Za i okolu referendumot (stranski pechat)
Za i okolu referendumot (stranski pechat)
melpomena Етничките тензии во Македонија повторно се зголемуваат, а гласањето за референдумот за Законот за територијална организација на земјата предизвика вистинска параноја меѓу Македонците, пишува даблинскиот весник „Ајриш тајмс“ во својот опширен напис посветен на најновата политичка ситуација во Македонија и на состојбата во меѓунационалните односи. Весникот вели дека термините „зачувување на идентитетот“ и „самоопределување“ се зборови што во Македонија постојано се слушаат, па на Референдумот од 7 ноември Македонците ќе гласаат против Законот, со кој, бројот на општините во државата се намалува од 123 на 80, но една од трите нови „албански општини“ ќе биде Скопје, а тоа ќе значи дека имињата на улиците, на пример, ќе бидат двојазични. Тоа ги засили македнските стравувања од поделба на земјата и од можноста Албанците да се отцепат и да се припојат кон Косово, создавајќи на тој начин „Големо Косово“, што би значело уште една нова балканска држава со околу 3 милиони муслимани. Македонските Албанци меѓутоа ги демантираат таквите тврдења, објаснувајќи дека тоа не она што тие го бараат. „Ниту НАТО, ниту Европската унија, а ни Обединетите нации кои се во Македонија не би се согласиле со тоа, но Македонците се параноични“, цитира „Ајриш тајмс“ мислење на еден Албанц за сегашната ситутација во земјата. Како што јави дописникот на МИА од Лондон, весникот наведува дека Охридскиот договор од 2001 година со кој Македонија се спаси од граѓанската војна, е документ модел за малцинските права, кој е сличен со мировната спогодба во Северна Ирска од 1998 година склучена со интервенција на американскиот претседател. Но. сега кога треба да се спроведе Договорот од Охрид за територијална организација, Владата е соочена со референдум покренат од „едно националистичко движење“, како што весникот го оквалификува Светскиот македонски конгрес. „Ајриш тајмс“ објаснува дека во Македонија пет отсто од муслиманите се етнички Македонци, но дека тие не се врзуваат за своите верски, туку за своите национали браќа. Весникот оценува дека за паранојата можеби и треба да се има разбирање имајќи пред вид што и се случи на земјата кога по стекнувањето на независноста мораше да прифати во ОН да влезе како „поранешна југословенска република Македонија“, име што со индигнација го отфрлаат сите Македонци. www.a1.com.mk
cile Mamata nivna neka ne ostaat na mira nie ne se mesame vo nivni vnatresni raboti ..... [}:)][:(!]