Ѓорче конечно ќе добие асфалт (Шема враќај се!!!)
Ѓорче конечно ќе добие асфалт (Шема враќај се!!!)
fio Деновиве жителите до Општината поднеле петиција со која бараат, освен обнова на коловозот, да бидат изградени и тротоари, атмосферска канализација и приклучните шахти за водоводната мрежа да бидат на до Жители од улица Арсениј Јовков бараат од локалните власти во Општина Ѓорче Петров нивната улица да ја изградат според проектот и деталниот урбанистички план, а не само да ја замачкаат со асфалт. Тие деновиве до Општината поднеле петиција со која бараат, освен обнова на коловозот, да бидат изградени и тротоари, атмосферска канализација и приклучните шахти за водоводната мрежа да бидат на достапни места. "Минатата недела ја раскопаа улицата и, како што ни кажаа, ќе го градат само коловозот, без да стават тротоари, а на некои делови нема да има ни рабници. Проблемот е во тоа што трасата на улицата треба да зафати и дел од дворовите на нашите соседи, кои на времето зафатиле државно земјиште. Шахтите од водоводната мрежа, исто така, се наоѓаат во нивните дворови, наместо да бидат надвор, на достапно место, и при некој поголем дефект наместо тие да бидат достапни, ќе треба да се интервенира во приватни имоти. Ние не сакаме да спречиме да се изгради улицата ниту некому да му наштетиме, туку го бараме само она што ни припаѓа како на лојални граѓани. Оваа улица не е обновена откако е изградена, односно веќе 40 години газиме во кал и прав и нема да дозволиме само да ја замачкаат со асфалт сега пред избори", велат жителите. Надлежните во Општина Ѓорче Петров објаснуваат дека поради недостиг на средства, годинава ќе ја реализираат само првата фаза од реконструкцијата на улицата, односно дека само ќе го обноват коловозот, а тротоарите и атмосферската канализација ќе мора да чекаат подобри времиња. Димитар Руменов, советник за комунални работи во Општината, вели дека во оваа фаза ќе го асфалтираат само коловозот на улицата во должина од околу 288 метри, поточно од раскрсницата со улицата Ѓорче Петров до раскрсницата со улицата 4 Јули. Ширината на коловозот ќе биде 5,5 метри, а уште 50 сантиметри ќе бидат искористени за поставување рабници. Тој објасни дека дека со проектот е предвидено поставување и на тротоари од двете страни на улицата со широчина од 2 метра. "Општината нема пари да врши експропријација, бидејќи трасата на улицата треба да минува низ дворовите на жителите. Поради тоа тротоари нема да градиме. Онаму каде што има простор ќе поставиме тротоари, односно на потегот од раскрсницата со улицата Дубровничка до раскрсницата со улицата Мечкин Камен", додаде Руменов. Жителите објаснуваат дека нема да се откажат од ова нивно барање и дека ќе интервенираат и до Министерството за транспорт и врски, од кое ќе бараат надлежните од катастарската управа да извршат премер. Руменов вели дека засега нема да ни градат атмосфесрска канализација поради недостиг на средства.
StormAngel
quote:
Originally posted by AaaAa
Slusam imalo sveceno otvaranje na plostadot? Impresii?
Jas vidov nekolku fotki od svecenosta,super bilo vikaat.:))))
sfetle imase celodnevna programa po povod otvaranjeto na ploshtadot...samo shteta shto vremeto ne se pogodi mnogu...ali i za toa imase resenie,t.e. kukjicki na Skopsko,Tikvesh,Promes,itn...jas se zagreav so edno shishence "T'ga za jug" :)) a ne mi beshe jasno samo zoshto go stavile Adrijan Gadza pomegu Dragan Mijalkovski...Violeta Tomovska...Vlatko Stefanovski itn..:)) celo vreme dodeka traese programata...odea snimki od Staro Skopje.. mene lichno mnogu mi se svigaat vakvite manifestacii... pozdrav
a-pin-dim
quote:
Originally posted by sfetle
imase celodnevna programa po povod otvaranjeto na ploshtadot...samo shteta shto vremeto ne se pogodi mnogu...ali i za toa imase resenie,t.e. kukjicki na Skopsko,Tikvesh,Promes,itn...jas se zagreav so edno shishence "T'ga za jug" :)) a ne mi beshe jasno samo zoshto go stavile Adrijan Gadza pomegu Dragan Mijalkovski...Violeta Tomovska...Vlatko Stefanovski itn..:)) celo vreme dodeka traese programata...odea snimki od Staro Skopje.. mene lichno mnogu mi se svigaat vakvite manifestacii... pozdrav
Zavrnalo po sto ne si me viknala mene :o) da eptem e ubavo nesto da znaes za starite dobri vreminja
NARCIS` neprebolena ljubov ti e svetle
NARCIS` celo skopje e blokirano i prvomajska e blokirana od porucekva od 16:00 haos ke bide denovive
StormAngel Eiii da. Bas vcera bev vo Skopje,i ja sreduvaa ulicata "Arsenie Jovkov". Samo sto cel soobrakaj e zaglaven sega niz Gorce zaradi ovaa rekonstrukcija,inaku koga ke zavrsat ke bide ubavo.[;)]
OooOo doagjaat izbori, shto vi e na vas? :)
AaaAa Slusam imalo sveceno otvaranje na plostadot? Impresii?
NARCIS` da imase golem ognomet peeja od nasava estrada fino bese