a-pin-dim |
Почетоците на фудбалот во Македонија датираат уште од почетокот на 20-иот век. Всушност првиот меч беше одигран во Скопје на 20 април 1919 година. Селекцијата на англиската армија составена од најдобрите играчи меѓу регрутите, се натпреваруваше против екипата на Напредак од Скопје, меч кој му припадна на Напредак со 2:0.
На тоа место во знак на спомен на овој натпревар, беше подигнат споменик во форма на фудбалска топка со тежина од околу 250 килограми, бидејки тоа беше првиот фудбалски натпревар кој се одиграл на територијата на Македонија, а местото каде што истиот се одиграл всушност претставуваше првиот фудбалски терен во Македонија.Споменикот беше подигнат во 1979 година , во знак на јубилејот 70 години од почетокот на фудбалот во Македонија.
Во периодот од 1909 до 2002-та, се формираа многу фудбалски клубови. Прв кој се појави беше ФК Вардар од Скопје основан 1912 во Скопје. За време на втората светска војна , селекцијата на македонски клубови играше против селекцијата на германската армија, а се играа натпревари и против Бугарија. Воедно многу од македонските играчи настапуваа за Бугарскиот национален тим. Во периодот од 1900 до 1991 година Македонија немаше своја национална репрезентација, бидејки беше дел од СФРЈ, но по 1991 година младите тимови од сите југословенски републики играа на турнири меѓусебно, за жал целата документација од тие натпревари се наоѓа во
Фудбалската Асоцијација (Сојуз) на Југославија.
Во 1945, по втората светска војна, беше поставена фудбалска секција како дел од Сојузот на спортови во Скопје (со претседател Густав Влахов), од која беше оделена 16 август 1948, а конечно Македонскиот Фудбалски Сојуз беше формиран 14 август 1949 во Скопје, како дел од Фудбалскиот Сојуз на Југославија, се до 1991 кога е прогласена независност во исто време со независноста на Република Македонија. Прв претседател беше Љубисав Иванов - Ѕинго.
Најпознати играчи од Македонија кои играа и во националниот тим на Југославија се Кирил Симоновски - Џина, Благоја Видиниќ, Методија Спасовски, Андон Дончевски, Дарко Панчев, Илија Најдовски и други.
Првиот шампионат во рамките на новиот сојуз беше организиран натпреварувачката сезона 1992/93, во кој учество зедоа 18 клубови.
ФК Вардар од Скопје беше првиот шампион без изгубен меч.Исто така беше организирано и куп натпреварување каде првиот пехар му повторно припадна на скопски ФК Вардар.
Во 1994 година, Македонија стана членка на Фифа, Уефа и Балканската Фудбалска Федерација . Балканската федерација организираше мини турнири Балкански првенства за млади играчи до 16 и до 18 години.
Во 1995-та клубовите од Македоннија за првпат по осамостувањето земаа учество во клубските натпреварувања на Уефа.
Како шампион ФК Вардар од Скопје во Уефа купот се сретна против ФК Бекешчаба од Унгарија. Во КПК, Македонија ја претставуваше
ФК Силекс од Кратово, кој во првото коло го елиминираше унгарскиот тим Вац Самсунг (1-1/1-0), а во вториот круг играше против Борусија Мехенгладбах од Германија. По двата резултат 3-0 и 3-2, германците се квалификуваа за следното коло.
Националната репрезентација со официјални активости стартуваше во 1994-та со квалификациите за Е.П. 1996 во група со Ерменија, Белгија, Кипар, Данска и Шпанија, меѓу кои се издвојуваат успесите како нерешениот резултат 1-1 против Данска, исто толку со Белгија и Кипар на гости, со Ерменија само 2-2 , а со Кипар се одигра 3-0 дома.
Во првиот официјален меч против Данска на 7.9.1994 , кој се играше на градскиот стадион во Скопје, а заврши 1-1 , првиот гол за македонската репрезентација го постигна Митко Стојковски.
Потоа Македонија играше во квалификациите за С.П. во група со Малта, Лихтенштајн, Романија, Исланд и Р.Ирска.
Најзначајна победа е извојувана против Р.Ирска (3-2), а најубедлив триумф е постигнат против Лихтенштајн на гости со победа од 1-11.
Од тогаш наваму Македонија учествува во сите натпревари на Уефа и Фифа, а во 2002-та година Фудбалскиот Сојуз на Македонија е преименуван во Фудбалска Федерација на Македонија.
|