kopacot |
Колективно дело на учениците од една гимназија:
- Комедијата е драма полна со духовитост и затоа најчесто е смешна.
- Комедијата се дели на виша и нижа и на комедија на ликови.
- Драмата во потесна смисла се одвива среќно ама никогаш не завршува.
СТАРИОТ ВЕК
- Гилгамеш е главен јунак на песната Осма плоча.
- Тој (Гилгамеш) поминал многу пат за да дојде до својот татко и да дознае како настанал.
- Господ го испратил Едип на земјата за да се бори со Гилгамеш...Едип умрел на крајот
- Стариот завет трае од 4, до 1. век пне а Новиот завет од 1. до 2. не.
- Во стариот завет се работи за потоп на ноеви.
- Господ му дал на Ное земја за да направи со своето семејство многу ноеви.
- Христовото учење се заснова на Новиот завет. Во тој Нов завет се раскажува за христовото учење и неговите закони.
- Исус со овие метафори ("Вие сте сол на земјата") сакал на своите ученици да им каже дека земјата без нив не може.
- Исус Христ бил закачен на крст.
ПИСМЕНОСТА КАЈ СЛОВЕНИТЕ:
- Старословенскиот јазик бил прв јазик на Словените.
- Старословенскиот јазик е јазик кој е земен од говорот на македонскиот јазик.
- Старословенскиот јазик е литературен јазик земен од хуморот на македонските Словени.
- Словените се мачеле без свое писмо.
- Причината за настанувањето на првото словенско писмо е тоа што луѓето неможеле да ги читаат писмата на старите Словени.
- Кирил и Методиј го учеле народот на јазик.
- Творец на глаголицата е Кирил но не се знае точно нејзиниот творец.
- Кирил ја измислил кирилицата а Методиј латиницата.
- Кирил умрел во Рим во посета на бабата (најверојатно се мисли на Папата)
- Црноризец Храбар значи: калуѓер кој се истакнал во науката.
НАРОДНА ПОЕЗИЈА
- Крале Марко во песната е претставен како некој кој не поштува пост.
- Тој има коњ шарец кој му бил најдобар другар против другите коњи и Турци.
- Во таа песна се зборува за мајчината љубов спрема синот. Чим го видела, таа се срушила на земја.
- Потоа отишол во дворот каде што се сретнал со својата сестра и со свадбата на неговата жена.
ИВО АНДРИЌ - МОСТОТ НА ДРИНА
- Познатиот роман Мостот на Дрина го напишал сеуште познатиот писател Иво Андриќ.
- Легендата е посветена на мостот.
- Мостот настанал така што Мехмед паша Соколовиќ се присеќал на детството и на данокот во крв кога го одвоиле од мајка му. Тоа му задавало болка па изградил мост кој бил поволен за трговците.
- Тука имало и жртви и луѓе кои по сопствена заслуга биле набодени на колец.
- После сите опасности кои мостот ги претрпел, можеме да го наречеме победник.
ЛОРКА
- Овде се зборува за мртвата девојка која се надева дека саканиот ќе и дојде.
- Таа виси над водата што покажува дека и е тешко.
КАМИ
- Во романот 'Странецот' се зборува за ладнокрвната судбина на еден човек.
[:D]
Ukradeno od http://on.net.mk/statija.asp?id=3576 |