Миле Стојкоски е пред портите на Атина |
OooOo |
Neznaev kaj da go stavam ovoj topik, pa se odluchiv da bide tuka ...
Подвиг на прилепчанец кој со инвалидска количка изминува 704 км
Миле Стојкоски е пред портите на Атина
За патешествието на Стојкоски биле заинтересирани повеќе локални печатени и електронски медиуми во Грција
Миле Стојкоски: успех повреден и од златен олимписки медал
Вчера околу 14,20 часот инвалидизираниот прилепчанец, триесет И деветгодишниот Миле Стојкоски, кој на 25 јули од Прилеп тргна на пат кон Атина, се наоѓаше на 60 километри оддалеченост од грчката престолнина. Во телефонскиот разговор Стојкоски изјави дека се чувствува одлично и дека во досега изминатите 647 километри со инвалидска количка го служело времето И немал никакви непредвидени проблеми и непријатности.
Во целото досегашно патешествие од две недели, според Стојкоски, тој и неговата екипа во која се наоѓаат лекар, тренер и неговата тринаесетгодишна ќерка, имале еден подолг одмор од два дена. Екипата била почестена со одмор во грчкото туристичко место Камена Вурла, кое се наоѓа на 175 километри од Атина. Вчудовидени од идејата и упорноста на Стојкоски да измине толкав пат во инвалидска количка, домаќините од Камена Вурла на храбриот прилепчанец и неговата придружба им овозможиле бесплатен дводневен одмор.
?На сличен начин, својата гостопримливост ни ја покажуваат и другите луѓе со кои се среќавме доколку имаме потреба од некаква услуга. Истото ни се случи и на граница од каде што добивме полициска придружба која на патот до Атина ќе биде со нас", ни изјави Стојкоски.
Покрај гостопримливоста на Грците, голем број локални телевизиски и печатени медиуми одвоиле простор во своите програми и страници да пишуваат за патешествието на Стојкоски. За храбриот прилепчанец се заинтересирала и Мексиканската национална телевизиска куќа. Со нивната екипа, како што ни рече Стојкоски, се сретнале на автопатот и оттаму направиле неколкуминутен разговор кој ќе биде емитуван како посебен прилог заедно со сите занимливости што ќе се прикажуваат во Мексико како дел од Олимпијадата.
Во текот на преостанатиот пат од околу шеесетина километри, екипата на Стојкоски, како и досега ќе паузира само за ноќевање. Стојкоски дневно минува по 40 километри, со исклучок на еден ден кога екипата минала 72 километри, кога имале мал проблем околу изнаоѓање место за преспивање. Сепак, тие продолжиле понатаму, а за такви непредвидени ситуации прилепчаните имаат доволно резерви храна и еден шатор.
Стојкоски нў информира дека ги изминува последните километри кон Атина и дека се надева оти најмалку два часа пред официјалното отворање на ЛОИ ќе влезе во стадионот каде што ќе се одржува свечената церемонија.
?Ветено ни е дека на 20 километри од Атина нашето пристигнување ќе биде и медиумски проследено, како и нашето влегување на стадионот. Потоа очекуваме и специјален поздрав за подвигот на мојата екипа, за што лобира нашиот амбасадор во Грција, Благоја Ханџиски и Македонскиот олимписки комитет. Колку што сум информиран, за мене и мојата придружба во церемонијалната ноќ ни е обезбедено и посебно место", ни рече Стојкоски. Со тој чин, како што вели храбриот прилепчанец, ќе се исполни неговата желба да се покаже на целиот свет дека и инвалидизираните лица се еднаков дел од општеството, како и другите, што беше и поттик Стојкоски да тргне на оваа неверојатна авантура долга 704 километри.
Sepak Makedonskite TV stanici povekje vnimanie obrnuvaat na politikata nego na nekoj vakov golem nastan. |
StormAngel |
Cestitki. |
OooOo |
Миле Стојкоски пристигна во Атина
38 годишниот Миле Стојкоски кој со својата инвалидска количка пред 18 дена од Прилеп тргна за Атина, веќе е пред портите на олимпискиот град. По поминатите 704 километри пат, тој ќе учествува на отворањето на олимпијадата со апел за разбирање.
„Се наоѓаме на 20 километри од центарот на Атина во комплекс ресторани на Мекдоналдс. Во текот на денот тука ќе се одмориме, и очекуваме посета на телевизиските екипи од Атина. Нашето патување ние овозможено благодарение на МОК и нашата амбасада во Атина и г-дин амбасадор Ханџиски. Во текот на патувањето немавме никакви потешкотии и наидовме на добар прием од населението. Цело време бевме придружувани од полицијата и така ќе биде и утре при нашето патување до стадионот. Обезбедивме влез во стадионот она што е желба на секој кој учествува“, изјави Миле Стојкоски.
|
OooOo |
Macedonian Makes Goodwill Trip For Handicapped
August 11, 2004 By Chris M. Purdef
On July 25, 2004 Macedonian Mile Stojkoski left his home in Prilep on a journey of 704 kilometers to Athens, Greece in hopes of making the opening ceremonies for the Summer Olympics. With all things considered, what is most interesting about this trip is not the length of his travel to Athens, nor the fact that he is traveling to the Olympics, rather the most fascinating aspect of this journey is his means of transportation: a wheel chair. Having been paralyzed in car accident a few years back, Stojkoski has recently made it his mission to raise awareness about physical disabilities in the Balkans and he believes that the Olympic venue on route to Athens is the best place to do so.
Accompanied by a caravan loaded with his thirteen-year-old daughter, his trainer, his doctor, and a handful International Press onlookers, Stojkoski believes that Greeks will help champion this important cause when he arrives in Athens, "With this trip, I would like to swing a little bit of the public attention to those individuals have special needs, those of us who are marginalized in our society. My intentions are to show the public that we exist."
But this journey also has personal significance to Mile; he plans raising contributions in order to continue public awareness for the handicapped in the Balkans. Moreover, there have also been unconfirmed reports that many private entities in Macedonia have promised personal donations for Mile himself who stated he would use the generous gifts to travel to Germany where he would have crucial surgery and rehabilitation to try and regain some motion in his legs.
But prominently, Mile's mission at the moment is to finish his journey and, along the way, maintain scheduled meetings with local Greek Associations for Individuals with special needs to give testimony about his campaign to bring both Greece and Macedonia closer together in hopes of lobbying both governments to do more for these citizens.
In a way, Mile Stojkoski' trip is also emblematic of his homelands’ struggle to make it in international politics, in many ways itself handicapped by lack of ethnic minority cooperation, corruption, political inexperience, and the blatant aggression in 2001 by Kosovar Albanians. While his journey, indicative of that of Macedonia’s to reach the promise land of the European Union, is rivaled only by the subtle irony that his struggle to reach the finish line at the most popular international games, is hosted by a nation that has rebuffed International recognition of his nation’s name, and where sadly, athletes from Macedonia will be competing under the makeshift banner FYROM. A suffix meaning Former Yugoslav Republic of Macedonia, forced upon Macedonia as a temporary name to be used by Macedonia within the UN structures, after Greece’s diplomatic assault against this tiny republic in the United Nations in 1994. *
So far in his journey, only stopping at night to rest, this strong willed Macedonian has reached the 647-kilometer mark, where he has happily reported that locals have welcomed his journey with curiosity and goodwill. He has also been given word that when he reaches the final twenty kilometers of his trip, the Macedonian Ambassador to Greece has organized a press “marathon” to follow him to the finish line where Greek ceremony officials have a surprise waiting, “I have been informed that my crew and I will be reserved a special spot on the opening ceremonies,” stated the humble Stojkoski. Regardless of what comes after the finish line, Mile Stojkoski has already reserve a special spot in our heart and soul.
|
OooOo |
За Миле немаше местона атинскиот стадион
Отворањето на Игрите го гледав на телевизија во ресторан, вели инвалидот Миле Стојкоски
По поминати 704 километри во инвалидска количка, наместо да присуствува на свеченото отворање на 28 летни олимписки игри во петокот во Атина, Миле Стојкоски големиот спектакл го следел на телевизија во еден ресторан во близина на Олимпискиот стадион.
- Непријатно е чувството да се мине толкав пат, да се биде на чекор до стадионот и на крајот да не може да се влезе таму. Не присуствував на отворањето бидејќи картите одамна биле продадени, а пред стадионот имаше силно обезбедување.
Отворањето го следев на телевизија и го гледав огнометот, кој беше спектакуларен. Сместен сум во апартман што го обезбеди грчката фирма "Елпида". Тука ќе останам до петок, а потоа се враќам за Македонија - вели Стојкоски.
И покрај напорите на македонската амбасада и на домаќините да му обезбедат влез на Стојкоски на стадионот, поради задоцнетото барање и големите мерки на безбедност, тие не успеале во својата намера. Стојкоски ќе го искористи престојот во Атина да се сретне со мултимилијардерот и најбогат човек на планетава, Американецот Бил Гејтс, кому ќе му ја подари количката со која патуваше 20 дена од Прилеп до Атина.
- По патот стекнав многу пријатели, кои прават да се чувствувам богат и рамноправен со најбогатиот човек на светот - вели Миле. Тој вчера замина кон пристаништето Пиреја, каде што е закотвена јахтата на Бил Гејтс, со надеж дека преку луѓе од неговото обезбедување ќе може да закаже средба со мултимилијардерот.
Стојкоски се надева на помош од македонската амбасада во Атина и од Македонскиот олимписки комитет. Тие за вторник, за време на отворањето на Балканскиот олимписки центар, ќе организираат прес-конференција на која пред светските медиуми ќе го претстават големиот подвиг на Стојкоски.
Триесет и осумгодишниот Миле пред осум години доживеал тешка сообраќајна несреќа, по која останал врзан за инвалидската количка. |
a-pin-dim |
Sram za Grcija .... |
pr1nc |
sram za makedonija i organizatorite
taka se odelo na takov nastan
bez bilet..
ko u kino da odis ebago.pa ke go pustat i bez karti..
aj Pozdrav. |