a-pin-dim |
ДРЖАВНИЧКА ПОСЕТА НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ОН
Бранко оди дури до Њујорк за да се види со комшиите
Во официјалната најава на Кабинетот на претседателот досега се само три билатерални средби, и тоа со комшиите, претседателот на Србија и Црна Гора Светозар Маровиќ и со премиерот на Албанија Фатос Нано, а т
Претседателот Бранко Црвенковски неделава ќе учествува на 59-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, каде оди во друштво на министерката за надворешни работи Илинка Митрева. Според најавите од неговиот Кабинет, тој ќе биде во САД од 22 до 25 септември, и ќе се обрати на Генералната дебата што се одржува во рамките на Собранието, а бидејќи се работи за најголемиот годишен светски собир на лидерите на 220 земји - членки на ОН, се предвидуваат и билатерални средби со претседатели на дел од земјите. Во официјалната најава на Кабинетот на претседателот, досега се само три такви, и тоа со комшиите, претседателот на Србија и Црна Гора Светозар Маровиќ и со премиерот на Албанија Фатос Нано. Третиот во најавата е претседателот на Швајцарската Конфедерација, Јозеф Дајс. Во Кабинетот вчера најавија дека се работи на уште некои средби и дека сигурно ќе има нови имиња на списокот, но не можат да прецизираат додека тој не се официјализира.Тоа треба да се случи денеска, па затоа не можевме да добиеме ниту наговестување на евентуалните соговорници на Црвенковски, за да не се оди пред рака. Маровиќ беше и последниот гостин на Црвенковски во Скопје, во јули годинава, како прв што му дојде во официјална посета по седнувањето на претседателската функција.
Во Министерството за надворешни работи, пак, велат дека агендата на средби на министерката Митрева е веќе утврдена и дека таа веќе има договорени 9 билатералки со своите колеги што учествуваат на Генералното собрание во Њујорк. Во листата се министрите за надворешни работи на Албанија, Србија и Црна Гора, Грција и Бугарија, на Босна и Херцеговина, Словенија, Италија, Египет и Кувајт. Митрева има најавена средба и со претседавачот на Генералното собрание, шефот на дипломатијата на Габон. На прашање зошто на секој голем собир на политичарите од сите делови на светот македонските државни претставници речиси постојано ги имаат истите соговорници, од МНР велат дека тоа практично го диктираат сите документи и одредници од меѓународната заедница кои за нашата земја постојано ја потенцираат важноста на регионалната соработка. Башка, од последните средби со комшиите се отвараат и некои нови прашања што е фино да се дискутираат кога има ваква шанса за видување на министрите, објаснуваат од МНР. Па така, се споменува дека со Албанија треба да се зборува за поголемо активирање околу маркетингот на нафтоводот "АМБО" кој треба да минува низ двете земји и низ Бугарија, и за кој се собираат финансии. Последната средба што Митрева ја имаше со шефот на албанската дипломатија Кастриот Ислами беше за Илинден, во Поградец.
|
AaaAa |
quote: Originally posted by Misirkov
Od dobro provereni izvori se doznava deka momentalno (ponedelnik 7 pm) zasedavaat kaj eden Makedonec za strategijata sto da pravat slednive nekolku dena, a posebno za zabavata vo cetvrtok. Tamu e i ambasadorot Nikola Dimitrov,koj malku se izgubil vo New York, odnosno ne mozel bas da se snajde.
Zasshto "i vo New York"?! da mu dojdea u DC ke gi prosetashe poprecku i naprecku bez problem, posebno niz Dupont Circle kaj shto site ke bea glavni fraeri[:D]
Boze mili, konecno uspeav i da se nasalam na nivna smetka bez zrno losotija u mene. Napreduvam:) |