a-pin-dim |
ИЗВОНРЕДЕН СТАРТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАРАОЛИМПИЈЦИ НА ИГРИТЕ ВО АТИНА
Сребро на градите на Ванчо Каранфилов
Тој квалификациите на 10 метри воздушен пиштол ги заврши како првопласиран, израмнувајќи го европскиот рекорд од 570 круга. - Јовановски 11-ти, а Наковска-Бинова шеста во истата дисциплина, иако по квалифика
[img]http://www.vest.com.mk/images/{AAD4A0E7-7E5D-475E-B3B0-DC4119806FA6}_vanco-2.jpg[/img]
Стрелецот Ванчо Каранфилов го освои сребрениот медал на Параолимписките игри во Атина, откако го зазеде второто место во дисциплината 10 метри воздушен пиштол со резултат од 661,6 круга. Игрите за лицата со физички хендикеп свечено беа отворени во петокот, при што токму Каранфилов го виореше македонското знаме. Уште на првиот натпреварувачки ден аналите на македонскиот спорт станаа побогати за уште еден медал од ПОИ, откако пред 12 години во Барселона со злато во истата дисциплина се закити Бранимир Јовановски. Селекторот на нашиот национален тим во Атина не му се доближи на овој историски успех. Со 11. резултат по вредност во квалификациите не обезбеди пласман во финалето.
Оливера Наковска-Бинова квалификациите во истата дисциплина ги заврши како третопласирана, но потфрли во финалето и на крајот го зазеде шестото место.
- Ова е најдобриот резултат во мојата кариера, а неговата големина се гледа и во тоа што беше многу блиску до светскиот рекорд. Мојот резултат во финалето не беше доволно добар, најмногу поради лошото пукање во првата серија - изјави новиот параолимписки вицепрвак Ванчо Каранфилов, кој пред четири години во Сиднеј беше петти.
Каранфилов, се чини, и ја пропушти шансата за златото со лошото прво пукање во финалната серија, стрелајќи само 6,7, што е најслабиот резултат воопшто меѓу осумте финалисти. Тој во финалето влезе со најдобар резултат од 570 круга, по серии 95, 94, 97, 94, 95 и 95, притоа израмнувајќи го европскиот рекорд. Второпласираниот Џијан Феи Ли од Кина заостануваше само два круга, што навести мртва трка за златниот медал. Како резултат на слабото пукање на Каранфилов, Ли по првата серија веќе го имаше надоместено заостатокот. Кинезот потоа и во наредните пет серии остваруваше подобри резултати од Каранфилов (9,3; 8,8; 9;5; 8,4; 9;3), за нашиот репрезентативец во последните четири постојано да го добива Ли (10,1; 9,6; 10,0; 9,9), но неговата предност веќе беше недостижна. Златниот медал Ли го освои со резултат од 663,8 круга, што за 3,2 круга беше подобро од Каранфилов. Бронзата му припадна на Германецот Хуберт Ауфшнајтер (658,6). Нешто повеќе од осум круга го делеа Каранфилов од светскиот рекорд на Јужнокорејанецот Хе-Јунг Ли (669,8).
- Пукањето во финалето ми беше најслабо досега, но среќа што и другите пукаа слабо. Сега ми претстојат уште два натпревара и очекувам влез барем во уште едно во финалето - изјави Каранфилов, кој со овој резултат обезбеди услов од Агенцијата за млади и спорт да биде прогласен за спортист од светска категорија.
Јовановски, пак, запре во квалификациите. Тој го освои 11. место во конкуренција на 31 стрелец, постигнувајќи резултат од 557 круга (87, 94, 95, 93, 94, 94 по сериите).
Нашата можеби најголема надеж за медал на овие Игри, Наковска-Бинова, во финалето го расипа одличниот впечаток што го остави во квалификациите. Таа во првото излегување на стрелиштето го зазеде третото место со резултат од 365 круга (по серии: 96, 88, 94, 87), што беше послабо од лидерката Изабел Њустед од Велика Британија за само шест круга. Второпласираната Меи Чин Лин имаше предност од два круга во однос на Наковска. Но, во финалето нашата параолимпијка забележа само четири пукања над деветка и на крајот го оствари седмиот резултат по вредност во финалето од 451 круг, што во конечниот поредок и го донесе шестото место. Наковска по серии пукаше 6,9; 10,5; 8,5; 7,3; 8,7; 6,5; 10,0; 8,4; 9,0 и 10,2. Нова шампионка стана Њустед со резултат од 466,8 круга, среброто и припадна на Лин со 465,1 круг, а бронзата на Јелена Таранова од Русија со 457,3 круга.
Почнаа Македонските Спортисти да показуват позитивен резултат !!!
им посакуваме со повеке да донесуват бронзени медали !! |