Анкара прифаќа само полноправно членство во ЕУ |
OooOo |
E vaka se ide napred, so cvrst stav i tochka!
Анкара прифаќа само полноправно членство во ЕУ
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе прифати само полноправно членство во Европската Унија и додаде дека Анкара очекува позитивен извештај од Брисел, јави Макфакс.
- Единствена прифатлива цел во преговорите со Унијата е полноправно членство. Не постои трет начин, никакви партнерства помеѓу еднакви или слично. Такво нешто не е праведно ниту да се споменува - изјави Ердоган.
Европската комисија наскоро треба да го заврши извештајот за тоа дали ЕУ треба да почне преговори со Турција. Европските лидери одлуката ќе ја донесат на Самитот во Брисел, на 17 и 18 декември.
Според Ердоган, за Анкара не е прифатливо ниту одлагање на преговорите, а дискутабилно е само колку долго ќе траат - "пет, седум или десет години". |
cile |
Turcija drzi do sebe ne e hibrid od drzava nivniot stav ne me cudi. |
Misirkov |
Bas toa sakav da go kazam. Turcija e DRZAVA! Ne gi mavtaat 2% toa birokratite od EU. Gledate li sega razlika od nekoj sto se ceni sebe si?! Jasno im kazal Ergodan: ili kje bideme primeni na ednakva osnova ili nema nisto od toa glupostite i izmisljotinite. Plus nitu odlozuvanje ne prifakja. najpravilno bara covekot: kazi da znam na sto sum.
Zamislete da mu udrat uslov? E sega setete se na Branko...
|
Homer MakeDonski |
-услов како на пр.Турција мора да си го смени името и да се вика поранешна византијска република Источна Ромелија ли ?
Па да се појават на преговори не во Брисел,ами во Њ.Јорк
па да речат грциве Отоманската империја е дел од Хеленската ,оти има х % територија ,оти има Маџири таму и ден денес па оти самите(-грци) немајќи свое национално име да речат и тоа оди во нашата колекција , па потоа и Турците да им доаѓаат на форумите и да им велат дека промената на Уставното име е машала работа -
-ли ?
|
Misirkov |
A GLEDAJTE SEGA KAKOV TEZHOK, ZHEZHOK SHAMAR E OVA ZA MAKEDONIJA:
ГЕРГИОС ПАПАСТАМАКОС, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МЕЃУПАРЛАМЕНТАРНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА ЕУ-МАКЕДОНИЈА
"...На изненадување на многу дипломати во Брисел, на чело на Делегацијата од европска страна застана Гркот Георгиос Папастамкос од владејачката Неа демократија. Според едни, тоа за Македонија е добро бидејќи човек од соседството подобро ги разбира тешкотиите на тој што е блиску до него. Според други, поради спорот со името, Грк не е соодветна личност за оваа функција. Георгиос Папастамкос е роден во 1955 година, во Кожани, и е професор по меѓународни и европски студии. Тој е интелектуалец со солидно познавање и на регионот и на ЕУ. Бил заменик-министер за економија и за надворешни работи, а помеѓу 1989 и 1996 член на грчкиот парламент.
Тој зборува за своите приоритети како претседател на Делегацијата за соработка помеѓу ЕУ и Македонија.
- Како претседател на Делегацијата имам намера да придонесам за зајакнување и проширување на односите помеѓу ЕУ и ПЈРМ. Спогодбата за стабилизација и асоцијација е солидна основа за да се постигне оваа цел. Виталните критериуми за напредок на ПЈРМ кон Европа се институционалната безбедност, демократијата и владеењето на правото, макроекономската рамка и политичката стабилност. Тоа се објективни критериуми за секоја европска земја. Позната ми е состојбата во регионот. Тој мора да оди напред со различна брзина, мора да научи да напредува во духот на вистинска соработка и политичка стабилност. Само така ќе го надмине историско-културниот товар од минатото. Таму остануваат заковани оние што стравуваат дека за нив нема улога во новата меѓународна реалност.
Агендата на Делегацијата ќе биде изработувана заеднички. Тука влегуваат теми што бараат внимателна работа, разбирање и дијалог.
Дали очекувате дека Делегацијата ќе го разгледува проблемот со името меѓу Грција и Македонија? [ODGOVOROT E DA]
- Зборот "европски" значи културен идентитет обликуван од историјата. Модерниот аспект ја гледа Европа со мултикултурни корени. Откако пропаднаа цела серија национални стереотипи, Европа се обликуваше во унија на народи и држави. А тоа се должи на надминување или барем намалување на историските и културни разлики. Ако една држава искрено сака да и се придружи на ЕУ, мора да се ослободи од сите историско-културни товари. Француско-германската соработка во процесот на европската интеграција претставува илустративен пример. Се надевам дека институционалните актери од ПЈРМ нема да бидат под влијание на тој историско-културен товар. Оттука, многу важно е меѓупарламентарната делегација ЕУ-ПЈРМ да придонесе во "извозот" заедничка функционална култура, во чие срце се наоѓа дијалог, разбирање и консензус.
lШто очекувате од македонските колеги во Делегацијата? [DA JA DOPRODADAT MAKEDONIJA!]
- Без да се мешам во нивната работа, мислам дека тие треба да го следат чекорот на членовите на Европскиот парламент и да се залагаат за европски принципи. Уверен сум дека ќе придонесат за напредокот на ПЈРМ кон ЕУ, бидејќи тоа е топ-приоритет на вашата надворешна политика.
Колку влегувањето на Македонија во ЕУ зависи од успехот на последното проширување?
- Апсорбирањето на последиците од последното проширување кон десет земји не може да се спореди со вашата апликација. Цената на влезот на ПЈРМ во ЕУ воопшто не е голема. Треба само да демонстрирате квалитетна, структурна реформа и имиџ на земја што е фактор на мир, стабилност и безбедност во регионот.
ЕУ подготвува нов буџет за периодот до 2013 година. Дали Македонија ќе добие свој дел и дали Делегацијата има улога во тоа? [NE!]
- Нашата цел мора да биде учество на ПЈРМ во претпридружната стратегија на ЕУ. Токму тоа ќе има свое влијание врз односите помеѓу ЕУ и ПЈРМ.
Експерти предвидуваат дека Македонија ќе биде членка на ЕУ по 2010. Се согласувате ли со тоа? [DA, VO 2015-2020!]
- Колку побрзо ќе се направат реформи, толку побрзо ќе се доближувате до членство. Резултатите од реформите мораат да бидат јасни пред Европската комисија да го даде својот одговор на барањето за членство. Тоа значи дека е потребна сериозна подготвителна акција.
|
sinner` |
Germanija ne saka Turcija da vleze vo EU od poveke pricini.Se dodeka Turcija ne poraboti na covekovite prava i zashtita (ova e edna od pricinite)ke glasa protif. Vtoro Germanija se plashi od pogolem broj na imigranti od Turcija(i taka tuka gi ima mnoguuu). Treto:Turcija e muslimanska drzava, vo EU dosega nema, i toa im vleva strav na site clenki od EU ....
Barem taka se izjasnuva Shroder.[xx(]
a shto ke napravat ushte e otvoreno... |
Misirkov |
Dozvolida te ispravam: ne e Germanija tuku pred se Francija (i poglasno vcera).
Sto kje napravat kje se znae mnogu nabrgu. Ako recat ne, EU gubi strateski partner. Turcija mnogu nesto kontrolira.
|
dejan |
kako sto znam, nekoja organizacija ili partija Germanija ne ja saka Turcija, kako sto znam Germanija saka Turcija.... |
Misirkov |
Dobro, vo sustina e oskata Germanija-Francija, samo sto Germanija ne smee sega glasno da istapuva od poznati pricini, pa Francija e poefikasna vo slucajov. Ova slucajno prasav vcera vo muabet i razbrav deka nivnite politicari 2 dena krsat klecki za Turcija.
Turcija kje si gi resi rabotite, tuku sto pravime nie so Grkot?! Sme morale da se oslobodime od "istoriskiot tovar"? Apla bara samo-negirame za vez vo EU! I primerot so Germanija (i Francija) ne mu e soodveten; tamu se raboti za otkazuvanje od ideoloski (rasistiki) principi, ne negiranje na germanskata ili pak francuskata nacija za da ziveat vo mir i sorabotka.
Se nadeval deka "institucionalnite akteri" vo RM nemale da potpadnat pod kulturno-istoriskiot tovar. Znaejkji ja anacionalnosta na vrhuskata vo SDSM i sklonosta kon kriminal, sosema mi e jasno zosto tolku arogantno nastapil grkot. |