Kidnapirani troica Kumanovci
Kidnapirani troica Kumanovci
ikooo Kidnapirani se troica Kumanovci koi otisle vo Kuvajt da rabotat, covekot koj gi pratil i rekol deka ne e sigurno no makedonec za pari se ke napravi. Nikoj ne znae kade se i koj gi kinapiral neoficijalni izvori velat deka se ubieni. [V]
AaaAa
quote:
Originally posted by Misirkov
Prvo, site vraboteni vo Braum i Rut se vo golema opasnost, bidejkji taa organizacija e na meta na mudzahedinite vo celiot svet. BR e del od Haliburton, znaci firmata vo koja potpretsedatelot na SAD, Dik Cejni, e glaven. Eden platenik (ne vojnik) zarabotuva najmnogu, mislam okolu $1000-2000 na den. Za ostanatite (kako ovie nasive) ne znam koja e nadoknadata, ne kako vojnicite no sigurno e mnogu pogolema od bilo sto da napravat na Balkanot ili vo EU.
Dik Cejni nema vrska pojke so Haliburton, i onaa koja ja imal nekad nema vrska so glaven-mada seto toa e nebitno. Nasive (trojcata kidnapirani) jas kolku sto procitav nekade u nasite mediumi bile plateni $1500 na mesec, sto mozebi za Makedonski uslovi e dobra para, no ni pod razno za evropski, zemajki u predvid kolku contraktorite od tie zemji se plateni.$6000-$10,000 za kontraktor od USA, na isto rabotno mesto 4-6,000 funti za Britancite. Ovie brojki mi se od The Economist, pred nekoj mesec. I zavisi kade u Irak si, Najaf, Bagdad ili Faluja u odnos na drugi mesta se plateni tripati poise, bidejki se zema u predvid rizikot. Zaso i kako otisle, oni si ja merat sami cinijata, ona shto e problem e shto kolku sto jas procitav BR ima sjebano ogromen del od niv, u odnos na veteno i isplateno, sea neznam dali kaj nas lugjeto seuste neznaat da potpisuvaat kontrakt ili kako e seto toa mozno. Treto, parite mozebi se primamlivi, megjutoa ne se merat kolku se u odnos na prodavanje sladoled u mkd, ili rabotenje na niva, rizikot ne e ednakov i nemoze da se naprai takva komparacija. Imaat tie lugje osiguranje u slucaj neshto da im se sluci u Irak, nivnite familii zastiteni se? Amerikancive se, ama nasevo go nasle pa ke go muzat. Nemoze oni da bidat plateni u odnos na standardot vo Makedonija bidejki ne vrsat rabota vo Makedonija, ja vrsat vo Irak i tamu treba da se plateni u odnosot na kolku se plateni site drugi. Zao Makedonecot za ista rabota da bide platen tri pati pomalku... nem visok da mu dojdat?[:(!] Ne e kriv za toa narodot, krivi se vlastite, sto site tie kontrakti ne gi regulira? Pred kogo e firmata odgovorna u MKD? Pred nasite partneri Bush & C.O. Bitno ni go "stitat" imeto. Zalno. Gospod neka gi cuva nasive
ubavodete congur zastrami se, otisle da specalat nekoj denar da naranat deca doma, ne sekoj moze da odi evropa taka lesno, koga si zavisen i imas familija kade imas sansa bi ojdel.
fio Убаводете, коа знаеш дека негде се води војна, секојдневно се киднапира, убива, гранатира, дали при здрав разум би отишол? Ниедни пари на светот не се вредни за да загубиш живот или некој од твоето семејство да го снајде таква судбина. Ко што рече чоки, кој ги терал да идат
OooOo Непозната судбината на тројцата Kумановчани киднапирани во Ирак Непозната е судбината на тројцата кумановчани Далибор Лазаревски, Драган Марковиќ и Зоран Насковски, кои веќе десет дена се во заложништво во Багдад. Во централата на фирмата Соуфан Индустри во Дубаи, преку која се ангажирани тројцата работници, потврдија дека тие се киднапирани. „Ние се обидуваме да го решиме тоа прашање од првиот ден кога тоа се случи“, изјавија од Соуфан Индустри. Семејствата на тројцата Кумановци, за киднапирањето разбрале од медиумите. По веста, се обидоа нешто повеќе да дознаат од кумановската полиција, но ни во полициската станица не им кажале многу повеќе од она што го има во весниците. Далибор, Драган и Зоран во Ирак заминале на 3-ти август. Најмладиот Далибор, кој има 24 години, со родителите последен пат разговарал на 13-ти август. „Од 13-ти навака немам никаква информација, тогаш последен пат се слушна со мајка му и тогаш рече дека е добар, дека работат, но не се пожали за ништо“, изјавија таткото и мајката на Далибор Лазаревски. Неизвесност и страв и во семејството на киднапираниот Драган Марковиќ, а неговите деца се надеваат дека ќе слушнат некакви вести за татко им. Семејствата на тројцата киднапирани денеска го очекуваа Серџо Тонга, претставник на Соуфан во Македонија, кој тргнал кон Куманово за да им ја каже тажната вест на најблиските. Серџо Тонга во Куманово бил во август, кога за 1.500 долари месечно ги најмил тројцата киднапирани за работа во Багдад. Сопственикот на хотелот каде Тонга ги склучувал договорите, вели дека многу Кумановци биле заинтересирани за Ирак, но досега заминале две групи по 19 луѓе. „Првите луѓе што се јавија отидоа, тој ги испрати на аеродром, им објасни каде ќе работат, што ќе работат, колкава ќе им биде платата“, изјави Зоран Стојановиќ сопственик на хотелот. Веста за киднапирањето во Куманово пристигнала по електронска пошта. Во вторникот Кумановец вработен во американската фирма Браун и Рут во Багдад, му јавил на свој пријател дека се киднапирани тројца Македонци. Според тие информации, биле киднапирани 5-мина, од нив тројца работници се задржани, а за нивно ослободување киднаперите барале откуп од компанијата. Кога биле грабнати, работниците немале војничка придружба. Според неофицијалните информации, над 150 Кумановчани работат во Ирак и тоа во две фирми Браун и Рут и Соуфан Индустри. Во македонските институции не знаат колку Македонци работат во Ирак, бидејќи кога заминувале не се пријавувале во МВР.
OooOo Државните институции бараат информации за случајот од ирачките власти Македонското Министерство за надворешни работи ги презеде сите активности за да може да ја провери информацијата за киднапирањето на тројцата македонски државјани, Далибор Лазаревски, Драган Марковиќ и Зоран Насковски од Куманово, во близина на главниот ирачки град Багдад. „Испратени се вербални ноти до преодната ирачка влада и исто така и до нејзините амбасади во Каиро, Анкара и Софија, со цел што поитно да се проверат овие информации. Исто така МНР инсистираше своите дипломати во овие земји односно Египет, Турција и Бугарија, да бидат во постојан контакт со своите колеги од ирачките амбасади“, изјави Душко Узуновски портпарол на МНР. МНР стапило во контакт и со дипломати на странски држави кои во моментов се наоѓаат во Багдад, за да се дознае нешто за судбината на тројцата Македонци. Ова денеска на средбата во МНР, им било кажано на членовите на семејствата Лазаревски, Марковиќ и Насковски, кои побарале државата да направи се за ослободување на нивните најблиски. „Доколку одговорите на прашањата кои што ги поставивме се потврдат односно се потврди оваа информација за наводно држење во заложништво, тогаш македонските надлежни власти ќе преземат севкупни активности за да излезат во пресрет на семејствата и тие да бидат ослободени“, додаде Узуновски. Од кабинетот на претседателот Црвенковски чекаат информации од МНР за киднапираните Македонци. Во МВР се обидуваат да дознаат нешто повеќе за нивната судбина, иако во Ирак нема мрежа на Интерпол. Македонските војници во мисија во Ирак, не знаеле дека имало киднапирање на македонски граѓани во близина на Багдад.
c0nGuR
quote:
Originally posted by ikooo
Kidnapirani se troica Kumanovci koi otisle vo Kuvajt da rabotat, covekot koj gi pratil i rekol deka ne e sigurno no makedonec za pari se ke napravi. Nikoj ne znae kade se i koj gi kinapiral neoficijalni izvori velat deka se ubieni. [V]
Sto k*r barale vo IRAK, mala im e Evropa pa zaakale kaj sto ne im e mestoto, epa ako sakale da zarabotat, zarabotile dobro...
ikooo E dobro e mnogu dobro ako site zarabotat kako niv super ke bide.
Strelec
quote:
Originally posted by fio
Убаводете, коа знаеш дека негде се води војна, секојдневно се киднапира, убива, гранатира, дали при здрав разум би отишол? Ниедни пари на светот не се вредни за да загубиш живот или некој од твоето семејство да го снајде таква судбина. Ко што рече чоки, кој ги терал да идат
Тоа што отишле е ХРАБРО дело и како такво треба да се прифати! Не отишле од бес, туку од мака. Се жртвувале за своите семејства. Да, разумот вели дека не треба да се оди на ризични места. Ама и самите тие ако можеле да заминат и да заработуваат на некое безбедно место, сигурно дека ќе го заобиколеле Ирак. Во случајов немале избор.
dejan Neli gi zemale samo za pari? Pa kaj gi najdele Makedoncite da imat pari vo irak bre?!
Strelec
quote:
Originally posted by dejan
Neli gi zemale samo za pari? Pa kaj gi najdele Makedoncite da imat pari vo irak bre?!
Пари за откуп не се бараат од Македонците, туку од американската компанија за која што работат тие!
dejan aaaa....pa toa im e. daj boze da bidat zhivi.
Ceki Prost narod, i vo vakvi teski momenti ke se najdat poedinci so ke morat da tresat gluposti po forumov. Budali[:(!]
ikooo
quote:
Originally posted by Ceki
Prost narod, i vo vakvi teski momenti ke se najdat poedinci so ke morat da tresat gluposti po forumov. Budali[:(!]
??????
StormAngel Spored najnovite informacii sto uspeav da gi slusnam i vidam,se veruva deka kidnaperite pobarale negde okolku 300000$ za osloboduvanje na trojcata kumanovci. Deneska,visok delegat na ministerstvoto za nadvoresni raboti ke treba da odi za Irak kade sto ke treba da zeme informacii okolu sostojbata na kidnapiranite. Semejstvata na kidnapiranite tvrdat deka seuste nemaat informacii za sudbinata na svoite najbliski. Pretstavnik na firmata koja sto gi vrabotila trojcata kumanovci se naoga vo Makedonija i dosega izvrsil sredbi so visoki pretstavnici na vladata a se ocekuva da se sretne i so semejstvata na kidnapiranite.
Misirkov Prvo, site vraboteni vo Braum i Rut se vo golema opasnost, bidejkji taa organizacija e na meta na mudzahedinite vo celiot svet. BR e del od Haliburton, znaci firmata vo koja potpretsedatelot na SAD, Dik Cejni, e glaven. Vtoro, BR se instalirani na Balkanot od 1990tite koga za ogromni profiti bea edinstvenata firma sto se grizese za potrebite na Amerikanskata vojska. Od togas tie vrabotuvaat lokalen personal za dobri plati. Bidekji narodite na Balkanot se ekonomski dotepani, mnogu e primamlivo da se odi vo Irak vo bilo koja funkcija. Rizikot e golem, no se isplati. Prviot kontingent bugarski vojnici se "tepale" preku vrski koj da otide. Eden platenik (ne vojnik) zarabotuva najmnogu, mislam okolu $1000-2000 na den. Za ostanatite (kako ovie nasive) ne znam koja e nadoknadata, ne kako vojnicite no sigurno e mnogu pogolema od bilo sto da napravat na Balkanot ili vo EU. Ne im e svojstveno na mudzahedini da baraat nadoknada vo dolari?! Vo post-sadamovski Irak do pred nekoj mesec imase poseben sistem na plakjanje so mnogu masi na site kjosinja i ogromni kolicestva banknoti za razmena (imam sliki ako sakate da vidite). Izgleda se raboti za klasicen kriminal, sto e dobro vo slucajov. Daj Boze da se izvlecat.
ikooo
quote:
Originally posted by Misirkov
(imam sliki ako sakate da vidite). Izgleda se raboti za klasicen kriminal, sto e dobro vo slucajov. Daj Boze da se izvlecat.
Pa stavi gi slikite da gi vidime?
ikooo
Сеуште непозната судбината на кинапираните Кумановци во Ирак
Семејствата и роднините на тројцата киднапирани Кумановци Далибор Лазаревски, Виктор Настовски и Драган Марковиќ и денеска, четврти ден откако дознаа за киднапирањето во Багдад, не добија никаква нова информација за нивната судбина. Тие сеуште чекаат да дознаат барем некаква информација од МНР, кое испрати свој претставник во Ирак, но сепак дипломатот Игор Попов, според извори во министерството, сеуште тешко се пробива до информации во ирачката престолнина. Ниту во канцеларијата на Соуфан, фирмата која посредуваше при вработувањето на Кумановците, не може да се добијат никакви дополнителни информации за она што се случува во Ирак со напорите за ослободување на Далибор, Виктор и Драган. Канцеларијата која воопшто не изгледа како таква, во неа има салон за автомобили, беше затворена, а образложението е дека е недела. Американецот Серџио Таунга, кој посредувал при вработувањето на киднапираните Кумановци, и денеска не беше достапен за медиумите. Неговиот телохранител вели дека Таунга не бил во Куманово денеска. Тројцата Кумановци, според скромните информации кои пристигаат од Багдад, се киднапирани од криминална банда на 23-ти август, кои наводно барале 300.000 долари за откуп и ослободување. Семејствата за киднапирањето дознаа од медиумите во четвртокот, а по средбата со претставници од МНР им било кажано да не даваат изјави за новинари, во интерес на успешното разрешување на заложничката драма во Ирак.
StormAngel A dali vladata dobilo nekakvo pismo od Irackite vlasti so objasnuvanje ili nesto takvo,i sto bidna so pretstavnikot na vladata sto trebase da ide u Irak?
c0nGuR
quote:
Originally posted by ubavodete
congur zastrami se, otisle da specalat nekoj denar da naranat deca doma, ne sekoj moze da odi evropa taka lesno, koga si zavisen i imas familija kade imas sansa bi ojdel.
Poveli, odi vo IRAK sto cekas uste ? Koga ke stignes, pisi mi mail ...
ikooo
quote:
Originally posted by bluehim
A dali vladata dobilo nekakvo pismo od Irackite vlasti so objasnuvanje ili nesto takvo,i sto bidna so pretstavnikot na vladata sto trebase da ide u Irak?
Toa ne znam ne sum slusnal.
ikooo
Ни по 16 дена нема информации за киднапираните Кумановчани
Ниту по средбите во ирачкото министерство за внатрешни работи и американскиот амбасадор во Багдад, се уште не се знае кој ги држи во заложништво тројцата Кумановчани. „Министерот Зебари рече дека сложеноста и компликуваноста на состојбите на теренот во одделни делови на Ирак, не дозволуваат брзо да се одвива истрагата“, изјави Душко Узуновски од МНР. Од МНР велат дека стапиле во контакт со меѓународното тело за заложници „Хостиџ воркин груп“ кое ги координира информациите на цивилни, воени и разузнавачки агенции во Ирак. Во рамките на ова тело, влегува и меѓународниот Црвен крст, кој исто така требало да биде запознат со исчезнувањето на тројцата македонски државјани во близина на Багдад. А1 стапи во контакт со канцеларијата на Црвениот крст во Багдад од каде го добивме следниов одговор. „Не сум информирана за никакви Македонци и не знам за никаква истрага за пронаоѓање на Македонци“, изјави Нада Думани. Сличен одговор добивме и од другата канцеларија на меѓународниот Црвен крст во јужниот ирачки град Басра. „За жал немам никаква информација за тоа“, изјавија од меѓународниот Црвен крст. Вчера во близина на Багдад се случило киднапирање на две италијанки, една ирачанка и еден инжинер ирачанец во канцеларијата на италијанската хуманитарна организација „Мост до Багдад“. Според очевидците, киднаперите биле околу 20 на број, биле вооружени со пушки калашников со пригушувач и носеле маски. Не се поставени никакви барања. Киднаперите се уште ги држат во заложништво француските новинари, за кои е побаран откуп од 5 милиони долари со рок што истекува денеска. Од април оваа година, во околината на Багдад киднапирани се над 100 странски државјани. [img]http://ccc.1asphost.com/AristokratLog/slika2.jpg [/img] „Министерот Зебари рече дека сложеноста на состојбите на теренот, не дозволуваат брзо да се одвива истрагата“