И ова не уништува
И ова не уништува
Maleshevo ЕУ не помислува да дозволи на граѓаните на Р. Македонија да патуваат без визи, а не уценува дека треба да ја кантонизираме државата по етнички принцип. И додека трае процесот на албанизација со диригентот ЕУ, Бугарија ги прибира гладните, обесчестените, разочараните, трагачите по излез од состојбата, но и криминалците во Македонија и ги претвора официјално во Бугари. Што ќе ни е судбината, со вакви власти кои досега ги имавме, можеме да претпоставиме! Дали тоа е навистина и планот на ЕУ што сакаат да направат со Македонија и Македонците? Додека трае тој процес на разнебитување на македонската нација и македонската држава, една мала група Македонци, сеуште не асимилирани, сеуште не побугарчени, од некогаш големиот број Македонци во таа земја, денес без никаква подршка од Македонија и владата, без никакво забележување од медиите во Македонија излегоа на улиците во Благоевград да протестираат поради кршење на човечките права и асимилирањето на Македонците во Пиринскиот дел од Македонија, денес под Бугарија. Ја пренесувам оргиналната вест на бугарски јазик, бидејќи не е достапна веќе на линкот. Група симпатизанти на ОМО “Илинден” преминаха в шествие в центъра на Благоевград 12 септември 2004 | 17:29 Агенция "Фокус" Благоевград. 30-на симпатизанти на ОМО “Илинден” преминаха в шествие от Американския университет по площад “Македония” в Благоевград и положиха цветя пред паметника на Гоце Делчев, предаде БНР. Според Иван Гаргавелов, лидер на групичката, привържениците на нерегистрираната организация протестират срещу “геноцида и асимилацията на македонското малцинство от страна на българската държава”. Охранявани от силите на реда по целия маршрут, ОМО –вци развяваха на моменти националното знаме на бивша югославска република Македония и носиха транспаранти с надписи “Спрете асимилацията на македонците”, “Позор за българските шовинисти мегаломани” и “”НЕ” на българския етноцид върху македонските традиции и култура”. Протестиращите спряха на площад “Македония” пред вида на група членове на ВМРО Българско национално движение, които бяха заобиколили паметника на Гоце Делчев с черни и червени знамена и националния флаг в ръце. След около час преговори и колебания протестиращите положиха, въпреки всичко, цветята пред паметника под освиркванията и дюдюканията на войводите, но до физически сблъсквания и схватки не се стигна. http://www.focus-news.net/index.php?catid=83&newsid=181528&ch=0&PHPSESSID= Владата воопшто не се загрижува за судбината на македонскиот народ во Р. Македонија и надвор од Македонија. Никого не го загрижува бегањето на Македонците во бугарско државјанство и нивно декларирање како Бугари. Никој не размислува што треба да се направи експресно да се сопре тој процес. Барем да се евидентираат сите тие граѓани кои земале бугарски пасоши и се декларилале со потпишување на документ во Бугарија дека се Бугари и да се бара од нив да потпишат документи во Македонија дека не се Бугари, туку Македонци и дека од економски причини тоа го сториле во Бугарија. Историјата нема да ни ги опрости овие гревови на народот и предавства од страна на властите, кои македонскиот народ ги бираше во последните 13 години. Освести се народе, се од тебе зависи! За 3 месеци 4.000 Македонци земаа бугарски пасоши Во последните 90 дена уште 4.000 Македонци добија бугарски пасош. Статистички по 1 член на секое четврто македонско семејство од источниот регион го пополнил прашалникот на бугарските службеници во кое се вметнати чувствителни прашања во стилот: Дали се чувствувате Бугари, дали потврдувате дека вашите родители се Бугари итн. Бугарската патна исправа, која им ги отвори вратите на македонските емигранти кои трагаат по земјите каде на поквалитетен начин функционира пазарот на трудот, се добива лесно потребно е само трпение и време. Оние кои сакаат да добијат бугарски пасош треба да потпишат документ дека се чувствуваат Бугари и дека родителите им се Бугари. „Од другарите има слушнато дека треба да се дадат 200 евра“, вели еден жител на Штип. Сепак според новопечените сопственици на бугарската патна исправа широкоградите бугарски службеници во последниве 20-тина дена вметнале уште една новина. Секој оној кој сака да добие бугарски пасош треба течно да го говори и убаво да го пишува бугарското писмо. Ова се одрази на бројот на продадени бугарско-македонски речници, но според заинтересираните за бугарски пасош Македонците оделе на јазична обука во Бугарија. „Требало да учат месец или два. Ова е чисто уценувачко“, вели еден жител на Штип. Појавата што е карактеристична за последните 3 години и понатаму е актуелна.
RedAlert Posebno mi se dopadna izjavava na Stipjanecot " toa sto go pravele bugarite bilo ucenuvacko!".Hehehe sram da im e znaci kaj im zemame drzavjanstvo uste bugarski treba da znaeme.:))Shegata na strana ne mislam deka e tolku zagrizuvacka sostojbata zasto samo malku da "prkneme" ekonomski ke gi dzitnat drzavjanstvata lugeto sto gi zemale,vo sekoj slucaj e dokaz za ekonomskoto a po se izgleda i nacionalnoto propaganje na Makedoncite. P.S.I bez leb da ostanam ne zemam drzavjanstvo od sosednive drzavi.