Man on the moon ? vistina ili laga ?
Man on the moon ? vistina ili laga ?
deni aj tink dec a laj , vot du ju tink ? Дали атерирањето на човекот на природниот Земјин сателит е снимено во лондонско студио? Пореално отколку на Месечината Тезата дека човекот никогаш не бил на Месечината ја расипа прославата на 35-годишнината од првите чекори на Нил Амстронг на природниот Земјин сателит. Конкретен повод - појавата на еден документарец под наслов "Операција Месечина" Љубомир Костовски Дали знаете дека една од првите реченици на космонаутот Нил Амстронг при неговото лунирање е "Среќно , господине Горски" и дека таа по местото на изговарањето и дикцијата на "рецитирањето" е на исто рамниште со онаа, нам апсолутно попознатата: "Ова е мал чекор за мене, голем за човештвото"? Што значел спомнатиот поздрав? На тоа не можеле да одговорат ниту одговорните од НАСА, ниту многубројните коментатори кои го следеле првото спуштање на човекот на Месечината. Едноставно, станувало збор за однесување на Амстронг надвор од протоколот, едно негово ексцентрично излегување од официјалното сценарио кое, како и филмското, може да се менува единствено со дозвола на режисерите на спектаклот, таму долу во Далас. Тој господин Горски е некогашен сосед на Нил Амстронг, кој постојано се карал со сопругата, дури и во негово присуство. Во еден миг на лутина госпоѓа Горски му рекла на сопругот дека може да има секс со неа само кога детето што ја следело расправијата (Нил) слета на Месечината. Во тој миг, некаде во доцните четириесетти, ова значело дека господинот сосед ќе апстинира од заедничката постела цел живот, но ете, тоа мало дете пораснало и приликите се изменети, без оглед што ?вијаграта" сў уште не била измислена - пред Горски бил пријатен период на животот. Ова е само еден од повеселите детали што можеа да се дознаат по повод одбележувањето на 35-годишнината од освојувањето на природниот сателит на Земјата. Тоа потсетување, како и на нив сличните, се случија пред повеќе од два месеца, но еве, како оттогаш до денес некои аспекти на прославувањето не ги смирија полемиките, што во тој миг ги предизвика појавата на "дрскиот" целовечерен документарен филм под наслов - "Операција Месечина". Ова дело на Вилијам Карел, инаку, освои и престижна германска ТВ-награда "Грим прајс" и тоа опстојува на не многу новата теза дека снимките што сме ги гледале на малите екрани на тој 21 јули, рано наутро во 1969 година, едноставно не се случиле. Според филмот на Карел, тие се плод на холивудски фантазии под диригентство на високи владини кругови. Поинаку речено - целата планета гледала само однапред снимен материјал. Овој филм, инаку, кај нас можеше да се види на ТВ-каналот Дискавери, но по прославата - некаде во август, беше повторено неговото прикажување неколку пати и стана видливо за оние наши читетели кои имаат кабловска ТВ во домовите. Оттаму, таа тема кај нас како да предизвика дополнителен ментален земјотрес и дигна прав во мигот кога тој веќе беше слегнат во другите делови на светот. Да се вратиме на спомнатиот филм. Во него, за разлика од многу скептици спрема целата операција на освојување на Месечината, Карел не го оспорува освојувањето на Месечината. Тој, едноставно не навлегува во тоа прашање - негова цел е телевизискиот пренос од самото место, за кое смета дека едноставно не постои и дека сликата е емитувана од некаков видеорикордер. Според овој автор, слетувањето на Месечината е снимено во некое од студијата на Ем-Џи-Ем во Лондон и тие требале да бидат несоборлив доказ дека во трката во вселената со Советите за прв пат победиле Американците и тоа убедливо. По шокот со првиот вештачки сателит околу Земјата, со Лајка, Белка и Стрелка, со убедливата насмевка на сега покојниот Јуриј Гагарин и шармот на сў уште атрактивната Валетина Терешкова, што како психолошки удари ја тормозеа суетата на водечката нација, САД мораа да го свртат ветрот во своите едра. Претседателот Кенеди ја вети таа победа, како победа на еден систем врз друг и освојувањето на Месечината морало да биде толку очигледно што би ги заслепило сите претходни стагнации и неуспеси. Во таа смисла, авторот на документарецот тврди дека во НАСА се послужиле со итрина - го снимиле однапред освојувањето, чекорењето на Амстронг и подоцна на - Олдрин по правот на нашиот природен сателит бидејќи, во спротивно, сликата не би била толку убедлива. Од кои причини? Пред сў ниту една камера од таа доба (1969) не би можела да одолее на големите температурни амплитуди. На Месечината дење температурата се качува до 150 Целзиусови степени во сенка, а ноќе оди до минус 180! Квалитетот на испратената слика од Месечината, острината, дефинираноста на објектите и другите елементи говорат дека или астронаутите располагале со техника која не е позната ниту денес за пошироката јавност или тие снимки се дел од некаков филм снимен во земјино студио. На минус 80 степени се уништува секоја филмска регистрација, на минус 150 се уништуваат сите батерии (оневозмежено би било и дигитално снимање), а на плус 120 доаѓа до комплетно декомпонирање на боите! Внимание - таму горе единствен извор на светлината е Сонцето, а при само еден извор на светлина таков контраст, бои и острина не се можни. Посебен момент во сторијата на "Операција Месечина" е трагата на стапалото на Амстронг. Тоа е навистина јасно - се гледа секоја шара. Но, теоретски тоа не е можно: Амстронг имал опрема која тежела, сосе него, 180 килограми. Бидејќи гравитацијата на Месечината е шест пати помала од Земјината, Амстронг тежел како и некое помало дете - 30 килограми. Каква трага би останала од него? Секако не онака силна, особено не на такво полукаменита почва. Дилемата околу знамето кое се виори секако е стара тема - таму каде што нема атмосфера, нема ниту такви можности за виорење. Како се пренесува ветерот? Динко Туцаковиќ, еден од оние режисери кои долго работат на телевизија, по повод документарецот за кој станува збор, вели дека толку совршена слика на преносот не е едноставно можно. Во САД се вршени преноси од дуелите на Мохамед Али, на пример, па тие биле во тоа време далеку од совршени, со многу тресења на сликата, со прекини... А да се одржува врската со Месечината беспрекорно, без ниту едне прекин, е невозможно, резонира Туцаковиќ. Овој ТВ-автор, денес директор на Југословенската кинотека, смета дека целиот филм го снимал Стенли Кјубрик и тоа во студијата на Ем-Џи-Ем, сместени во британската престолнина. Временски тоа се совпаѓа со неговото снимање на "Одисеја во вселената 2001", која излезе од монтажната маса под логото "Пореално отколку да сте биле на самото место". Кјубрик, едноставно, според Туцаковиќ во исти услови, студиски, снимал два филма, со тоа што оној за Месечината е веројанто завршен порано, а "Одисејата" следувала потоа, но духовно ја одразувала истата матрица -"подобро е да е совршено, а виртуелно, отколку реално, а со лош квалитет". Карел, инаку, кога почнал да го снима документарецот се послужил со лукавство - од соговорниците барал тие да говорат за Кјубрик, небаре му прави омаж на покојниот автор. Ова им отворило уста на многумина негови современици-соработници, а не мал број од нив притоа барале да е исклучена камерата! Кјубрик се разбирал во светлина. Првобитно тој бил фотограф во "Лајф", потоа постојано во филмовите експериментирал со специјални оптички направи. Филмот "Бери Линдон", според Туцаковиќ, е сниман со светлина добиена од свеќи (!) а "Фул метал џекет" место во виетнамските џунгли постојано е работен во студио, со комплетна илузија дека сў е работено во некоја џунгла крај Меконг. Според Туцаковиќ, ова е само доказ за неговата апсолутна надмоќна визуелна интелигенција во споредба со другите од неговиот занает. За оние кои малку го знаат живиотниот пат на режисерот на "Одисеја" останува чуден односот на авторот спрема родната земја САД. Тој се скара со Холивуд и ниту еднаш не стапна потоа во Америка. Дури и кога требаше да работи некои секвенции за "Со широко затворени очи" во САД, тој таа работа ја препушти на својот помошник. Неговата наводна кавга со оние преку океанот денес се толкува како "алиби варијанта" за криење на вистината за снимањето на филмот наречен (во тајност) "Операција Месечина". Она што, според Туцаковиќ, е клучно прашање по гледањето на "Операција Месечина" е ако сите сме биле толку вешто измамени во 1969 година, колку ли би била полесна лагата во 2004? Би прашале - можно ли е сега некаде да снима филм за истоварувањето на Марс?!
sapeski Могуќе.
dbk Gore napisanoto pojke na true ke mi lici negoli vistinski da sletal man na moonot :)))))))
deni oddamna jas gomna jadam za ova , ali site lud me praat .
Thunder from down under milo mi e ko ke gledamvaka eden poeden se razbuduvaat lugevo vo svetot i svajkaat kakvi se amerikancite citaj te go ova http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?ARCHIVE=true&TOPIC_ID=5204 http://www.sbs.com.au/whatson/index.php3?id=326 Cult Documentary: Dark Side Of The Moon Screening on SBS Television Saturday, October 4th at 8.30pm documents for the first time the role that the famous director Stanley Kubrick played in the Apollo 11 moon landing. When Kubrick’s cinematic masterpiece Barry Lyndon was released in 1975 critics acclaimed the extraordinary lighting effects he achieved - recreating the candlelit interiors of the 18th century. This was possible because of Kubrick’s access to a highly specialised camera, the only one of its kind in the world, which was normally used for filming spy satellites. NASA’s loan of the camera to Kubrick raised questions at the time but it is only since Kubrick’s death that a full explanation is possible. In interviews with Kubrick’s widow, Christiane Kubrick, and his production manager Jan Harlan, DARK SIDE OF THE MOON examines how Kubrick oversaw the filming of the first moon landing. Kubrick was first approached when Nixon was warned the technology to film the Apollo 11 moon-walk was not totally reliable and footage of this remarkable event might not be available to the public. Nixon was deeply disturbed by the implications, especially the threat it may pose to public support for American space projects - which also funded missile research. Faced with the possible loss of television images of America’s triumph in the space race the White House administration took the extraordinary step of arranging backup footage. The early rushes of 2001: A Space Odyssey had already caused a sensation and several of Kubrick’s ideas had been adapted by NASA. Kubrick had been given special access to the White House during preparations for the filming of Dr Strangelove. Now Washington called in the favour and made use of the Space Odyssey set to create unforgettable images of the moon-walk. The secrecy of the operation was such that four CIA agents were used to play the role of the two astronauts and two technicians. Kubrick, a perfectionist, was reluctantly drawn into a directing role when faced with the CIA crew’s lack of professionalism. The Apollo 11 mission did go according to plan but as anticipated there were no photos or footage and the Kubrick footage was substituted. Nixon’s anxiety that the deception would be discovered led him to order that anyone involved in it be eliminated. Soon afterwards he withdrew this plan but unfortunately the covert operation had already been triggered and a deployment of 150,000 men and half the sixth fleet was sent to Vietnam where the men were believed to be in hiding. The men eluded capture at this point but not long after all died – in a coma, a car crash, a drowning and a suspicious suicide in Patagonia in which the body was found cut up into small pieces. Kubrick was left as the only living witness to the faking of the footage and he became a virtual recluse, the loan of the NASA camera the only clue to their past close relationship. Amongst those now prepared to speak about these events and who contribute to DARK SIDE OF THE MOON are former Secretary of State Henry Kissinger, former Chief of Staff Alexander Haig, presidential adviser to Nixon - Lawrence Eagleburger and Secretary of Defence Donald Rumsfeld. Also appearing are astronaut Buzz Aldrin, former CIA director General Vernon Walters and NASA technical director Farouk Elbaz.
cile [img]E:\My Pictures\Space\as11-40-5902.jpg[/img] Kako moze na nogata na lunarniot modul da nema ni prasinka a znaeme kolku prasina letala pri spustanjeto na lunarniot modul.Mozda zacistile malku da ne recat lugevo lele kolku e prljav modulov zamisli da se sretnevme so vanzemaljci sto ke recat oni.....[:D]