vmro |
Тројца полицајци се повредени во ноќешниот напад што врз нив го извршиле две засега непознати лица во скопската населба "Шуто Оризари", изјави за МИА портпаролот на Министерството за внатрешни работи Горан Павловски.
Двајцата непознати напаѓачи околу два часот по полноќ пукале со огнено оружје врз тројцата полицајци кои патролирале со службено возило на улица "Вашингтонска" во Шуто Оризари.
Едниот од полицајците се здобил со тешки телесни повреди во пределот на стомакот и градниот кош. Врз него е извршена хируршка интервенција и тој се наоѓа во животна опасност. Другите двајца полицајци се здобиле со прострелни рани во рацете и нозете, но се наоѓаат надвор од животна опасност.
Полицијата трага по извршителите на нападот.
|