Во заложничката криза во Беслан загинаа 322 лица
Во заложничката криза во Беслан загинаа 322 лица
ikooo
Според последните информации што денеска ги објави Министерството за здравство на Северна Осетија во заложничката драма во училиштето во Беслан загинале 322 лица.
„Меѓу жртвите има деца, нивни родители, наставници, како и припадници на специјалните служби, кои учествуваа во ослободувањето на заложниците“, изјави претставник на Министерството. Во болниците во Северна Осетија се хоспитализирани 477 лица, меѓу кои има 223 деца. Најголем дел од жртвите, како што официјално е соопштено, настрадале при експлозии и при уривањето на покривот на училишната зграда. Рускиот претседател Владимир Путин претпладнево го посети градот Беслан, при што уште еднаш повтори дека руските власти не подготвувале насилна операција за ослободување на заложниците, кои терористите три дена ги држеа во локалното училиште. „Ние ги разгледувавме сите можни варијанти, но не планиравме примена на сила. Настаните се одвиваа многу брзо и неочекувано, а припадниците на специјалните служби покажаа исклучителна храброст“, рече Путин. Триесет и двајца терористи кои учествуваа во акцијата за земање заложници во градот Беслан, се убиени, изјави денеска раководителот на Федералната служба за безбедност на Северна Осетија, Валериј Андреев. Претходно беше соопштено дека во Беслан се убиени 27 киднапери. Андреев додаде дека меѓу убиените терористи имало десет Арапи. [img]http://ccc.1asphost.com/AristokratLog/slika.jpg[/img]
Strelec ikooo, наслов на овој форум овде е: Macedonia - News and Political talks а на forums.macedonia постои и друг форум со наслов: Вести од Светот - World News и таму веќе има отворено топик во врска со оваа вест: http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=6711