ikooo |
Коби Брајант се ослободи од обвинението за сексуален напад. Останува уште неговите адвокати да ја договорат евентуалната сума што би ја добила девојката која тврди дека ја силувал.
Судот во Колорадо го ослободи Коби Брајант од обвинението за сексуален напад откако девојката која тврдеше дека ја нападнал се повлече од процесот.
Таа им рекла на обвинителите дека не може да продолжи со судењето. Наводно добивала смртни закани и затоа се откажува.
Ниту таа ниту пак Брајант не присуствуваа утрово во судот.
Брајант меѓутоа и натаму ќе биде дел од граѓанската парница која најверојатно ќе заврши со договор. Финансиски да и компензира на наводно силуваната девојка.
Брајант поради судскиот процес дури пропушти еден 1/2-финален натпревар на неговата екипа Л.А. Лејкерс чиј дел се согласи да биде и натаму и покрај големите турбуленции во тимот летото и заминувањето на Шекил О' Нил.
|