Barakovski i makedonski imigraciski sluzbi
Barakovski i makedonski imigraciski sluzbi
AaaAa Непријатност на еден од учесниците на „Охридско лето“ Виолинстот Бараковски вратен од скопскиот аеродром Русинот Бараковски вратен во Германија затоа што немал виза за влегување во Македонија Антон Бараковски Завчера од аеродромот во Скопје, веднаш по слетувањето, со истиот авион со кој дошол бил вратен назад во Германија познатиот виолинист Антон Бараковски од Русија поради немање виза. Виолинистот Бараковски, кој треба да настапи вечерва на ?Охридско лето", ги заборавил сите непријатности и се согласил повторно од Германија да се врати во Македонија. Македонските власти треба да истражат кој е виновникот за овој голем скандал и во најмала рака да му се извинат на големиот уметник, без разлика на тоа дали имал, кој и како требал да му издаде виза за влез во Македонија. ?Спрема светски познатиот виолинист Антон Бараковски не би требало така да се однесуваат зашто оние што го вратиле од аеродромот во Скопје барем требало да ја видат поканата за учество на ?Охридско лето" или да се јават во дирекцијата. Тоа ќе беше доволно за да се избегне скандалот, но ние бевме немоќни, бидејќи од јавувањето поминаа само 15 минути, а Бараковски со истиот авион е вратен во Германија?, вели претседателот на Управниот одбор и музички селектор на ?Охридско лето", композиторот Ристо Аврамоски. ?Бараковски прифати повторно да дојде во Македонија, потег што јас лично не би го направил, но затоа веројатно одлучиле неговиот однос спрема ?Охридско лето", младоста и желбата да дојде во Охрид", вели Аврамоски, очекувајќи дека ќе се најдат виновниците за скандалот и дека некој треба да му се извини на уметникот. Во Министерството за надворешни работи велат дека на гостите што се поканети на културни, спортски и други манифестации им е овозможено, доколку во матичната земја немаат или не постои македонско дипломатско- конзуларно претставништво, евентуалните визи да им бидат издавани на граничниот премин. Министерството за внатрешни работи потврди дека настанот со Бараковски навистина се случил и дека тој е вратен во Германија поради непоседување виза неопходна за престој во државава. Младиот Антон Бараковски е еден од водечките светски музичари во неговата генерација. Освоил награди на повеќе меѓународни натпревари. Последните три години работи со Државната филхармонија од Хамбург. Настапувал на многу сцени во Европа, САД и Азија. (С.И.) I posle amerikancive bile idioti ...ete zoshto sme siromasni i nepoznati (odgovor na protivpropaganda):)
OooOo koj go e*e ... ne sme nie banana republika pa samo so pokana da doagja. VIZA treba da se ima bre [:D]
AaaAa
quote:
Originally posted by OooOo
koj go e*e ... ne sme nie banana republika pa samo so pokana da doagja. VIZA treba da se ima bre [:D]
sekako, so toa shto se raboti za svetski poznat umetnik mozele slobodno
quote:
Во Министерството за надворешни работи велат дека на гостите што се поканети на културни, спортски и други манифестации им е овозможено, доколку во матичната земја немаат или не постои македонско дипломатско- конзуларно претставништво, евентуалните визи да им бидат издавани на граничниот премин
Homer MakeDonski
quote:
Originally posted by OooOo
koj go e*e ... ne sme nie banana republika pa samo so pokana da doagja. VIZA treba da se ima bre [:D]
Море треба и да моли за да влезе независно дали имал виза Па не е тој од Гегите па да влезува во Македонија како сака и кога сака .[:D]
Sunshine So toa shto vika deka eventualnite vizi kje bidat dadeni na granica dokolku nema ili nepostoi makedonsko diplomatko konzularno prestavnishtvo od kade shto doagjaat. Jas ne gledam nikakov skandal so toa shto go vratile. Negov problem shto e svetski poznat, kaj trgnal bez viza.
Strelec Не знам дали требало да го пуштат, но претпоставувам дека ако не беше овој ’скандал’ јас никогаш немаше да чујам за тој ’познат’ руски виолинст Бараковски.:( На човекот можеби ова му е тактика за да се афирмира во светот. Оди демек без виза, па го враќаат од граница, па се случува скандал, па го има во весници... итн.:)))