Наскоро - културен центар на Македонија во Њујорк |
Strelec |
Културен центар на Македонија ќе биде отворен на 23 септември во срцето на Менхетн. Во закупената галерија на македонскиот сликар Горазд Поповски, од 22 до 24 септември, ќе се одржат низа културни манифестации што ќе го пренесат здивот на сончевата Македонија во најголемиот светски уметнички центар.
- Во зградата на 52. авенија, запад, во која веќе функционираат и културни центри на други земји, ќе биде уреден мултифункционален простор од 500 квадратни метри, распределен во две галерии и административен дел - најавува Гордана Ивановска, шеф на кабинетот на министерот за култура.
Во рамките на свеченото отворање, Музејот на Македонија ќе отвори изложба на македонски свадбени килими, ќе биде претставена постановка на сликарот Решат Амети, а во еден бродвејски театар, кој се наоѓа во непосредна близина на новиот центар, ќе биде изведена претставата „Парите се отепувачка“ во продукција на Битолскиот народен театар. Етногрупата „Љубојна“, која учествува во реализацијата на овој театарски проект, на свеченото отворање ќе одржи миниконцерт, а ќе настапи и македонската пијанистка Илинка Манова, која живее и работи во Њујорк.
Според замислата на Министерството за култура, овој простор во текот на целата година ќе нуди разновидни културни содржини, главно на наши уметници што живеат во Њујорк, но и на автори од Македонија. Центарот ќе биде богато снабден со македонски книги и весници, но и со изданија на англиски јазик што ќе нудат информации за нашата земја.
- Центарот го отвораме во функција на полесно пробивање на македонската култура, позната по своите вредности. Цел ни е да развиеме цела мрежа вакви културни центри, особено таму каде што има поголем број иселеници. По овој прв културен центар во Њујорк, во план е и отворање вакви центри во Софија, Белград, Истанбул... - вели Ивановска.
Терминот за отворање на македонскиот културен центар во Њујорк се совпаѓа со денот на одржувањето на Генералното собрание на ОН, на кое ќе присуствува и претседателот Црвенковски.
- Ќе бидат поканети високи претставници на земјите-учеснички на собранието. Очекуваме да дојдат сите пријатели на Македонија - вели Ивановска.
|
cile |
Shukur !!! |
OooOo |
aleluja! |
dejan |
super! epten dobro:)
Steta sto ne sum tamu:((((((( |
Whitebaby |
Interesno. Treba da se trkne da se vidi. |
RaGeAnGeL |
i ke idate sega ili ne?? |
DJ_SHEMA |
Airlija, ama garant gorazd gi svrshil site raboti. |
Misirkov |
Cestitam i jas! Gorazd i uste eden decko so nego, no sepak Gorazd e vodeckata sila.
Gorazd e navistina super covek i golem drugar, na nikoj dosega ne mu odbil gostoprimstvo, a inaku vo istiot stan ima atelje.
Od ocevidci: zabavata bila OK, emigracijata se sobrala od razlicni kraista na SAD i okolinata (Kanada).[;)] Zabavata bila "povekjeslojna": Ilinka svirela na klavir kako sto bilo planirano, no potoa emigracijata pustila narodna.[:D] Gorazd donel nekakvi rakotvorbi i gi zakacil na zid; bas me odusevuva so vakvi potezi.
Za zal, liceto Branko Crvenkovski bil mnogu istosten i ne mozel da se zabavuva kako sto bilo planirano.[:0]
|
Thief |
Инаку, „лицето“ Бранко Црвенковски е Претседател на РЕпублика Македонија и ги претставува нејзините граѓани (сите, иако околу 500 000 (не ме фаќајте за збор за точната бројка) гласаа за него). Затоа, мислам дека треба да се внимава со квалификации од типот „лицето“ (плагијат на „граѓаниниот“, кој за разлика од Црвенковски беше дојден во кабинетот на сосема поинаков начин).
Тој е претседател на оваа држава. И мене не ми се допаѓаше ЉуБчо како Претседател на Владата, но морав да го прифатам... |