OooOo |
Грчки бродови испуштиле нафта во албанското крајбрежје
Неколку грчки бродови во петок вечерта во водите на Јонско Море испуштиле неколку десетици тони нафта и мазут, а потоа ги напуштиле албанските територијални води, тврдат албанските медиуми.
Албанскиот печат пишува дека плажите од Саранда до Хумара сега се празни, а експерти го мерат степенот на загаденост на водата. Во Саранда пристигнал и албанскиот министер за заштита на животна средина, а три брода на Воената морнарица патролираат во Јонско Море. Албанските медиуми оценуваат дека ова било намерно и има цел да ги избрка странските туристи од албанското крајбрежје.
Албанските медиуми тврдат дека во изминатите неколку години Грција постојано се обидува да го загади албанскиот брег, а грчките телевизии пред почетокот на летната сезона емитуваат снимки од немирите во Албанија во 1997 година за да ги спречат странските туристи летниот одмор да го поминат во Албанија. (В.Т.) |
OooOo |
Покрената истрага за еко-бомбата во Јонско море
16.08.2004 Албанското Јавно обвинитество денеска покрена истрага против непознат сторител во врска со загадувањето на крајбрежните води во јужна Албанија, што според албанските еколози и медиуми, го предизвикале грчки танкери.
Повеќе младински и студентски организации протестираа денеска пред грчката Амбасада во Тирана, апелирајќи до албанската Влада да ги засили контролите во своите територијални води и да го спречи натамошното загадување на албанското крајбрежје.
Според гласилата, загадувањето го предизвикуваат грчки танкери што испуштаат нафта. Печатот смета дека загадувањето се врши со „предумисла“ и оти иницијатори се „одредени туристички агенции што се поврзани со капетаните на товарните бродови, сакајќи преку тоа да издејствуваат намалување на бројот на туристите на јужното албанско крајбрејже“
Албанските медиуми, како што јавува Макфакс, пишуваат дека најпогодени од „еколошката бомба“ се јужните албански летувалишта Валона, Саранда и Химара, кои се соочени со вистинска еколошка катастрофа
|