и клоци по целото тело и по главата. Другарите се обиделе да го одбранат, но полицаецот им рекол: "Не се мешајте и тргнете на страна" - тврди таткото Струмениковски.
Потоа Александар со такси бил префрлен во битолската болница каде што лекарите констатирале дека има пукната подлактица на десната рака, целосно набиени бубрези од кои се уште крвави, набиена десна нога, контузии на главата, веќе шест дена крвави од носот и има страшни главоболки.
Таткото денеска ќе ангажира адвокат и ќе поведе приватна истрага. Таткото бара прием кај министерот за внатрешни работи Силјан Аврамовски за лично да го запознае како преспанската полициска мафија ги тепа сопствените деца. |
TAJCI74 |
vo pravo si thunder koga jas ova go procitav ednostavno shok me mana ova ne e covecko neznam lugeto sto mislat ,dali tie sto go pretepaja deteto mislele prvo so pravat, dali mislele deka ke dojdi do vakvo telesno povreduvanje dali toj policaecot mirno ke spie zarem nema decina kako bi mu bilo da nekoj istoto mu go napravi na nivnite deca!!!
Dali se gordi sto edno 18 godisno momce-Александар Струмениковски - zavrse vo bolnica so teski telesni povredi puknata desna podlaktica, celosno mu se nabieni bubrezite od koi seuste krvari, kontuzii na glavata i veke 6-7 den krvari niz nosot isto taka koi ima golemi glavobolki,itn, koe dete ne se znae so ke bide DALI toa sega mu pricinuva golemo zadovolstvo na policaecot i na Александар и Лазе Нечкови од Битола !!!!!
cisto da sum bila na mestoto na tatkoto na ova zlatno dete jas bi ve shutala !!!za vas koj nemate ni tronka custvo koi krvnicki napagate i plus policaec za mene ste krvolocni zivotni!!!
Go molam gospod da stavi raka na Александар Струмениковски da mu dade sila da gi prebrodi site teskotii da bide zdrav i ziv !!! |