„Високи потпетици“ за роденденот на Ејуп Рустеми |
Pro_Patria |
Со песната „Една година љубов“ од култниот филм „Високи потпетици“ на шпанскиот режисер Педро Алмодовар, претседателот на Собранието Љупчо Јордановски вчера му го честиташе 36. роденден на Ејуп Рустеми, пратеник од ДУИ.
- Сакам да поделам со вас една интимна тајна. Ова е омилената песна на мојата сопруга. Песната се вика „Една година љубов“, но ние сме во љубов веќе 27 години - рече Јордановски, честитајќи му го роденденот на Рустеми.
На ваквиот гест на спикерот пратениците одговорија со аплауз.
Потоа, за време на 15-минутната пауза, Рустеми го почести Јордановски за роденденот во клубот на пратениците.
- Јордановски навистина ме изненади, особено со музиката што ја одбрал. Ми се допадна песната. Мислам дека тој гест наиде на симпатии и кај другите пратеници - рече Рустеми.
Ова е првпат една собраниска седница да почне со поздрави и со честитки. Јордановски ветил дека тоа ќе биде практика секогаш кога на некој пратеник ќе му биде роденден. Претседателот на Парламентот и досега не им ги забораваше родендените на пратениците и редовно им честиташе од собраниската говорница, но без музика.
Музиката наголемо влезе во Парламентот. Отсега во паузите редовно ќе се слуша музика, и тоа класична. Јордановски од вчера ја воведе таа новина. „Музикален“ е и семафорот што од вчера ги мери дискусиите на пратениците и времето определено за пауза. Така, на пример, за реплика се одредени 3 минути. Кога пратеникот ќе зборува подолго од 2 минути ќе се вклучи класична музика за да го потсети дека треба да заврши со дискусијата.
-----------------------------
Makedonija se raspagja,a idiotov cestita rodendeni na pratenici(Slucajno ili ne od UCK/DUI) |
Pro_Patria |
Kakvi politicari,takva drzava. |
Thief |
Чичко Љупчо е цар, бе! За такви морони, какви што има во Собрание, само таков човек треба ред да им спроведува. Во стотинка од секунда да им штопува време, да ги брка од говорница, да ги прекинува, да ги насочува...
Искрено, јас му се воодушевувам како „лагано“ излекува на крај со моронине! |
Pro_Patria |
Rabotata e sto i toj samiot e moron |
vmro |
quote: Originally posted by Pro_Patria
Kakvi politicari,takva drzava.
nekade go imam procitano ova : Sekoj narod ke si dobie onakva vlast kakva shto zasluzuva, ni podobra ni polosha!!! |
OooOo |
Toa e ubav gest shto go napravil Jordanovski. Mene mi se svigja!
Ako nishto drugo Makedonija kje ima na nekoj nachin razlichen parlament od bilo koja druga zemja u svetot.
|
Thief |
И мене ми се допаѓа. Зарем секој од нас не би сакал да му биде честитан јавно роденденот?! Не знам што лоишо направил Јордановски, освен што испаднал човек кој си ги почитува пратениците и кој сака да им придаде трошка внимание. |
Misirkov |
Bar rokenrol da pustaat.[;)] Mozda Jordanovski, skladno na svoite ljubovni izlivi sprema zena mu, kje moze da pokani po nekoj bend vo pauza da im svirat pred bife?!
vmro: toa go ima kazano Hegel. Ama ne zasluzuvame nie vakvi raboti be, mnogu golema kazna e ova, sto sme mu zgresile na Boga vakvi specimeni kako Jordanovski da imame na vlast?! |
Ceki |
quote: ги почитува пратениците
quote: Во стотинка од секунда да им штопува време, да ги брка од говорница, да ги прекинува, да ги насочува...
Искрено, јас му се воодушевувам како „лагано“ излекува на крај со моронине!
So sega gi pocituva ili ne?
quote: Ako nishto drugo Makedonija kje ima na nekoj nachin razlichen parlament od bilo koja druga zemja u svetot.
Ne OooOo, ova e samo dokaz, deka parlamentot poveke nema vloga koja, bi moral da ja ima. Da ja vodi drzavata. Se menuva vo klub, kade elitata na Makedoncite i albancite ke si sedi, slusa muzika, praznuva rodendeni, ... A politika im vodat drugi.
I to ne e zdravo! |
Thief |
Ги почитува пратениците, ама го почитува и Деловникот. Не мешај приватна почит и внимание со правила за работа на институцијата! |
OooOo |
Ceki neznam sho e problemot. Jas ja pozdraviv idejata. Jas ne go kritikuvam chovekot, tuku idejata. Idejata kako ideja mi se svigja. Kakov e chovekot toa e druga tema na koja shto ne mislam da uchestvuvam.
|
Maleshevo |
Се смеам, а за плачење е работата.
На форумот прочитав и други „бисери“ од ненормалников и неписмениов пред некое време, не знам кој ги објави, даjте сите да ги собереме во овој топик.
Овој кретен кој ништо друго пред 1945 не го смета за македонско историско и културно наследство е совршено олицотворение на дебилитетот и незрелоста на голем дел од македонскиот народ. Оваква комедија и овакви глупости може само да слушнеш во парламентот на офицајлно во свет признаена држава под име FYROM. Длабоко се срамам овакви луѓе, кои имаат такви значајни позиција во државата од која што потекнувам, а која работи директно против македонските национални интереси.
|
Ceki |
Jas ne go znam covekot, jas ja kritikuvam idejata. I ako nekoj mojt da davat vakvi glupi ideji, onda znaci i toj e glup. Vakvo nesto nemat ni vo tanzanija ili kirgizistan. |
OooOo |
A koj e problemot Makedonija vo neshto da bide razlichna?? Neli se "divime" na zapadot koga kje napravat neshto novo i interesno? |
Strelec |
Претенциозно би било од моја страна да давам некаков сопствен суд за Јордановски, бидејќи навистина премалку го познавам. Ама затоа можам да дадам суд за некои потези што ги прави.
Тоа со ’интимната тајна’ на жена му е ГАФ што ретко се гледа и слуша.:) Тоа со туширањето во када е како и претходниот, но овојпат помножено со два!:)
А гестот да се честита роденден на пратеник и за мене е многу симпатичен и коректен. Ама барем да одбереше попристоен начин!:)
|
marko_polog |
Vidi ti majkata mnogu simpatichen i korekten bilo da se chestita rodenden na pratenik od UCK, a sto storiva UCK na teren i vo Sobranie sto zasluzuva da im se chestita nesto?
|
Misirkov |
Da rasclenime 2 raboti:
1. Cin na cestitanje rodenden, sto e kulturo i simpaticno da se napravi, sto e privatna rabota i definitvno ne del od "rabotata" na parlamentot na edna drzava.
Simptomaticno e sto mu cestita na eden covek i toa so takvo ulizuvanje sto mene - koj i dvajcate ne gi poznavam - mi e degutantno i da pomislam kako toa izgledalo vo zivo.
2. Gafovi od visoka A kategorija, koj sto doticniot se pozacesteno gi pravi i ne tera seriozno da razmislluvame dali nesto navistina ne e vo red so nego ili navistina tolku mu sece. Ako e poslednovo, togas e mnogu, mnogu loso za nasata drzava/
Thief: kje prostis, spored informaciite sto gi dobiv bas od Sobranieto, doticniot ne raboti spored pravilnikot, odnosno udobno go ignorira istiot spored potrebite ili kako kje mu tekne!
|
Pro_Patria |
Uste eden biser na Jordanoski:
Речиси е невозможно да има грешка во компјутерскиот систем при гласањето на пратениците на седницата за доверба на Владата, изјави вчера претседателот на Собранието, Љупчо Јордановски.
Тој вели дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, доставил барање Собранието да ја испита одговорноста на службата надлежна за компјутерскиот систем за гласање.
- Минимална е веројатноста за грешка во компјутерскиот систем. Тоа е како да влезеш во када да се бањаш и да паднеш. Веројатноста дека повторно ќе паднеш е по 110 години. Толкава е веројатноста и кај компјутерскиот систем. Но, бидејќи ние живееме 70 години, нема никаква веројатност тоа да се случи. Значи, треба пет пати дневно да се тушираш за повторно да паднеш на 70 години - вели Јордановски.
|
Misirkov |
Jas slusnav od prijatei vo Sobranieto deka doticniot raboti von ovlastuvanjata so toa sto raboti spored star pravilnik ili bez pravilnik (kako kje mu tekne). Se gledase deka e prosecen, no deka e vakov kreten, navistina ne pretpostavuvav. |
kopacot |
Ajvan e Jordanoski...ne e prosecen ili podprosecen....kursum za nego |
Ceki |
Nenormalen eden, vo sobranje se za rabota ili za zaebavanje? Uste eden dokaz, deka drzavava ne e poveke vo kontrola na Makedonecot :( |
Pro_Patria |
quote: Originally posted by marko_polog
Vidi ti majkata mnogu simpatichen i korekten bilo da se chestita rodenden na pratenik od UCK, a sto storiva UCK na teren i vo Sobranie sto zasluzuva da im se chestita nesto?
mudro receno.Jas mislam deka se to bese plateno. |
redstar |
Nitu muzikata ne uspea da go popravi brojot na prisutnite pratenici vo sobranieto, pa na prasanjeto deka mozebi muzikata ne im se dopadnala na patenicite, Jordanovski izjavi uste eden biser deka ce sprovede anketa na koja sto pratenicite ce mozat da se izjasnat kakva muzika bi sakale da slusna
Taka da vo idnina "ramkovno" ce imame moznost da slusneme i patriotski pesni za junaci od tipot na Adem Jasari i drugi borci za covekovi prava kako cestitka za rodendenite na borcite koi se sega vo parlamentanite klupi. |
vmro |
quote: Originally posted by redstar
Nitu muzikata ne uspea da go popravi brojot na prisutnite pratenici vo sobranieto, pa na prasanjeto deka mozebi muzikata ne im se dopadnala na patenicite, Jordanovski izjavi uste eden biser deka ce sprovede anketa na koja sto pratenicite ce mozat da se izjasnat kakva muzika bi sakale da slusna
Taka da vo idnina "ramkovno" ce imame moznost da slusneme i patriotski pesni za junaci od tipot na Adem Jasari i drugi borci za covekovi prava kako cestitka za rodendenite na borcite koi se sega vo parlamentanite klupi.
si nemal gavolot rabota, pa si gi e#el decata...
mesto da zemat da rabotat na reshenie za izlez od ekonomskiot kolaps oni majtap teraat... |
kopacot |
ПО РЕАКЦИИТЕ НА ПРАТЕНИЦИТЕ
Диџеј Јордановски ја запре музиката
Некое време нема да пуштам музика, па да видиме дали ќе се подобри угледот на Собранието, ја образложува емпириската проверка претседателот на парламентот
Претседателот на Собранието Љупчо Јордановски веќе нема да пушта музика во собраниската сала, бидејќи пратениците од СДСМ му доставиле допис во кој тврдат дека со тоа ќе се намали рејтингот на парламентот и на политичките партии.
- Јас емпириски ги проверувам работите. Затоа некое време нема да пуштам музика, па да видиме дали угледот на Собранието и на партиите ќе се подобри, како што тврдат некои пратеници. Дали на нивниот рејтинг не штети тоа што ги чекам по повеќе од половина час за да ја почнам седницата - изјави Јордановски.
Според него, ова не е ништо ново и музика се пушта во парламентите на Германија, Унгарија и на некои други земји. Јордановски објасни дека тој правел избор на музиката и не би дозволил да се пушти турбофолк.
Со музичките роденденски честитки не се согласуваат и пратениците од другите пратенички групи.
Координаторот на пратеничката група на ЛДП Андреј Жерновски најави дека ако "музиката не престане", ќе побара да се состанат сите координатори и да ги усогласат ставовите.
- Парламентот не е приватна институција, за вака да си поигруваме - изјави Жерновски.
Зоран Крстевски од ЛП оцени дека ако веќе се одбележуваат родендените на пратениците, треба тоа да се прави скромно во Клубот на пратениците.
- Се плашам да не треба и танго да заиграме - рече Крстевски.
Поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов порача дека е добро што Јордановски не ги тера пратениците да прават и утринска гимнастика.
- Сигурно ќе влезе во Гинис. Ова не се прави во ниеден парламент - изјави Андов.
Пратеничката на ДУИ Теута Арифи смета дека оваа пракса не е лоша и е доказ за внимателноста на претседателот на Собранието. (Т.П.)
Sukur...... |
Misirkov |
A bre ovoj bil nenormalen!
|
Maleshevo |
[:D][:D][:D]
Мапет шоу.
|
Pro_Patria |
quote: Originally posted by Misirkov
A be ovoj bil nenormalen.
za nenormalnost mu nemat ramen(mozda sizofrenicarot Ali mozit da mu parirat) |
Maleshevo |
Али не е шизофреничар, не си разбрал. |
Thief |
Шизофреничар е Љупчо Георгевски, на пример... |
Misirkov |
Мапет шоу.[:D][:D][:D]
---------------------------------------------------------------------
Deka e show - e, no civ puppet e covekov?! Vakov ludak mora da ima potkrepa nekade, inace nema da bide haosot "kontroliran".
Thief: LjuBco ne e na vlast sega i ne daj Boze pak da dojde! Vo momentov sme zbrlaveni od aktuelnite srcki vo vrhuskata na SDSM. "Talenti" ne intresiraat sega ne sizofrenicari, taa prikazna e malku zastarena.
|
Pro_Patria |
quote: Originally posted by Maleshevo
Али не е шизофреничар, не си разбрал.
znam de,trebase da napisam "sizofrenicar" [;)] |
Misirkov |
MALESHEVO SPOMENA DRUGI "BISERI". NAJDOV EDEN:
Љупчо Јордановски: Македонија сака да биде член на црноморската иницијатива (!)
Санкт Петерсбург, 2 јуни (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Македонија Љупчо Јордановски, кој учествува на заседанието на на Парламентарното Собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК) во Санкт Петерсбург, денеска имаше обраќање на тема "Улогата на ПАБСЕК и националните парламенти во развојот на регионалната соработка на земјите на Црното Море".
"На сесијата на ПАБСЕК ги истакнав нашите заложби да бидеме активни членки во оваа асанблеја, односно на Црноморската иницијатива. Во моето обраќање не зборував за нашата апликација бидејќи тоа е работа на Министерството за надворешни работи и на Владата, но во секој случај постои желбата и од нивна страна Македонија да биде членка на оваа Асоцијација", изјави за МИА претседателот на македонското Собрание Љупчо Јордановски.
"Искажавме цврста определба за регионална соработка и во рамките на Црноморската иницијатива, пред се на економски план", рече Јордановски, додавајќи дека ги информирал претседателите на парламентите на другите држави присутни на собирот и за актуелните случувања во Република Македонија.
"Геополитички, економски и културно, по своите историски корени и по својата иднина, јас цврсто верувам дека нашата земја е поврзана и му припаѓа на овој регион. Тоа што во Црноморската економска соработка се држави кои имаат различен статус (од оние кои се членови, прифатени или потенцијални кандидати, или само партнери на ЕУ), е предност која треба да биде искористена за забрзување на интегративните процеси", нагласил во своето обраќање претседателот на макеоднскиот Парламент.
Јордановски на маргините на собирот во Санкт Петерсбург имаше билатерална средба со генералниот секретар на ПАБСЕК Валери Чечелашвили. Генералиот секретар на ПАБСЕК изразил готовност да помогне за забрзување на процедурата за прием на Македонија во Организацијата на Црноморската економска соработка.
Претседателот на македонското Собрание разговараше и со претседателот на Советот на федерацијата на Парламентот на Русија и претседавач со ПАБСЕК Сергеј Миронов, на чија лична покана престојува во Санкт Петерсбург, а поладне ќе има средба и со претседателот на Парламентот на Турција.
Централни теми на 23-тата сесија на Парламентарното Собрание на Црноморската економска соработка се економската соработка во регионот на Црното Море, со акцент на развојот на туризмот, како и соработката меѓу ПАБСЕК и Европскиот парламент.
ПАБСЕК е формиран во 1993 година како парламентарна димензија на Организацијата на Црноморската економска соработка. Главни цели на ПАБСЕК се да промовира економска, политичка и културна соработка меѓу народите во регионот.
Членки на Организацијата на Црноморската економска соработка се Албанија, Ерменија, Азербејџан, Бугарија, Грузија, Грција, Молдавија, Романија, Русија, Турција и Украина. Покрај претставници на парламентите на овие земји, во ПАБСЕК како набљудувачи учествуваат и собранијата на Египет, Франција, Германија, Словачка и на Израел.
МИА
http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/Politika/277475/index.html
|