Хрватскo-Словенечки спор
Хрватскo-Словенечки спор
OooOo 12 Словенци - пратеници уапсени на границата со Хрватска ЉУБЉАНА, 24 септември (АП) - Словенија вчера го повлече својот амбасадор од Хрватска и свика вонредна владина седница откако 12 словенски државјани беа накратко уапсени во една спорна погранична област меѓу двете држави, кажуваат медиумските извештаи. Инцидентот, последен во долгиот спор околу границата меѓу двата соседа, се случи завчеравечер и веднаш предизвика реакции кај двете земји. Дванаесет припадници на словенечката опозициона Народна партија, која моментално држи 10 од 90 пратенички места, пошле на посета кај еден свој сопартиец кој живее на имот што и двете земји сметаат дека е во рамките на нивните граници. Тие ја игнорирале хрватската погранична полиција која е тука поставена од 1991 година, кога двете земји прогласија независност од поранешна Југославија, и поминале низ имотот. Хрватската полиција ги уапсила откако одбиле да покажат документи за лична идентификација. Словенија не го признава граничниот премин. Некои од групата пружиле отпор при апсењето по што полицијата насила ги сместила во полициско комби. Словенците велат дека биле малтретирани. Парламентарецот и партиски лидер Јанез Подобник ги обвинил Хрватите дека се однесувале грубо и упорно тврдел дека го уапсиле на словенечката страна од границата. Словенечката влада остро реагираше на ова. Премиерот Антон Роп рече дека инцидентот не е насочен само против Словенија, туку и Европаката унија. Роп исто така рече дека инцидентот само ја оддалечува Хрватска од Европа. Хрватската полиција во меѓувреме иследува дали полицијата ги пречекорила своите овластувања. Хрватскиот премиер Иво Санадер, кој беше во Њујорк на средбата во ОН, рече дека Хрватска нема повеќе да ги толерира пограничните инциденти. Санадер рече дека инцидентот бил мотивиран од претстојните избори во Словенија.
kopacot
quote:
Originally posted by OooOo
12 Словенци - пратеници уапсени на границата со Хрватска Хрватскиот премиер Иво Санадер, кој беше во Њујорк на средбата во ОН, рече дека Хрватска нема повеќе да ги толерира пограничните инциденти.
Go go UstasHiiii
dejan xaxaxax kopac!
Ceki http://www.iskon.hr/forum/thread.jspa?threadID=119836&start=0&tstart=0 Eve so mislat hrvatite za to so im se zakanuva slovenija, deka nema da vlezat vo eu. Koga ke bidime i nie vakvi? Se razbira so malce pokulturen jazik :)
StormAngel A be ovoj Janez Jansha od disident stigna do premier na drzava. Ne ke da e na arno ova.
Ceki I jas taka mislam, ama narodot sakase promeni, i ke gi dobije sega ...