Талибанци ја окупираа Исламската заедница |
Ceki |
ЕКСТРЕМИСТИ СО КАЛАШНИКОВИ СЕ БОРАТ ЗА ВОДСТВОТО НА МУСЛИМАНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Талибанци ја окупираа Исламската заедница
Пет вооружени исламски екстремисти вооружени со калашникови и со пиштоли насилно упаднале во просториите на Исламската заедница на Македонија за со сила да го натераат првиот човек на муслиманите, Ефен
Пет вооружени исламски екстремисти вооружени со калашникови и со пиштоли изминатиот вторник насилно упаднале во просториите на Исламската заедница на Македонија со цел со сила да го натераат првиот човек на муслиманите, Ефенди Ариф Емини, да прими на работа тројца нивни соработници, тврдат наши извори од Исламската заедница. Ефенди Емини под закана од оружје бил принуден да потпише решенија за вработување на тројца талибанци, но неделава Рисајетот на Исламската заедница ги поништи одлуките на претстедателот на исламската заедница бидејќи се изнудени со сила.
Целта на насилниците била со сила да инфилтрираат нивни истомисленици во редовите на Исламската заедница и од таму да наметнат поинаков начин на практикување на исламот кај овдешните муслимани, по терк на авганистанските талибанци. Тие требало да работат како свештеници во неколку скопски џамии.
Истите извори тврдат дека луѓето кои во вторникот вооружени до заби ја напднале Исламската заедница и упаднале во канцеларијата на Реис ул Улема Ефенди Ариф Емини, се водачите на екстремните исламисти кои во Македонија носат долги бради и се облекуваат како екстремистите од Блискиот исток. Тие секаде по светот злоупотребувајќи ја исламската вера и користејќи насилство се борат да дојдат на власт и да владеат со муслиманите.
Вооружената група ја предводел извесен Шукри Алиа кој неколку години претстојувал во Сирија и Египет каде наводно студирал за свештеник. Во исламската заедница се сомневаат дека Алија има фалсификувана диплома и дека е недостоен за оџа бидејќи против него полицијата води истрага за трговија со оружје.
Како инспиратор на вооружениот напад во Исламската заедница го обвинуваат скопскиот муфтија Зенун Бериша, кој годинава бил реизбран на муфтиската функција. Според нив, муфтијата Бериша на нелегитимен начин се реизбрал бидејќи ги фалсификувани изборите со насилство со помош на оние кои во вторникот ја нападнале исламската заедница. За помошта, муфтијата на насилниците им ветувал дека ќе ги вработи во исламската заедница. Кога не успеал да ги убеди првите луѓе на ИЗ дека неговите пајташи треба да се примат на работа, ги свртел нив против претседателот Емини.
По нападот Ариф Емини не ја информирал полицијата бидејќи сакал да се консултира со неговите соработници. Во текот на викендот раководството на Исламската заедница застана на страна на претстедателот Емини и ги прогласи новите вработувања како невалидни бидејќи се изнудени со сила и дека рокот за примање на работа три нови оџи бил истечен.
(Г.Т.)
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=83788&idg=5&idb=1262&rubrika=Makedonija
Ova e vistina? Pa samo slep covek ke misli deka islamski teroristi nemase i gi nema vo Makedonija. Turisti da ne se, a? Ili kakov bese zborot, ekonomski emigranti? |
Maleshevo |
Лично во Скопје имам видено двајца исламисти кај Јаја Паша како преминуваат улица. Арапи се, облечени се скроз во бело и носат долги бради.
Шчиптарите се паметни и сеуште не ги прифаќаат масовно, зашто знаат ако го сторат тоа, отидоа курбан, зошто ќе ја изгубат подршката од Запад.
|
melpomena |
Ne mora da znachi deka se Arapi, zoshto lichno jas poznavam i dosta Albanci koi shto go imaat prifateno toj "imidz" karakteristichen za demek "pravite muslimani".
Toa pochna da se javuva odkako povekjeto od Albancite se sovremeniziraa, pa pochnaa da si go tolkuvaat Kuranot "sekoj na svoj nachin" za da si najdat opravduvanje za svoeto odnesuvanje (kako na primer: Dozvoleni se do 3 piva da se ispijat i slichni raboti). |
StormAngel |
Da,tocno e,ima se pogolem broj Albanci koi sto moze da se okvalifikuvaat kako fundamentalisti na verska baza.
Dolga brada i tradicionalna arapska nosija im se glavnite karakteristiki,a za ovaa vest,ne sum slusnal nisto. |
dejan |
Dolga brada i evrejite imat isto, ili ne tolku dolga?
Pa sto da kazeme za Strelec togas[:p] |
StormAngel |
Strelec ne e Talibanec be.[^]
Bradata mu e cisto estetski. |