Охрид, UNESCO. |
sapeski |
Охрид ќе биде избришан од списокот на УНЕСКО
[img]http://images.mt.net.mk/images/unesko12.jpg[/img]
Охрид, 21 септември (МИА) - Охрид сигурно ќе биде избришан од списокот на УНЕСКО доколку продолжи актуелната неконтролирана станбена агресија со која се менува панорамскиот изглед и се уништуваат вредностите на градот, укажуваат претставниците на Заводот и Музеј на Охрид.
Според нив доволна причина за ваква одлука е урбаното дивеење, висококатниците во центарот, уништувањето на парковите и зеленилото и деградацијата на крајбрежниот појас.
Тие бараат да се стави мораториум на сите градежни активности бидејќи последиците од урбаниот хаос, како што велат, се очигледни.
Се бара и стопирање на реализацијата на парцијалните урбанистички планови за централното градско подрачје според кои, покрај езерскиот брег до плоштадот ќе се градат висококатници и други бетонски колоси. На плоштадот се уништува околното зеленило и се заменува со травертин и гранит.
Законот за култура треба да биде донесен пред Нова година, а Заводот и Музеј нема одлучувачки ингеренции па може да се гради без негова дозвола и стручно мислење.
Нека ни е на здравје. |
melpomena |
По реакциите дека се деградира просторот на заштитеното охридско централно градско подрачје
Охрид останува на листата на УНЕСКО
Симон Илиевски
ОХРИД - Најавите дека поради негрижа за природното и кутурното наследство, Охрид ќе биде избришан од регистарот на УНЕСКО се неосновани, бидејќи официјалните информации говорат дека таква постапка не е поведена во оваа меѓународна организација досега. Експертите од Заводот за заштита на спомениците на културата и Музејот од Охрид деновиве предупредија дека деградацијата на старото градско јадро може да биде причина за бришење на Охрид од листата на строго заштитеното природно и културно наследство на УНЕСКО, а од охридската локална самоуправа одговорија дека за сите градежни зафати имаат легална градежна документација и дека со ништо не се деградира заштитениот простор.
За разлика од двете страни, јавноста смета дека никој нема право да се поигрува со бришењето на Охрид од листата на УНЕСКО, зашто тоа може да има далекосежни последици за сегашноста и идината на најпознатиот туристички центар во Македонија.
- Заводот за заштита на спомениците на културата и Музејот од Охрид, мораше да предупреди дека при реконструкцијата на Старата охридска чаршија и градскиот плоштад, не се почитуваат урбанистичките планови и се деградира просторот на заштитеното централноградско подрачје, вели Јордан Трца, директор на охридскиот Завод и Музеј. Тој додава дека уште полошо ќе биде доколку се продолжи со поплочувањето на главниот градски плоштад и уништувањето на зелените површини пред Рибниот ресторан, па сў до градското пристаниште. Тоа, според него, може да биде причина за поведување постапка за бришење на Охрид од листата на УНЕСКО.
Моментално, и покрај апелите на експертите и јавноста, продолжува уништувањето на зеленилото кај "Летница° и поплочувањето на плоштадот на потегот кон градското пристаниште. Граѓаните реагираат дека ќе се бетонира и последниот зелен простор во центарот и конечно ќе се загуби последната автентична панорама на Охрид. Вакви и слични забелешки имаше и при реконструкцијата на плоштадот "Чинар° и Старата охридска чаршија, но изведувачите ги продолжија работите и наместо стариот камен поставија нови камени плочи кои целосно го нарушија изгледот на чаршијата, едно од најавтентичните обележја на Охрид.
Од кабинетот на охридскиот градоначалник велат дека ги отфрлаат сите обвинувања дека тие се виновни за урбанистичкиот хаос во градот и дека во никој случај статусот на Охрид, како град заштитен од УНЕСКО, не е доведен во прашање. "За сите градежни зафати, вклучувајќи ја и реконструкцијата на капиталните објекти, како што се Старата охридска чаршија и главниот плоштад ја има потребната документација, а некој сака да ја преврти вистината и да го злоупотреби статусот на Охрид во УНЕСКО° - објаснува Васко Ложанковски, советник во кабинетот на охридскиот градоначалник Никола Наумов. Тој додава дека по средбата на Наумов со македонскиот амбасадор во Франција, Јордан Плевнеш, било добиено уверување дека македонската амбасада има постојани контакти со централата на УНЕСКО во Париз и дека досега немаат никаква информација за постапка за бришење на Охрид од листата на светски заштитените природни и културни реткости.
Очигледно е дека спорот меѓу Заводот и Музеј и локалната самоуправа лежи токму околу улогата на експертите за заштита на спомениците кои според стариот закон се консултираа, а Заводот за заштита на спомениците на културата даваше мислење при донесувањето на урбанистичките планови. Со новите законски решенија таа можност е укината и според архитектот Тања Паскали-Бунташевска вработена во охридскиот Завод и Музеј, овозможено е без стручни консултации да се донесуваат урбанистички решенија кои го деградираат заштитениот простор.
Познавачите на урбанистичките состојби во Охрид, велат дека во актуелнава ситуација состојбата се комплицира, бидејќи првиот човек на Заводот и Музејот Јордан Трца е и претседател на Советот на Општина Охрид, тело кое ги донесува урбанистичките планови. На забелешките Трца деновиве одговори дека не е проблемот во решенијата во урбанистичките планови, туку во нивната реализација, во која изведувачите отстапуваат од плановите, при тоа посочувајќи го архитектот Климент Заров, како човек кој по свое наоѓање ги менува плановите.
Во охридската јавност деновиве, сепак, преовладува мислењето дека темата со бришењето на Охрид од листата на УНЕСКО сў повеќе се злоупотребува и како закана и како изговор за конкретните постапки на локалната самоуправа со кои реално се деградира централното градско подрачје. На ваквата состојба најмногу раегираат туристичките работници, кои веќе добиваат сигнали од нивните партнери, кои врз основа на информации од медиумите прашуваат што се случува во Орхид.
www.utrinski.com.mk
|
cile |
E odlicno sea mi olesna. |
kopacot |
ko ke gi sruset Bosko-REMIS i karadak site zgradi so gi naparaja mojme da barame pari od UNESCO...vaka Kicevo ke go zejt UNESCO :) |
OooOo |
Dobro e, barem ednash Skopjani ne se krivi :)) Se shalam .. greota shto se unishtuva, ali toa e. Modernizacija mora da se ima :) |
slasa |
mnogu moderno mr ooooo |
cile |
quote:
Isposteno od deckoto pogore
..imam bratucetki vo centar
Pa za kogo gi cuvas da da se posvatime majkumu .....[:)][:p] |
dejan |
Pa gi cuvam za tebe bre:p |
cile |
quote:
Izposteno pogore
Pa gi cuvam za tebe bre:p
Tuka zabegavme mnogu od temata dosta e !!!pusti na private message kratki opisi da vidam dali se licni i ubavi na baba kako ti !! primam i fotosi !!! [:p] |
dejan |
imas pravo cile:p epten mnogu zabegavme od temata[:p]
|
cile |
Po mene neka go izbrisat, sto ni e gajle koga pa tie od UNESKO se zaangazirale da gi promoviraat ubavinite na Ohrid i negovata okolina???Jas neznam za takvo nesto.A toa sto se rusi se rusi ali ke se gradi mora i Ohrid da se ukljuci vo modernite turisticki tokovi samo da praat se kako sto treba 10 pati meri ednas seci !!! Ubavo kazaa pogore fala bogu se custvuvam prv pat gord sto sum Skopjanec a da ne sum kriv za nesto u Ohrid [:D] |
dejan |
pa koi kazuva DA za da se srusat tie kuci i sve drugo?! Ohrid mora da se cuva kako zlato na balkanot. Ohrid e kako sto citav negde 'Jerusalem in the Balkans'
koi lud covek dava dozvolo za da se pravi ova sve?! |
cile |
Aerodrom [:D]
A za Debar ke mi treba vaterpolisticka kapica [^]
|
dejan |
Aerodrom, imam rodnini tamu:) |
cile |
quote:
Posted bu nekoj pogore
Aerodrom, imam rodnini tamu:)
.....Bratucetki ???[:p] |
dejan |
ayyyy jakiot skopjanec:p
inace, od kade vo Skopje si? |
kopacot |
Cile......spremaj kUpacite za debarsko ezero drugava sezoNa :) |
AaaAa |
quote: Originally posted by cile
Po mene neka go izbrisat, sto ni e gajle koga pa tie od UNESKO se zaangazirale da gi promoviraat ubavinite na Ohrid i negovata okolina???
UNESCO E zastita ne promotor, dovolna promocija e toa shto e na listata na UNESCO. A ko Albanija cedese voda od ohridskoto ezero seti se koga konecno seto toa prestana. Nas ocigledno ne ni e gajle za Ohrid, pa zaso da ni e gajle za UNESCO, potpolno te razbiram ustvaru ; vo pravo si. Ebi mu mater, samo glavobolka ni e toj ohrid ko ke razmislis, te se neshto mu fali ...rusi tamu i gajle nemaj, jebesh unesco |
cile |
quote:
isposteno from above me
UNESCO E zastita ne promotor, dovolna promocija e toa shto e na listata na UNESCO
F#ck them RUSHI MISKO !!!![:D] |
dejan |
quote: Originally posted by cile
quote:
Posted bu nekoj pogore
Aerodrom, imam rodnini tamu:)
.....Bratucetki ???[:p]
xixixi. ne ne, samo bratucet:p
ama imam bratucetki vo centar[;)] |
kopacot |
sea raat ke mochame i nie i skopjanive v ezero :) |
StormAngel |
Prasanje e dali ke vi ostane i ezeroto.[:D] |
bliznak |
Dosega go mocaa, sega dan pocnat da go pijat? |
kopacot |
ke go praele kao debarsko...deka mocano....bilo lekovito pa ke gnjurele po cel den skopjanive :)) |
bliznak |
Aktuelno e prashanjeto dali ohrid vo idnina ke go ima epitetot "Grad na UNESCO" ...
|