Разбиена мрежа за трговија со луѓе во Битолско |
OooOo |
Разбиена мрежа за трговија со луѓе во Битолско
Вчера час и половина по полноќ пред мотелот „Фонтана“ во село Бистрица патрола на битолската полиција откри опасна и организирана група на криумчари со луѓе кои во повеќе наврати во Република Грција префрлале странски државјани преку граничниот премин Меџитлија.
Полицијата успеа да открие 5 Албански и 3 Кинески емигранти, досега се фатени 3 лица. Бујар Даути од село Радолишта Струшко, Менде Трајкоски и Дончо Тосковски од Битола. Даути се товари за кривично дело трговија со луѓе и криумчарење на емигранти, додека Битолчаните се обвинети само за криумчарење.
Истражниот судија Слободанка Баковска денеска соопшти дека на обвинетите им е изречена мерка притвор до 30 дена. Организираниот канал се протегал до Подградец Албанија од каде што се носеле емигранти во Македонија. Така на 6-ти септември лицето Бени Н. од Подградец за надомест од 1.300 евра по особа организирал група за илегално пренесување на две Албански државјанки.
Тие во Македонија биле легално превезени на граничниот премин Ќафасан каде добиле влезно-излезна виза во траење од 5 дена. Потоа биле сместени во хотелот „Шпреса“ во Струга. По 4 дена со такси возило се префрлени во село Бистрица близу границата со Грција.
Клопчето започна да се одмотува кога криумчарите од засега неразјаснети причини отстапиле од првичниот договор и вечерта во 1.30 часот се договориле емигрантките на Даути да му се испорачаат во Ресен. По интервенцијата на полициската патрола екипи на МВР веднаш го фатиле првообвинетиот Даути во Ресен и извршиле претрес во викендичката во село Бистрица.
Таму се пронајдени уште 6 емигранти, тројца Албанци и тројца Кинези. Емигрантите се ставени во полициско судска надлежност, а истрагата е насочена кон целосно разбивање на овој криумчарски канал со луѓе чиј број засега не е утврден. |
Makjedok |
Ova e podobra, a i povazna.
Баци ќе остане во Идризово13.09.2004
Апелациониот суд ја одбил неговата жалба
Изаир Самиу Баци ќе остане во затворот со Идризово, Апелациониот суд ја одбил жалбата на неговите адвокати за нов прекин на издржувањето на затворската казна, дознава А1 од судски извори.
Во одлуката на Апелациониот суд стои: Судот не дозволува прекин на извршувањето на казната на Изаир Самиу Баци и ги поништува сите претходни одлуки на Основниот суд Скопје еден поврзани со тој случај.
Апелациониот суд не се впуштил во рзгледување и оценка на приложената лекарска документација за болеста на Самиу, затоа што смета дека во судските постапки за претходните барања било прекршено материјалното право. Одлуката е донесена во петок и испратена во Основниот суд Скопје 1. Со оваа одлука на сцена се враќаат старите толкувања за случајот Баци, дека скопскиот суд не е надлежен за одлуки како што донесе во мај, кога на Баци му овозможи тримесечен прекин на казната заради здравствени проблеми.
Во Врховниот суд и во Републичкиот судски совет се уште се води постапка против тројцата судии, меѓу кои и претседателот на судот Боро Тасевски кои го потпишаа решението за привремен прекин на казната на Баци. Изаир Самиу Баци не се врати во тетовскиот затвор навреме, туку по една недела бегство и јавно појавување во родното Шемшево беше уапсен од полицијата.
|
vmro |
quote: Originally posted by Makjedok

shto pravat so nego, fati go pushti go, ovoj izbegaj, pa vrati se ... u p#cku zec vishe so nego |