IvcoCar |
Прашање: Дали сте препишувале на тестовите во средно? Трендо: Бидејќи јас многу потешко се снаоѓам со бројки, отколку со букви, кога ќе имаме писмена работа по математика со еден другар се натпреваруваме кој поубав датум ќе напише на тестот. За тие 40 минути сме правеле многу убави датуми украсени со ѕвездички, со филигрански потези, а последните 5 минути се обидувавме да препишеме нешто затоа што тогаш се правеше гужва и успевавме да препишеме без да не види професорот.
Прашање: Кажи ни нешто за матурската вечер. Трендо: Па не се сеќавам најдобро, но знам дека славевме во хотел и нормално имавме партнерки и моравме да ги земеме од дома. Тоа не го сакам затоа што дома кај партнерката чекаа куп тетки и сосетки кои сакаа да го видат партнерот. И кога ќе стигнеш таму ќе умреш од срам. Па затоа ви препорачувам да не ги земата партнерките од дома и по можност да ви ги пратат по attachment .
Прашање: Што сакале твоите родители да станеш? Трендо: Сакаа да станам од кревет.
Прашање: Дали тогаш замислуваше дака ќе станеш водител или дека ќе пишуваш во „Фокус“? Трендо: Никогаш не сум замислувал такво нешто, јас мојот живот нр го планирам, па и сега незнам што ќе правам кога ќе пораснам :) .Никогаш не сум имал некои големи планови, а знам дека од уште од мал сум сакал да бидам пензионер. Најнапред почнав да работам во ТВ СИТЕЛ а потоа како уредник на вести. Со Логин Кочишки ја имавме музичката емисија „Балкан Експрес“ која беше супер
Прашање: Дали сега си задоволен од твојата работа? Трендо: Сега работам три работи : во ОнНет сум автор на веб сајтот, пишувам во Фокус и сум водител на квизот „Милионер“. Задоволен сум иако има премногу работа.
Прашање: Опишија за тебе совршената девојка ако воопшто постои таква.
Трендо: Да биде во jpeg формат со резолуција 1024x768 пиксели :).
Прашање: Дали би сакал да се најдеш на пуст остров?
Трендо: Не би сакал затоа што го знам тоа искуство. Веќе живеам на пуст остров.
Лексикон :
Име: Трендо
Роден: Да
Хороскопски знак: Тој што не сакаш да ти биде дијагноза.
Брат/сестра: Да, што значи дека таа има брат.
Омилен пијалок: Се што има алкохол.
Омилено јадење: Вести
Омилена група: Velvet Underground
Омилена песна: Вака ли бе Цвето?
Пејач: Гоце Арнаудов
Актер: Шенка Колозова
Филм: Torente 1
Книга: „Левитан“ од Витомил Зупан
Животно мото: Ако сакаш во кино да се стискаш со женска, не ја носи на нем филм.
[^][img]http://i.1asphost.com/kumanovo/images/Naslovna/Trendo1.jpg
[/img] |