a-pin-dim |
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/slavabigorski110920046.jpg[/img]
Денес изутрина многубројни боготрагатели од целата земја ја проследија празничната Божествена Литургија во манастирот Бигорски, посветен на Светиот Предвесник и Крстител Господов Јован. Празничната Литургија ја отслужи Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј во сослужение на Брегалничкиот Митрополит г. Агатангел, придружувани од свештеномонаси и свештеници од нивните епархии. На Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен богословот Мики Мијалчев (Велес). Во дворот на манастирот Архиереите извршија Водо
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/slavabigorski1109200410.jpg[/img]
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/slavabigorski110920048.jpg[/img]
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/slavabigorski110920049.jpg[/img]
[img]http://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/slavabigorski1109200411.jpg[/img]
„Во она време Ирод разбра за Исуса (оти името Негово беше се расчуло), па рече: ’Јован Крстител воскреснал од мртвите и затоа стануваат чудеса преку него.’
Други велеа: ’Илија е’, а други ’Пророк е’ или ’Како еден од Пророците’.
А Ирод, штом чу рече: ’Тоа е Јован, на кого јас му ја отсеков главата; воскреснал од мртвите.’
Зашто сам Ирод прати да го фатат Јована, го врза и го фрли во затвор, заради Иродијада, жената на брата му Филипа, оти се ожени со неа. Зашто Јован му велеше на Ирода: ’Не ти е позволено да ја водиш жената на брат ти.’
А Иродијада се озлоби против него и сакаше да го убие, но не можеше.
Оти Ирод се плашеше од Јована, знаејќи дека е тој човек праведен и свет, и го пазеше; многу работи вршеше од послушност кон него, и со пријатност го слушаше.
И настана удобен ден, кога Ирод по случај на својот роденден приготви вечера на своите кнезови, војводи и старешини галилејски. И влезе ќерката на Иродијада, играше и им угоди на гостите и на Ирода. Тогаш #1117; рече царот на девојката,: ’Барај од мене што сакаш и ќе ти дадам.’
И #1117; се заколна: ’Што и да побараш од мене ќе ти дадам, дури и половина од моето царство.’
А таа влезе и ја праша мајка си: ’Што да побарам?’ Оваа #1117; одговори: ’Главата на Јована Крстител.’
Царот се загрижи, но заради клетвата и гостите свои не сакаше да откаже.
И веднаш, кога испрати џелат, нареди да ја донесат главата негова.
А тој отиде, му ја отсече главата во затворот и ја донесе на табла, па ја предаде на девојката, а девојката ја даде на мајка си. Учениците негови, кога разбраа, дојдоа и го зедоа телото негово и погребаа.“ (Марко 24)
|