Kumanovo |
Ded0_MraZoT |
Ajde kumanovci na forumof ostavejte nekoi informacii za vashiot grad...3 e po golemina vo makedonija...a nema nishto za nego |
ozonce |
Mima :) |
n/a |
Topikot e ludnica samo sto kumanovo e staven na BlackListata na macedonia izgleda zatoa ne smeat da pisuvaat za kumanovo :P |
Ded0_MraZoT |
Hmmm abre ako e staven na blecklistata na mirc ne znachi deka ne smeat da pishuvaat na forumof(barem jas taka si mislam)...dajte nekoj informacii za gradot ajde... |
n/a |
Dobro de aj jas ke najdam nekoi informacii ke go sredanm toa da vidite so e grad |
Ded0_MraZoT |
Abe kumanovo da bshe grad do sega ofoj post trebashe da gore :o) |
a-pin-dim |
quote: Originally posted by Ded0_MraZoT
Abe kumanovo da bshe grad do sega ofoj post trebashe da gore :o)
Grealo e nekad vise nije :o) |
n/a |
Nikogas ne e gorelo nema ni da gori :) |
cile |
Eve od mene mal pridones za da pocne da gori !!![:D] |
n/a |
:))) |
a-pin-dim |
dajte be nekoj kumanofki ili da odam po Medecinata i da gi slika site kumanovki :o) |
cile |
Lele kolku e interesno na topikov !!! [:D] |
cile |
E moram da vi kazam nesto, komunicirav vecerva so nekoj luge od Kumanovo preku internetov i pokraj drugoto im go prativ linkot da si kazat sto imaat za nivniot grad na topicov i nieden ne najde za shodno da napise zbor dva za svojot grad.Krajno sum razocaran od nivniot ignoranten odnos pa jas za Skopje na nekoj oci ke mu izvadam.Ali toa e sto e, pa ako oni (Kumanovci) ne se sekiraat i nemaat sto da kazat sto pa nie se zamarame.
[8D] |
The`bItCh |
sve je moguche;))))))) |
n/a |
Eve eden kumanovec na forumot. Nema kumanovci verojatno za toa sto ne go znaat forumot.
Dokolku ste seuste zainteresirani da cuete nesto za najgolemata opstina vo Makedonija - Kumanovo, kazete.
(едитирано од администратор)
Pozdrav do site |
DonVito |
a kako e u kumanovo ? jas nikad ne sum bil |
AlF0t |
Куманово се наоѓа на североисточниот, дел на Република Македонија на надморска височина од 340 метри распространето од двете страни на реките Липковка и Којнарка. Првите изворни податоци за населбата Куманово се споменуваат во 1519 год, од патеписните дефтери во архивот на Република Турција во Истанбул со 52 семејства и околу 300 жители.
Најопширни и најзначајни податоци дава Евлија Челебија во 1660 година кој напишал:
"Населбата Куманово се наоѓа на територијата на Скопскиот санџак и претставува еден војводлак. Градот е украсен со многу реки, закитен со 600 куќи, покриени со керамиди. Џамијата што се наоѓа во чаршијата, е убава, тука има теќе, медреса, амам, доволен број лродавници и воденици а климата е добра и пријатна. Лозја и градини има многу".
Градската населба, административен центар на нахијата, Куманово станува при крајот на XVI или почетокот на XVII век. По бурните настани (Карпошово востание во 1689 год.) настанува стагнација на градот, и тој се до крајот на XVIII век претставува типична турска касаба.
Стопански развој градот доживува дури при крајот на XIX век (земјоделие, занаетчиство и трговија) но во стопанскиот развој нема значаен подем на индустријата се до крајот на втората светска војна, По 1945 година Куманово доживува брз стопански, административен и културен развој. Тој денеска е современ град, со околу 100.000 жители.
Заради богатата историја на градот и неговата околина, во него постојат голем број културно-историски споменици. Тие датираат од праисторија до денес.
Најстарите локалитети се:
Населени комплекси, Костоперска Карпа, бронзено добскиот локалитет Градиште кај селото Пелинце, неолитскиот локалитет село Младо Нагоричане, железнодобскиот тумулус Гробље (село Војник), римската некропола "Дрезга" (село Лопате), римската населба Vicianus село (Клечовце) и други
Од средновековните сакрални споменици со уметнички вреден византиско фреско-живопис позначајни се: Црквата "Св. Георги" (Старо Нагоричане) изградена 1071 година, а обновена 1313/18 година и црквата "Успение на Богородица" (с.Матејче) од 1356/60 год.
Од поново време познати се манастирот "Карпино" во близина на с. Сув Ора посветен на Воведението на пресвета Богородица, XVI век, црквата "Св. Петка" во . село Младо Нагоричане од XVII еек, "Ески џамија", 1751 година, црквата "Св. Никола", црквата "Св. Тројца" како и манастирот во село Градиште
За најстар објект во Куманово со јавна функција се смета старата "Ески" џамија подигната 1751 год. што се наоѓала во тогашното турско Орта бунар маало, подигната од Татар Саид бег.
За потребите на турската власт во непосредна близина на "Ески" џамијата била подигната зградата Уќумат(конак) каде што бил сместен кадијата и останатите судски и полициски органи.Во него заседавал меџлисот(срески одбор), а зданието било подигнато во 1880год., на местото каде што бил конак.
По овој објект и улицата се викала Уќумат-сокаги(сегашна ул. 11 Октомври)
Црквата "Св. Никола", дело на Андреја Дамјанов, обиколена со раскошни тремови, богат ентериер со раскошни галерии,иконостас и црковен мебел. Нетписот под патронската ниша над јужниот влез во наосот говори за подигање на црквата во 1851 година. на местото на постара црква(чиј патрон исто така бил Свети Никола)во тогаш познатото Варош маало.
Црква "Св. Троица"
Црквата "Св. Троица" е најмлад јавен верски објект изградена 1902 година. Оваа црква е производ од црковните борби на крајот на XIX век по иницијатива на приврзаниците на Патријаршијата.Подигната во Карапското маало, во чија близина се изградило и патријаршиско училиште.
|
AlF0t |
Структурата на населението во општината Куманово е доста хетерогена, како во самиот град, така и во поголемиот дела на селските населби живее население од повеќе националности и етнички групи, разновидна образовна, старосна и полова структура, со разни обичаи, вероисповед и навики, разновидни занимања и други карактеристики.
Население по место на живеење
Според пописот од 1991 година во општината Куманово живееле 135.482 лица, што претставува 6,66 % од вкупното население во Република Македонија, додека според пописот од 1994 година во општината Куманово живеат 126.543 лица или околу 6,55 % од вкупното население во Републиката, што во споредба со предходниот попис е намалено за 0,11 %.
Во општината Куманово дел од населението живее во градот како градско население и дел во селата како селско население. Во градот населението е вработено во општествениот (државен) сектор и индустријата, а во селата се занимава со земјоделство, сточарство и помал дел е во работен однос во општествениот сектор.
Вкупниот број на жители во градот во текот на овој век е зголемен за 4,5 пати, додека бројот на жителите во селата е зголемен за 2 пати. Само во периодот по Втората Светска Војна бројот на жителите во градот е зголемен за 3,5 пати, а во селата нема никакво зголемување по војната.
Во општината Куманово живеат 112 жители на 1 километар квадратен, додека во Р. Македонија на 1 километар квадратен живеат 79,1 жител, што покажува дека општината по густина на населеност е над просекот во Републиката.
|
AlF0t |
Bо Куманово се чувствуваат влијанија на топли и студени воздушни маси кои усло-вуваат во климатски поглед да се издвојат две годишни времиња и тоа: студена и влажна зима и топло и суво лето. Од преодните годишни времиња поизразена е есента, понекогаш долга и топла, што е одлика на умерено-континентална клима. На околните планини повеќе се изразени одликите на континенталната клима.
Температурата на воздухот е важен метеоролошки елемент. Според наведените фактори таа се одликува со континентални карактеристики и има различни дневни и месечни вредности. Нејзината средна годишна вредност изнесува 11,8°С (за Куманово), а на падините на околните планини е пониска, во зависност од надморската височина.
Врнежите, изразени преку разни видови и количини како и распоред во текот на годината, се значаен метеоролошки елемент и имаат голема важност за стопанската и друга активност на луѓето. Тие во Куманово имаат изменет медитерански плувиометриски режим, што за овој крај се одликува со зголемена количина на врнежите во пролетните месеци кога е и главниот максимум (мај), и со помала количина врнежи во ноември, како спореден максимум.
Просечна годишна количина на врнежи во Куманово во наведениот период изнесува 549,3 мм на квадратен метар и спаѓа во второ подрачје во Македонија според сушност. Во околниот ридест и планински терен просечните годишни количини на врнежи се повисоки, што може да се види од податоците на одделни мерни станици, каде што во наведениот период е мерена количина на вриежите. Во Драгоманце се измерени 573,6 мм, а во Бајловце 662,1 мм. Во Кумановско во наведениот период имало и сушни години кога вкупната количина на врнежи изнесувала околу 300 мм (1952 г.) Сушите, најчесто, се карактеристични за летните месеци, а може да продолжат и во есен. Тие обично се проследени со високи температури и нанесуваат големи штети на земјоделството и вкупната стопанска активност на луѓето. Во пролетни и летни месеци има појава на поројни дождови кои, понекогаш, се проследени со врнежи од град. Од овие дождови можни се поплави на делови од градот и земјоделските површини, при што има значителни материјални оштетувања. Куманово со околината спаѓа во области каде градобијноста е честа појава, со просечно 2-3 дена во годината во кои има појава на град кој им нанесува големи штети на земјделските култури (во делови од Општината зафатени со град). Денови со врнежи од град се јавуваат од април до август, со максимум во мај. Во зимскиот дел од годината дел од врнежите паѓаат во вид на снег, што различно се задржува.
Кумановскиот регион се одликува и со изразита ветровитост. Најчесто дува северниот и, помалку, северозападниот ветер. Северниот ветер дува преку цела година, но најчесто е во јуни, јули и јануари, а најредок во март и мај. Просечна честина на овој ветер изнесува 331%о. Средномесечната брзина е различна, а годишниот просек изнесува 3,2 м. во секунда. Овој ветер дува и со поголема брзина кога достигнува максимална брзина до 26,5 м. во секунда (околу 95 км. на час). Втор ветер по честина е северозападниот кој најчесто дува од мај до октомври, а во останатите месеци поретко се јавува. Неговата честина е помала и изнесува 105%о. И средногодишната брзина му е помала и изнесува 1,9 м. во секунда.
Осончувањето или должината на сончевиот сјај исто така е важен метеоролошки елемент што има големо влијание врз животот на луѓето и нивната стопанска дејност, особено земјоделската. Просечното годишно осончување изнесува околу 2200 часови, а во околниот планински терен таа бројка е поголема. Осончувањето е најголемо во јуни, а најмало во декември и јануари. Осончувањето зависи од неколку фактори од кои позначаен е бројот на ведрите или облачните денови. Годишно во Куманово просечниот број на ведри денови изнесува 84 со максимум во август (просечно 16 ведри денови), додека годишно има просечно 97 облачни денови, со максимален број на облачни денови во јануари (16 дена).
|
AlF0t |
Povekje informacii za Kumanovo [url="http://www.kumanovo.gov.mk"] Tuka [/url] |
The`bItCh |
aman be.. Kumanovo ko metrolopa da e .. se rushivte pishenje:) |
AlF0t |
Sakash da kazesh prepishuvanje :))) |
AlF0t |
Ako nemash shto da kazesh za Kumanovo mozesh ednostavno samo da citash i da ne pishesh gluposti so koi go rasipuvash topicot!! |
n/a |
A ti kako Topic Creator da go izbrishesh topicot ? |
The`bItCh |
to sho sakav kazhav[:P] |
n/a |
Го направија поголем од Скопје :) |
AlF0t |
quote: Originally posted by How1tzer
Го направија поголем од Скопје :)
Sho ima vrska kolku e golem gradot so toa kolku se pishuva za nego? |
n/a |
Hahahah aj pak kazhi ni na koja strana duva vetrot u Kumanovo..... |
Ded0_MraZoT |
a ti da ne si go pomeshal nego so mene? :D |