Osvrt
Osvrt
ozonce (Се извинувам доколку јазикот на кој е пишуван овој текст е преостар) Само 80-тина пратеници сакаат Македонија да ја видат во ЕУ и НАТО, останатите пратеници и граѓани на Македонија тоа не го сакаат. Вака велат пратениците од владината коалиција. Следејќи ги седниците на Парламентот (испуштајќи два дена шопинг за свадбата на братучед ми во недела) дојдов до овој заклучок, дека само пратениците од владината коалиција сакаат Македонија да ја видат во ЕУ и НАТО. Во десегашната расправа, само 5 говори беа нормални, другите беа лекции за собирање на политички поени од политичките учебници, и тоа не од меѓународните, туку од нашите, домашните. Говорите на Тито Петковски (СДСМ), Лилјана Поповска(ЛДП), Трифун Коствоски (НЕЗАВИСЕН ПРАТЕНИК), Горѓи Трендафилов (ВМРО – ДПМНЕ) и претседателот на Демократската партија на Турците во Македонија, не му го запамтив името беа говори кои ја претставуваат вистинската ситуација во Македонија, дека овој закон е штетен. Додека останатите пратеници зборуваат дека овој пакет на закони е добар или лош, овие луѓе кажаа зошто ова не е добро. Факт е дека со оваа, и јас нема да ја наречам територијална организација, туку поделба е направена меѓу ДУИ и СДСМ со цел тивка федерализација на Македонија. Самите Албанци се изјаснија дека ја сакаат Македонија како што е сега Швајцарија, а што е Швајцарија? Федерална држава, која е сочинета од Германска, Француска, и Италијанска Швајцарија. Додека вчерашните гомна (Кондарко, Макрадули, Иваносвки, Жереновски...) и довчерашните овчари по планините на Западна Македонија не убедуваат дека со ова ќе одиме во ЕУ и НАТО, старите волци во политиката се исклучени или оставени сами на себе. Слујашќи го Ивановски од СДСМ кој нема повеќе од 30 години, сватив дека сум глуп (на прв поглед). Откако добро размислив сватив дека тие така сакаат да мисилиме дека сме глупи и верувајте народот веќе незнае што да мисли. Едно се прашувам, што размислуваше Тито Петковски кога овој мочко зборуваше од редот позади него?! Зарем ова дете да ни кажува што е добро, а што не е? Не можам да ги разберам, зошто го туркаат ова кога знаат дека ќе удрат в ѕид. Ме зауди говорот на Розе Топузова Кареска од Прилеп. Пред да почне расправата по пакетот закони, беше во Неготино и имавме јавна дебата, на која самата кажа дека ова не е добро или во најлош случај никако не може да се сложи со организацијата на Струга. Денес има друг став, со што го смени моето мислење за неа, како пратеник и како принципиелна личност. Говорот на Тито Петковски кој јавно не го поддржа овој закон имаше нешто многу силно, а тоа беше албанците да се декларираат прво како Македонци, а потоа дека пришпаѓаат на етничка заедница, тогаш Македонија ќе биде држава каква што сите ја сакаме. Наспроти тоа мултиетничноста на Македонија се претвара во бинационална држава, држава на Македонците и Албанците, што понатаму, според него постои страв од федерализација. А каде се другите 26 заедници кои живеат во Македонија? Па кога овој стар волк во политиката, кој заедно со Киро Глигоров и Горѓи Трендафилов ги ценам најмногу, го кажа ова, тогаш нема потреба од сомневање дали Македонија нема остане ваква каква што е!!! Според мене престојниот референдум, кој иако е подложен на опструкции мислам дека ќе се одржи и нема да ја врати Македонија назад, туку Македонија назад ја враќаат политичките партии и тоа прво СДСМ од 94-98, потоа ВМРО ДПМНЕ од 98-02 и сега повторно СДСМ заедно со албанските партии. Доколку народот во Македонија, или со бројки над 2 000 000 Македонци го сакаат тој чекор назад тогаш тоа нека биде така!. Зошто само 80 глупави пратеници да ја водат Македонија во ЕУ?! Зошто сите ние не ја водиме оваа Македонија во ЕУ?! До кога некој мочко ќе решава за тоа што јас сакам, до кога ќе го немам правото да кажам што мислам, дали сум ЗА или ПРОТИВ?! Има многу срамни, смешни, тажни работи, кои наште законодавци ги прават, негираат... Се изјаснуваат за Македонци, а ги немаше на прославата на Илинден, ги немаше на прославата на Пелинце. НЕ тие НЕ се Македонци, туку инструментализирани марионети кои се таму само да го стискаат копчето ЗА или ПРОТИВ. Верувајте веќе сум изморен од тоа што сум Македонец! Сите се повикуваат дека претсавници на меѓународната заедница рекле дека ова мора да биде така, да тоа е точно ова децентрализација мора да се случи тоа што поскоро, но нив не ги интересира како политичките партии ќе се договорат за овие закони. Нив им е битно тоа да биде брзо и ефикасно, само тоа им е битно, а не дали некоја рурална средина ќе се припои кон некоја урбана или обратно. Можеби сите треба да бидиме големи националисти, како Трендафилов, кој на говорницата јавно го кажа тоа дека е националист, па да се слуша нашиот збор и еднаш за секогаш Македонија да биде модерна држава. Еден апел до тие што се во Македонија и ќе гласаат на следните избори, внимавајте за кого гласате, она дека иднината и работата ја оставаме на младите да не го примениме пак, бидејќи токму со тој камен не маваат денешните вчерашни гомна од собраниската говорница. Прво тоа е лична навреда за мене како Македонец, навреда за Македонија и воопшто за сите Македонци! ЕДНАШ ДА СЕ СЛУШНЕ ГЛАСОТ НА НАРОДОТ... И во моментот кога ги проверував грешките во овој текст се собраа нашите мочковци и го изгласаа и тоа замислете со 61 ЗА и 7 ПРОТИВ (во отсуство на опозицијата). Погледенете ја инструментализираноста на нашиот законодаваен дом!!!!
dejan Mnogu citanje za mene:p AMA EU mora po seriozno da ne zeme sega, sve primivme vo Ohrid Agreement, mora, drzhavata im gi plukna grobovite na ljude kako goce delchev i dame gruev........neka prekinat da kazuvat nekoi golemi zborovi kako nie sme na praviot ama dolgiot pat kon EU integracija.