ZABORAVENITE!!??
ZABORAVENITE!!??
izguben DA zaboravenite MAKEDONCI. Do koga ke bidat MAKEDONSKITE iselenici(koi milum koi silum)ignorirani od MAKEDONSKATA vlast(segasna-minata-idna)do koga???? Koga nie ke dobieme pravo na glas? Do koga ke bideme siracina? Zosto nas nekoj ne ne prasa sto misleme za ramkoviot dogovor?? MAKEDONIJA e nasata majka ne zavisno kade sme. A sto nie dobivame???? Koga ke se vratime nazad(viza se bara)bez razlika dali tatko ili majka se MAKEDONCI. Nasiot pridones e dovolno golem. PR.kade i da sme kupuvame MAKEDONSKI proizvodi, so samoto doagane vo Tatkovinata VNESUVAME devizi,pa se najduva i po nekoj(retko,greska na vlasta)ke investira,da se ima rabota za mladite. Mozebi ne se site so isti interesi za dobroto na MAKEDONIJA arno ama sto storila vlasta da gi privlece MAKEDONSKITE ivestitori??? Sve sto e za MAKEDONSKI interes se prodava,STOPANSKA banka grcija ja ima MNOZINSTVO OD ISELENICITE pustaat pari do svoite preku STOPANSKA znaete li kade zavrsuvaat Devizite(grcija)????? razbudetese!!!! DO KOGA???? NAVEDNATA glava sabja ne ja sece. ZATOA stignavme kade sto sme.
OooOo Bravo be vmro, ubav post. Thief, Edno vreme Strelec go opolnomishti, sega protivpropaganda! Se prashuvam samo do koga? Dodeka ne pochne da pishuva/razmisluva sprotivno od toa shto ti go mislish i dodeka ne ti svrti grb? [:D] Ili nemash shto da kazhesh ti, pa si vikash daj da opolnomoshtam nekogo shto kje me izvadi od g**ca :) OooOo P.S. koj li kje bide sledniot opolnomoshten se prashuvam .. ahmmmm P.P.S. se prashuvam dali Thief gi plakja ovie opolnomoshtenive i dali im plakja beneficii ... huh .. hmmm
Thief Многу си безобразен, безобѕирен и без трошка аргументираност на твоите памфлети!
Strelec ОооОо, ти не знаеш да се изразуваш... види како Thief тоа го кажа: “вонреден и ополномоштен амбасадор и гласноговорник“ Нејсе... Само што добив порака од protivpropaganda со која ме ополномоштува во иднина да пишувам во негово име... Но со оглед на тоа што сум јас прилично зафатен, го ополномоштувам ОооОо да пишува наместо мене... ОооОо, дали ти ополномоштуваш некого или ќе се зафатиш со работа? Јасс би ти предложил да го ополномоштиш Thief!:)
OooOo
quote:
Originally posted by Thief#10;
Многу си безобразен, безобѕирен и без трошка аргументираност на твоите памфлети!
Ej nemoj da pcuesh po pamfletite da ne ti izvadam i konfeti ...
quote:
Originally posted by Strelec
OооOо, дали ти ополномоштуваш некого или ќе се зафатиш со работа? Јас би ти предложил да го ополномоштиш Thief!:)
NE! Jas imam svoe JA i znam deka koa kje kazham/napisham neshto prvo razmisluvam pa kazhuvam/pishuvam i stojam zad toa! Ova e moj posleden post na ovoj topik © Thief .... ... .. . normalno se zezam
OooOo huh .. i tuka li?
protivpropaganda
quote:
Originally posted by Strelec
quote:
Originally posted by protivpropaganda
Твое си е мислењето. Не се мешам!!! Ама имам право да те замолам да си го преиспиташ, нели?
Good try!:) Ама џабе protivpropaganda! fio нема природни предиспосиции за да расудува реално, па ќе си остане вечно верен на својот став!:)
Strelec, Мора да истакнам дека не се согласувам со тебе во случајов со фио, односно во делот каде што истакнуваш дека нема природни предиспозиции. За тоа што ќе си остане верен до својот став, се согласувам бидејки за него и таквите како него преиспитувањето на „својот“ став означува инстинктуално-егзистенцијално прашање. Така е насочен, така неговата околина го има калапирано. Тој и таквите како него не се ништо друго освен производ на една пропаганда која отуѓуваше се` преку внатрешни и надворешни непријатели и создаваше омраза кон успешниот поединец, правејки го криминоген и опасен за благосостојбата на народот (стадото, всушност на овчарите на тоа стадо). Преку селективни информации и строга забрана за останатите информации таквите како него се успешно насочени бидејки се, всушност, интелегентни и емотивни. Ти би рекол поседување на природни ресурси. Работено е систематски врз појава на вакво однесување. За него само авторитетот е авторитет, а кој е за него авторитет? Е па, авторитет треба да му каже!!! Можеш ли да ја видиш заблудата? Тој и таквите како него не се ништо повеќе од статистика. Курназ човек, сеирџија, провокатор, неспособен за блиски и интимни пријателства бидејки секој за него е потенцијален непријател освен авторитетот. Кажаново и останатото кое не е кажано не го прави зол човек, ниту пак добар човек. Само го прави вечно несреќен и покрај се` добро што би му се случило бидејки постои кај него и таквите како него диспропорција помеѓу 1. способноста и успехот Бидејки нема стандард за тоа што е успех. Ако е успешен е непријател, нели? А сака да биде успешен, кој нејке, нели? Амбивалентност е фрустрирачка работа! 2. пријателство и доминација Каде почнува пријателството, а каде доминацијата и што е разликата. Тој е научен или да доминира или да дозволи да го доминираат. Ако не го заеби тој кој има доверба во него, заради забава, или не го исмејува поради некој недостаток, пак поради забава, тој ќе биде на мета да биде заебан или исмејуван. Постојано во напад или одбрана. 3. добар или силен Поставката кај левоумно насочените од која тргаат е дека човекот е роден како зол и мора да биде учен да биде добар, наспрема вистинската поставка дека човекот е роден како добар, а учи да биде зол заради својот опстанок во својата околина. Неговата, но и мојата, околина е со цврсто убедување дека ако си добар си слабак бидејки само слабите можат нешто да добијат со добрина. Па нели сила бога не моли е изреката на нашиот народец. Се чудам само дали е автентична бидејки низ оваа планета важи правилото дека само кога добриот човек не го спречува злото, тогаш злото (силата) победува!!! Значи добрината и се` што се подразбира под неа се гледа како манипулација на слабакот таа ретко се појавува во искрена форма, но затоа редовно ќе се види простачко-насилно однесување кое всушност, во умовите на практикантите на овој вид на однесување кажува дека тој е силен и треба нему слабаците да му покажуваат добрина (да се повинат на неговата волја како што тие се повинуваат на нивниот авторитет). Гнасно, нели? Доста беше!!! Има појче ама не ми се пишват оште!!! Кој не го разбрал вицот нека не се меша у штипки, ОК!!! Одговарам на прашања, се подразбира!!! Важно е да се знае дека фио и останатите СЕ интелегентни и емотивни луѓе со голем капацитет кој им е заробен преку систематско манипулирање на општествената свест заради „интересот на државата“!
cile
quote:
Izposteno od izguben Izguben Zosto nas nekoj ne ne prasa sto misleme za ramkoviot dogovor??
Koj sakas da te prasa bre oni nas sto sme tuka ne ne prasaa vas da ve prasuvale.[:(!]
vmro ako me prashate mene ( a gleam deka ne me prashuvate ali ko magareto jas ke si kazam) jas bi ja podelil krivicata na polovina, pola e na makedonskata vlast koja ne dava na iselenicite da glasaat vo drzavata kade shto ziveat ( taka pravi usa, canada i drugi drzavi) a da ne zboram za dokumenti, a drugata polovina e krivica na lugeto shto se nadvor od mk (ne zboram za site) ima luge shto ne se vratile nazad poveke od 30 godini, decata nivni a i vnucinjata neznaat da zborat makedonski, a ne deka nemaat pari za karta nego ete ne se vrakaat i kraj na prikaznata, eve jas imam tetka vo avstralija 38 godini ne e vratena vo mk, a pak od druga strana imam vujko vo germanija toj pa sekoj vikend e vo makedonija...
Misirkov E jas tuka ne bi se slozil so dadenata proporcija od vmro. Bi rekol deka i pokraj site kolektivni "karakterni deformacii" na dijasporata, sepak vlasta daleku povekje nosi krivica za situacijata - nekade 90tina posto!
Thief Moј нов вонреден и ополномоштен амбасадор и гласноговорник на темава е противпопадагна. Има право да зборува и во мое име. Јас се дистанциам од темава, имам многу работа во моментов, немам време да изигрувам папагал и по 100 пати да повторувам едно, те исто, а вие со сила не сакате да го сфатите!
fio
quote:
Originally posted by izguben
DA zaboravenite MAKEDONCI. Do koga ke bidat MAKEDONSKITE iselenici(koi milum koi silum)ignorirani od MAKEDONSKATA vlast(segasna-minata-idna)do koga???? Koga nie ke dobieme pravo na glas? Do koga ke bideme siracina? Zosto nas nekoj ne ne prasa sto misleme za ramkoviot dogovor?? MAKEDONIJA e nasata majka ne zavisno kade sme. A sto nie dobivame???? Koga ke se vratime nazad(viza se bara)bez razlika dali tatko ili majka se MAKEDONCI. Nasiot pridones e dovolno golem. PR.kade i da sme kupuvame MAKEDONSKI proizvodi, so samoto doagane vo Tatkovinata VNESUVAME devizi,pa se najduva i po nekoj(retko,greska na vlasta)ke investira,da se ima rabota za mladite. Mozebi ne se site so isti interesi za dobroto na MAKEDONIJA arno ama sto storila vlasta da gi privlece MAKEDONSKITE ivestitori??? Sve sto e za MAKEDONSKI interes se prodava,STOPANSKA banka grcija ja ima MNOZINSTVO OD ISELENICITE pustaat pari do svoite preku STOPANSKA znaete li kade zavrsuvaat Devizite(grcija)????? razbudetese!!!! DO KOGA???? NAVEDNATA glava sabja ne ja sece. ZATOA stignavme kade sto sme.
Додека не се вратите, ќе бидете игнорирани. Кога си избрал да живееш во друга држава, не се буни што матичната држава не прави ништо за тебе, буни се во твојата “нова“ држава :)
Thief Па, вие со многуте пари, што не ја купивте Стопанска и немаше парите во ГРција да одат. Плус, како сакате да гласате и да имате политички права, кога живеете на друго место и учестувате во тамошниот општествен живот?! Мноштво пати имам пишувано на оваа тема и мислам дека е депласирано веќе повторно јас да скокам во првите борбени редови кога се зборува за македонската имиграција.
Strelec
quote:
Originally posted by Thief
Мноштво пати имам пишувано на оваа тема и мислам дека е депласирано веќе повторно јас да скокам во првите борбени редови кога се зборува за македонската имиграција.
Во право си... и затоа не скокај!:)
Thief Страв ти е дека повторно ќе испаднам во ПРАВО?! [:D]
izguben
quote:
Originally posted by Strelec
quote:
Originally posted by Thief
Мноштво пати имам пишувано на оваа тема и мислам дека е депласирано веќе повторно јас да скокам во првите борбени редови кога се зборува за македонската имиграција.
Во право си... и затоа не скокај!:)
Kako i sto ocekuvav,od ironicni licnosti,ironicni odgovori. Za MAKEDONSKATA imigracija(iselenicite )vie ne ste MAKEDONCI toa li sakate da kazite? P.S. Where there is no vision, people perish.
dejan Za da se napravi po dobra Makedonija, so iseluvanje nema da se postigne nisto. zhalno sto Makedonci sakat da se iseluvat vo naj tesko vreme. ako sega ne e dobro, togas neka se pravi nesto za idninata, za tie sto ke se rodat, da bide podobro za oni. mislam mnogu golema grska e sto ljude vo Makedonija sakat da iskocat od zemjata. i ako ima familii sto go sakat toa, togas decata koga ke otidat vo drugo zemja, na primer, avstralija, amerika, anglija, posle nekolku godini, ke im bide zhal zasto oni ne se vo tatkovina. ke rasnat bes Makedonskata kultura, bes makedonski narod, i religijata. i ako ke bidat medju Makedonci kade sto se, nema isto da bide. isto posle ke vidat deka neznaat mnogu od kade se rodeni, istorijata, i sve drugo, ke neznaat sto e da bides i da se osecjas kako Makedonec/Makedonka. po dobro da se sedi za da bide podobro za mladite i za tie sto ke bidat rodeni. vidi gi grcite, kolku ja sakat svoja zemja, kolku ja stavat na srce, ke se borat za taa zemja. Makedoncite morat taka da bidat, za eden den da bide makedonija kako sto bila vo po dobri vreminja. a ne shiptari da ja lapnat.
protivpropaganda
quote:
Originally posted by Thief
Страв ти е дека повторно ќе испаднам во ПРАВО?! [:D]
Thief, Напротив!!! На стрелец му е страв да не интервенирам јас во случајов![:D][;)] Пак ти против своите, А?[:(!][;)] АЈ, АЈ!!! Ќе ти го дотерам јас тебе паметот. Ќе бидне од тебе човек!!! izguben, Иако постојано интервенирам во корист на Македонците кои живеат надвор од Македонија, дијаспората, во случајов мора да потврдам дека Thief е делумно во право, за жал! Што имаат дијаспората направено, онака суштински, да докажат дека можеби ја напуштиле Македонија ама од нејзе не се одделиле? Каде гледаш борба на дијаспората за вклучувањето нејзино во тековите на Македонското битисување? Нашата дијаспора се единствените слободни Македонци. Тие немаат многу направено раздорот кој го направиле други да го скршат и да се докажат како доблесни припадници на еден народ кој се грижи за него. Поединци, ДА и секоја им чест ама грото од нив само им текнува за Македонија кога се поднапиени. Денешното време дозволува, без многу ризици, дијаспората да помогне да се покрене својот народ ама се` си останува по старо. Чесни се твоите намери за дискусијава, верувам ама за еден кој сака да потегне нешто постојат десет кои гледаат како да задоволат само свои алчни интереси. АКО САКА ДИЈАСПОРАТА ДА БИДЕ ПОЧИТУВАНА ОД СВОИТЕ ТОГАШ ТРЕБА ТОА ДА ГО ЗАРАБОТИ (НИКОЈ И НИКАДЕ ПОЧИТ НЕ ДАВА ОНАКА). ДА ГО СКРШИ РАДОРОТ КОЈ БЕШЕ ИНИЦИРАН ОД ЗАДОВОЛУВАЊЕ НА ТУЃИ ИНТЕРЕСИ. П.С. Пред се` треба вие да сте единствени во своите околини па да барате единство кај Македонскиот народ. Познавајки ја дијаспората можам со сигурност да заклучам дека тоа нема да се случи.[V] Како и да е, не е состојба со перманентна квалификација.
DJ_SHEMA
quote:
Originally posted by Thief
Страв ти е дека повторно ќе испаднам во ПРАВО?! [:D]
Povtorno?
Strelec Аман бе Thief!?
protivpropaganda Strelec, Ако ти дадов право да ми го пишваш им`то тоа не значи дека ти дадов право во мое име да пишуеш. фио, Ај не претерувај, жиф ти се`!!!
Pina E aj malku da se vratam na temata shto ja zapochna "izguben", kako da mi beshe imitacija od nekoj ovde, jas mislam deka eden prosechen moderen pechalbar can do better than that, ama ajde... Koga zboruvame za Makedonska Dijaspora treba da bideme malku poodredeni za shto zboruvame ili za koja Makedonska dijaspora stanuva zbor. Makedonski nacionalni chustva izrazuvaat i onie dojdeni ovde od Grcija (Egejska Makedonija) ili Bugarija (Pirinska Makedonija), ama problemot so ovie Makedonci e vo toa shto za niv, R, Makedonija ne e matichna drzhava nitu potsvesno. Iskluchok se t.n. "Deca begalci" (sega veke starci), izrasnati i shkoluvani po Istochniot Blok lesno ja prifatija R. Makedonija za svoja matichna drzhava, mnogu od niv zhiveeja i stvorija semejstva vo R. Makedonija pred da dojdat ovde na Zapad. Posle ima edna grupa na Makedonci shto doshle ovde za vremeto na komunistichkiot rezhim, do krajot na 60-te, vo R.M., bez ogled na motivot(ekonomski, politichki, avanturistichki} za niv vo R.M. sekogash ke bide nekoj rezhim na vlast. Posle ja imash poslednava generacija, dojdeni poslednive 15-tina godini, rodeni, shkoluvani vo R.M. generacija shto gi dozhivea i prezhivea site zbidnuvanja na Balkanot neposredno pred i po raspadot na YU. Mnogu posposobni, poshkoluvani, doagjaat so solidno nauchen Angliski, brzo se snaogjaat itn,,, Ova e vaka eden grub ideoloshki presek na Makedonskta Dijaspora, koja potsekja na vrekja polna so rogovi da ne preteram. Na terenot rabotite se vaka: (Zboruvam za Canada, Toronto) Nashiot nac. praznik Ilinden go odbelezhuvame so dva mozhebi i tri izleti ili piknici kako sh'o gi vikaat ovde, ke da e sekoja crkva si organizira za sebe shto e i razbirlivo i praktichno, Toronto ima radius od 50 km,megjutoa poradi nashata nemokj, nezainteresiranost, inertnost ili shto li e, ovoj nastan ne e spomnat vo nitu edno sredstvo za informiranje ovde vo Toronto. Ne prochitav za toa nitu dva reda vo Star, ili Toronto Sun, ili da spomnat na City TV. A mozhebi imalo, sum propushtil, popravete me ako gresham. Koga Grcite go proslavuvaat nivniot nac praznik za toa ke prochitash i ke vidish, bidi siguren, Danforth go zatvaraat za soobrakjaj, se jade i se pie, toa e nastan vo Toronto. Ova ne e za sporedba, go davam samo kako primer. Pred 10-tina godini vo Toronto gostuvashe "Tanec", poim za Balkan Folk dances, evropska klasika za folklor, igraorna grupa so pedigre, dojdoa i shto? Od aerodrom gi sobraa so privatni avtomobili, pa koj vo privatni kukji, koj vo motel, napravija 2-3 koncerti iskluchivo za "nashite sonarodnici vo stranstvo" i to beshe se. Druga komuna od eden vakov nastan ke napravi news, ke organiziraat dochek, ili barem ke se spomne vo dnevnite vesti. Ako nie ne mozheme na svetot da mu go prodademe nashiot folklor se prashuvam dali voopshto neshto mozheme da "prodademe" Dojde Kiro Gligorov, neshto kako promocija na memoari, kniga, ne e vazhno. Na vremeto Gligorov beshe najspomnuvana lichnost od Makedonija, prv predsedatel, direkten akter vo mnogu megjunarodni politichki zbidnuvanja vrzani za R. Makedonija, nash najcenet diplomat, imal lichni kontakti so mnogu drzhavnici, drzhavnici za koi segashnive nashi lideri mozhe samo da sonuvaat, predsedatel koj prezhivea atentat (vistinska retkost)... I nie od toa ne mozhevme da napravime news vredna da se spomne vo Sun, Star, City TV pa neka ja rechat i FYROM, big deal. Ne be brat, pa Gligorov e velepredavnik neli prodal ime, zname mumbo jumbo, toa ke slushnesh. Toronto e grad koj forsira eden koncept na diversity, ima ogromni mozhnosti za sekoja komuna, sredstvata za javno informiranje se otvoreni za site, treba samo inicijativa, da se znae na koja vrata da se tropne, ama nie, nashata inertnost i nashiot kompleks na poniska vrednost si gi vlecheme od doma, i vie ne-Dijaspora si gi imate, trust me on that. Shto da kazham za ne-Dijasporata na forumov nash. Od kade da pochnam. Aj ke pochnam so onaa Monica, double nick, najverojatno, na site ovde ni deli lekcii za hrabrost, patriotizam, kako pechalbarite samo znaat ba HOLIDEJ da se shetaat so karovite i bla..bla,,,a megju drugoto veli se plashela da odi vo Chair (jas sum Chairchanec) da ne i stavat bomba pod kola. Vidi ti koj zboruva za hrabrost, i e strav da odi preku Vardar, nema hrabrost ni kolku edna baba (majka mi e vo Chair veke 5 meseci, sama vo stan, i gajle nema), i ushte veli neshto kako; Ja ostavivte Makedonija drugi da vi ja chuvaat, a vie drvite penis na sigurno. Sekakov komentar e izlishen. A ova moram da go citiram: Па, вие со многуте пари, што не ја купивте Стопанска и немаше парите во ГРција да одат. Плус, како сакате да гласате и да имате политички права, кога живеете на друго место и учестувате во тамошниот општествен живот?! Мноштво пати имам пишувано на оваа тема и мислам дека е депласирано веќе повторно јас да скокам во првите борбени редови кога се зборува за македонската имиграција. Pa koga veke go forsirash toa "nie-vie" kazhi mi zoshto vie voopshto i ja stavivte Stopanska Banka na prodazhba, i ne samo Stopanska. Pa nie shto sme Makedonski drzhavjani ovde vo Kanada i bilo kade, imame politichki prava vo Makedonija isto kolku i ti, pa dali toa tebe ti se dopagja ili ne e tvoj problem. Pa duri i pravish neshto od nishto,bilo deplasirano da skokash vo prvite redovi, demek prvoborec, vo sluchajov Don Kihot at its best. Deplasirano e voopshto da se pravat vakvi muabeti, kako prvo i prvo. Slusham deka Makedonskite sluzhbenici na carina i pasoshka kontrola mnogu grubo se odnesuvaat sprema onie shto vleguvaat so nemakedonski pasosh. Aferim. Mozhebi ne e masovna pojava ama imam slushnato od nekolku lica za verbalni neprijatnosti so sluzhbenicite na carina. I posle se, na vrakjanje, edno mehanichki kazhano Welcome to Canada od strana na kanadskite sluzhbenici, bez ogled na toa so kakov pasosh patuvash, za moment, del od sekunda shto se veli ke se osetish kako da si doma, dome slatki dome. Imam edno gadno chustvo deka ke se razgovara za ukunuvanje na dvojno drzhavjanstvo. Ke se najde nekoj patriot toa da go turka za da gi "zaebe" Bugarite, ke vi go prodade toj predlog za da se zashtiti Makedonija od Bugarizacija, demek, nekoi od vas ovde na forumov ke bidat zavedeni, "ako si ja sakaat Makedonija neka si sedat ovde" filozofija...ke go reshite problemot so Dijasporata, ushtre edna Don Kihotova vodenica ke bide pobedena...Aferim. Ama i jas ja otupiv, dosta beshe masiranje, aj zdravo...
fio
quote:
Originally posted by protivpropaganda
Strelec, Ако ти дадов право да ми го пишваш им`то тоа не значи дека ти дадов право во мое име да пишуеш. фио, Ај не претерувај, жиф ти се`!!!
Што тоа претерав? :-) Само си го кажав своето мислење Еве, ти си у владини тела и сл, придонеси нешто за подобрување на врските со нашите дијаспорци ;)
protivpropaganda
quote:
Originally posted by fio
quote:
Originally posted by protivpropaganda
Strelec, Ако ти дадов право да ми го пишваш им`то тоа не значи дека ти дадов право во мое име да пишуеш. фио, Ај не претерувај, жиф ти се`!!!
Што тоа претерав? :-) Само си го кажав своето мислење Еве, ти си у владини тела и сл, придонеси нешто за подобрување на врските со нашите дијаспорци ;)
fio, Никој не ти се меша во мислењето. Само ти напоменав да не претеруваш со провокациите! Инаку од `87 работам на проблематиката околу создадениот раздор кај Македонците. Најголемите кочничари на каков и да е успех се луѓе кои сеуште мислат дека Скопје е сеуште во Југославија. Од `89 до `93 имав најголем успех во претворањето на југиш заробените умови во Македонци за потоа диктаторите на пролетеријатот да расипат се`. Сеуште работам на случајот ама таквите како тебе се во мнозинство и кршат секаков квалитетен проект за ресоздавање на Македонското национално единство. Еве ти еден пример, колку да сфатиш зошто си заблуден во залудност: Албанците што се` не прават за да создадат силна дијаспора. Кога албанец ќе излезе од матичната држава тој останува дел од албанскиот народ со сите атрибути. Затоа тој смета дека има должност да дава пари за подобрување на состојбата на албанецот на Балканот. За разлика од нас кои своите си ги отфрламе како да имаме вишок на луѓе бидејки не ни требаат. Ние сме пролетери и затоа кога тогаш ќе се обединеме, нели? Моето големо искуство во ова поле укажува дека за секој еден кој ќе потегне за доброто на своето ќе се јават 10 кои ќе гледаат на секаков начин таа активност да не успее, а тој што ја потегнал... Тешко нему!!! Твое си е мислењето. Не се мешам!!! Ама имам право да те замолам да си го преиспиташ, нели? Поздрав
Strelec
quote:
Originally posted by protivpropaganda
Твое си е мислењето. Не се мешам!!! Ама имам право да те замолам да си го преиспиташ, нели?
Good try!:) Ама џабе protivpropaganda! fio нема природни предиспосиции за да расудува реално, па ќе си остане вечно верен на својот став!:)