КОШАРКА - КВАЛИФИКАЦИИ ЗА "А" ЕВРОПСКАТА ДИВИЗИЈА
КОШАРКА - КВАЛИФИКАЦИИ ЗА "А" ЕВРОПСКАТА ДИВИЗИЈА
a-pin-dim КОШАРКА - КВАЛИФИКАЦИИ ЗА "А" ЕВРОПСКАТА ДИВИЗИЈА Славје по трилер-завршница Македонската кошаркарска репрезенатција ја забележа втората победа во "Д" групата од квалификациите за пласман во европскиот кошаркарски крем. Во директниот дуел со најсилниот конкурент за првото место, к [img]http://www.vest.com.mk/images/{8CE323D3-5B36-4DE8-92E3-1D62F004B939}_kosarka-2.jpg[/img] Македонската кошаркарска репрезенатција ја забележа втората победа во "Д" групата од квалификациите за пласман во европскиот кошаркарски крем. Во директниот дуел со најсилниот конкурент за првото место, кое води понатаму, во полната сала во Градскиот парк, падна Грузија, селекција со тројца НБА-играчи во составот. Во трилер-завршницата, иако целиот натпревар имавме контрола над играта и резултатот, Куртовиќ и Димитровски имаа нерви да ги реализираат слободните фрлања за конечен триумф, кој на плеќи го носеа, пред се, Џонс и Гечевски. Џонс в џеб го стави играчот со префикс "нај" кај противникот, Пашулија, кој брзо заработи четири лични, а Гечевски (единствениот со дабл-дабл остварување) со две едноподруго "банани" во третата четвртина го врати моралот во екипата која полека почна да го губи здивот и дозволи ривалот да дојде на егал: 55:55. Предноста од девет поени ја снема, пред се, поради неверојатниот црномурест Вилијамс, еден од тројцата на планетава кои во Грузија имаат двојно државјанство (еден е и претседателот на оваа земја). - Тежок натпревар во кој заслужено победивме. Го контролиравме резултатот, победивме, но можевме и да загубиме. Сите што настапија заслужуваат честитки за борбеноста, срчаноста. Имавме и падови во играта, што е сосема очекувано ако се знае дека на некои од играчите ова им е втор или трет официјален натпревар за репрезентацијата, ќе истакне нашиот селектор Давитков. Хендикепот пред натпреварот, кога поради повреда Чековски не можеше да настапи, сега е само уште еден малер во серијата што го следи националниот тим пред и за време на овој квалификациски циклус. - Непотребната нервоза на Пашулија и неговите брзи четири лични грешки, како и избрзаноста кога го изедначивме резултатот, се причините за поразот. Не се добива натпревар со две добри акции, како што сакаа тоа да го сторат моите играчи. Честитки за победата и многу добрата игра на Македонија, но мислам дека во Тбилиси тоа ќе биде сосема друг натпревар, вели селекторот на Грузија, Хрватот Дражен Брајковиќ. Победа за голем оптимизам пред последниот натпревар од првиот циклус квалификациски средби. Во вториот натпревар од нашата група, Финска лесно славеше над Луксембург со 97:64. *** И Чековски во Финска Неочекуваната повреда на зглобот го оддалечи од настап против Грузија, но, сепак, Ѓорѓи Чековски ќе патува со нашата експедиција на натпреварот против Финска. Денеска нашите репрезентативци отпатуваа за Епо, на последниот натпревар од првиот циклус квалификациски мечеви, против ривалот кој селекторот на Грузија го оцени како "многу незгоден и добро уигран". Дали Чековски ќе се појави на паркетот, ќе зависи од состојбата на неговата повреда. *** Други резултати: А ДИВИЗИЈА: А-група: Шведска - Хрватска 69:86. Б-група: Израел-Португалија 96:101, Бугарија-Летонија 96:85. Ц-група: Унгарија-Украина 90:67, Германија-Белгија 81:61. Д-група: Чешка-Словенија 70:71, Франција-Полска 85:65. Е-група: Естонија-БиХ 61:70, Турција-Холандија 83:59. Б ДИВИЗИЈА: А-група: Романија-Данска 73:74. Б-група: Малта-Словачка 53:107, Ирска-Швајцарија 79:68. Ц-група: Белорусија-Кипар 77:72, Австрија-Албанија 83:66.
StormAngel Super.[:)]
a-pin-dim КОШАРКА - КВАЛИФИКАЦИИ ЗА "А" ЕВРОПСКАТА ДИВИЗИЈА Финците последна пречка до почетниот хет-трик Македонската кошаркарска репрезентација вечерва го игра последниот, трет натпревар од првиот циклус квалификациски средби за пласман во "А" европската дивизија. Дуелот во Еспо, против Финска, ќе го даде и одговорот дали ќе се оствари зацртаното - три победи во три натпревари. Осоколени од победата над најсериозниот конкурент Грузија пред три дена, избраниците на селекторот Јорданчо Давитков со многу поголема доза на самоувереност влегуваат во дуелот, и покрај малиот милион проблеми со кои се соочувавме пред стартот на квалификациите. Настапот на Чековски и натаму е дискутабилен, а и Димитровски се жали на повреда на зглобот, но мечот во средата покажа дека со достаточна доза на борбеност се може да се надополни. Финска, инаку, ја паметиме како репрезентација која со победата во Скопје (94:102) во квалификациите за ЕП 1997, практично, не исклучи од Евробаскетот. Тогаш имавме и водство од 20-тина поени, но на крајот се радуваа противниците. Можност за целосен реванш имаат Симиќ, Куртовиќ и Блажевски, кои настапија и на тој меч пред девет години. Тогаш во "Градскиот парк", сега првиот играч на Финска, Хано Мотола, постигна само осум поени. Во моментов интернационалецот кој настапува во италијанскиот Скипер е централната оска на тимот, кој дури два месеци интензивно се подготвува за овие квалификации и кој победи на сите турнири на кои настапи, а прв пораз им е оној против Грузија на гости. Селекторот на Грузија Финците ги опиша како: "многу незгоден противник, кој игра со четири ниски играчи и Мотола на центарската позиција, а и тој е шутер. Малку слободен простор и погодуваат". Против Финска не смееме да бидеме "фини". Веќе имаме една победа на нивни терен - во реваншот истата година кога тие не победија во Скопје (77:85). Зошто да не се повтори. Финска - Македонија 79 - 87 Се оствари хет-трик за КВАЛИФИКАЦИИ ЗА "А" ЕВРОПСКАТА ДИВИЗИЈА Им посакова и понатам успех на нашата Репезентација !!
StormAngel I jas isto taka im posakuvam mnogu uspeh.
a-pin-dim Македонија една година на лидерската позиција Македонската кошаркарска репрезентација со три победи во три средби ќе остане лидер во "Д" групата од квалификациите за пласман во европското елитно баскет друштво , се до вториот циклус од три средби , кој се игра догодина. Во Еспо, нашите кошаркари ја совлада соодветната селекција на Финска, нанесувајќи и вториот пораз во групата, истовремено забележувајќи и ја и втората победа во три досегашни меѓусебни дуели со оваа балтичка земја. Во текот на целата средба нашите кошаркари имаа водство и игра која не му дозволуваше на домаќинот да воспостави свој ритам. Финците само на два пати успеја да израмнат, но тое е се што можеа да сторат против дисциплинираната игра на нашите кошаркари. Капитенот Перо Блажевски е играч на натпреварот. Не само што во одбраната одлично го чуваше најдобриот противнички играч, Мотола, туку беше и вопнредно шутерски располопжен, постигнувајќи пет тројки од шест обида, што го направи и најефикасен кошаркар на натпреварот. Веќе стандардно добро одигра и натурализираниот Џонс, кој доминираше под обрачите. Изнанадувањето на вечерта е Ристе Стефанов. Откако во последната четвртина Ранико со серија поени опасно го загрози нашето водство, селекторот Давитков со дефанзивна задача во игра го внесе бекот на Фершпед Работнички. Тој пак, не само што го задржа пртивничкиот играч, туку и постигна три тројки по ред, што овозможија во 37 минута да го имаме и највисокото водство на натпреварот - 78:62. Во вториот натпревар од нашата група Луксембург очекувано загуби од Грузија - 61:87. Натпреварите од вториот циклус продолжуваат на 7 септември 2005 година