Погледнете како го притискаат Тито Петковски
Погледнете како го притискаат Тито Петковски
Maleshevo Петковски изгледа сеуште не е свесен дека зад него стои маса на народ, а зад тие предавници се помалку и помалку народ. http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?pBroj=2575&stID=41069 НЕСОГЛАСУВАЊА Тито се поблизок до Движењето на Трифун? Според СДСМ, Петковски многу нелогично се однесува околу Законот за територијалната организација, бидејќи еднаш е "за", а еднаш "против" Пратениците на СДСМ се лути на Тито Петковски поради отстапувањето од партиската политика и најавите дека позитивно ќе гласа на референдумот, дознава "Дневник". Многумина од нив, ваквите настапи на Петковски ги сметаат за маркетинг и лична промоција, која и штети на партијата и на пратеничката група. - Иако има најави дека Претседателството на партијата ќе зборува за однесувањето на Петковски, не очекуваме ништо посебно да се случи. Како и досега, тој во партија ќе рече дека бил погрешно разбран, не мислел така и потоа ништо - вели пратеник од СДСМ. Според пратениците, Петковски постапува многу нелогично кога е во прашање Законот за територијалната организација. - На состанок на Централниот одбор на СДСМ, каде што би требало да се расчистат сите дилеми, го поддржа Законот. Во првата собраниска фаза гласаше "за", а потоа беше "против" Законот за територијалната организација, кој - освен измената за Кичево - нема суштински разлики со првичниот предлог. А потоа го поддржа Законот за Скопје. Од ваквите гласања не можам да разберам што сака - вели пратеникот. Партиски извори потврдуваат дека Петковски се повеќе се оддалечува од партијата и е поблизок со Граѓанското движење за Македонија, зад кое стои независниот пратеник Трифун Костовски. Според нив, тој во текот на викендот се сретнал со претседателката на Движењето, Гордана Силјановска. Петковски вчера за "Дневник" не сакаше да даде никаков коментар ниту за обвинувањата ниту за наводниот состанок со Силјановска. Тој само кратко изјави дека се што има да каже веќе кажал. Партиски извори вчера потврдија дека не е исклучено на денешната седница на Претседателството да се дискутира и за "изолираната политика" на Петковски. Според партискиот статут, ако раководството на СДСМ реши да го санкционира однесувањето на Петковски, тоа може да го стори со разрешување од функциите во партијата или со целосно исклучување. (Т.П.)
StormAngel Mene se mi se cini deka toj sto vrsi pritisok e Tito Petkovski. Od pocetokot na decentralizacijava,za sekoja odluka na koja sto se glasa vo vrhovnite tela na SDSM samo Tito e protiv.
OooOo pa ima valjda pravo da razmishlja chovekot razlichno od partijata neli?
StormAngel
quote:
Originally posted by OooOo
pa ima valjda pravo da razmishlja chovekot razlichno od partijata neli?
Normalno Zatoa moze da ja napusti partijata.[;)] Se dodeka se obvrzuvas da stanes clen na edna partija treba da ja znaes platformata na istata,i dokolku ne ti se dopadne,da ja napustis. Plus,ne se srekava cesto clen na izvrsniot komitet da pravi sabotazi na svojata partija,neli?
OooOo A mozhda politikata e druga. Mozhda chovekot uvidel neshto shto drugite nemozhat da uvidat, pa pokushava da go ispravi. Neli mozhe i taka da se gleda?
StormAngel Pa da, Sekoj politicar si ima pravo na svoja politicka reforma ili orientacija,sekoj ima pravo da pobara od partijata novi reformi ili bilo sto,i ako se prifatat super,ako ne,togas se znae koe e careto. Ne me sfakaj pogresno,jas ne go krivam Tito Petkovski za nisto,go krivam politickiot sistem vo Makedonija i nejzinata demokratija vnatre vo partiite koja sto ja nema. Oligarhija samo postoi,i ako se potrudis da napravis nesto podobro ili pak da kazes bilo sto koe sto ne tangira so mislenjata na partijata,odma te isklucuvaat od igra sto ne e slucaj u Evropa,USA i Canada neli?
OooOo
quote:
Originally posted by StormAngel
Oligarhija samo postoi,i ako se potrudis da napravis nesto podobro ili pak da kazes bilo sto koe sto ne tangira so mislenjata na partijata,odma te isklucuvaat od igra sto ne e slucaj u Evropa,USA i Canada neli?
100% tochno!
Maleshevo
quote:
Originally posted by StormAngel
Mene se mi se cini deka toj sto vrsi pritisok e Tito Petkovski. Od pocetokot na decentralizacijava,za sekoja odluka na koja sto se glasa vo vrhovnite tela na SDSM samo Tito e protiv.
Тито Петковски има толку призврзаници во самата партија, која е под диктатура на Бранко Црвенковски, да ти самата не си свесна. И најдобро е да тргне јавно и отворено по патот на македонскиот народ и тој да биде, оној кој ќе создаде нова левичарска македонска партија, а ќе ја растури оваа творевина од недифинирана на дело и антимакедонски настроена творевина од СДСМ. Подршката ќе биде неверојатна, за тоа можам да се кладам. А да го направи тоа што го направи Груевски на Љубчо, нема шански, бидејќи конците ги држат анационалните полтрони т.е. пиуни на Бранко Црвенковски. Бранко од 1992-1998 докажа колку може и умее, а особено сега докажува. Катастрофа.
StormAngel Maleshevo, Sekoj si ima pravo na svoe mislenje,zatoa nema da ti repliciram vo vrska so tvojata analiza na Branko i Tito. No, Bi bilo dobro koga ke im repliciras na luge,da znaes koi se i sto se,i ako dobro poglednes u mojot profil ke vidis deka ne sum zensko.[;)]
Misirkov Odamna Tito izbegnuva direkten sudir, ne znam zosto, neli se ocekuvase da se spukaat koj kje bide lider na partijata, itn. Tito uste od porano im tera kontri, duri i vo kolumnite sto gi pusivase. Sepak ne e lesno da istapis nadvor kako sto veli Mimi. Ako izlezes se otvoras na sekakov vid ogan od site oruzja (a od SDSM kje go kritikuvaat od strav da ne obelodeni nesto od mnostvoto politicko-ekonomski "zdelki" sto gi napravile). Plus ako znae premnogu, moze da dozivee soobrakjajka istko kako Mijalkov. Ne znam dali e tolku tesko da go napravi ona sto Griuevski go napravi vo VMRO so LjuBco. Sepak Gruevski imase podrska od SAD, Tito ja nema. Pa zatoa i go podzaa liceto Boris Trajkovski za pretsedatel togas. Tito javno treba da gi povika SDSMovci na referendum! Vi velam, sega mu e majkata simpatizerite na "nacionalnive" parii da podadat raka. Ima belkim dobar del vo SDSM clenovi + simpatizeri sto nema da glasaat za podelba na svojata tatkovina. Vo sekoj slucaj, ako ova ne e novinarsko-politicka patka za potrebite na SDSM -- so srekja na Tito i neka im zeme sto povekje moze!
Thief Знам дека не го сакате Фрчко, ама ми се врти низ глава една негова колумна кај пто вели: „Фракционерството на Тито е приказна за малите СДСМ-овчиња кои требе да се држат близу Бранко. Никогаш таква франкција во СДСМ не постоела“. Се работи за циатат, немојте веднаш да ме распнете, но неговото контра, па повлекување ми имплицира дека Данаилов е во право.
cile Ako Tito e tolku sizik i ako mu smeta politikata na SDSM sto ne si otide??? Neka kaze izvinte ne mi odgovarate i gotovo !!! A ne vaka kao shushumiga nekoja samo vrti okolu i pak nisto.Bas me interesira sega za referendumskata kampanja kako ke se ponasa.A moze i ke mu ponudat nekoe mestence negde i ke zacuti kako i obicno biva.
protivpropaganda Ако сакате, ова со Петковски, може да го разгледате како шема, односно "GOOD COP, BAD COP"!!! Верувале или не и во СДСМ постојат големи патриоти кои мислат со својата глава. Е па за да не избегаат тие како членови, што од влијанието на спротивставената пропаганда што од активностите на раководството на тие членови им се дава опција, можност и слобода да се приклонат на едниот или на другиот „лидер“, а сепак да си останат во партијата.
Може да се размислува и по насоката на еден експеримент кој Павлов, мислам, го има направено со кучиња. Тоа одеше вака. Човекот кучињата ги кондиционираше според бои прикажани во определено време за определено однесување. Така сината боја беше знак за мирно, релаксирано и весело однесување, додека црвената боја беше знак за агресивно, одбранбено однесување полно со недоверба и страв. При успешно кондиционирање на експерименталните животни доаѓа до следната фаза на експериментот, а тоа беше мешање на боите. Сината стануваше се` помалку сина, а црвената ја правеа се` помалку црвена за на крајот да се добие лилјакова боја. Резултатот беше целосна конфузија кај експерименталните животни кои веќе не знаеле како да се однесуваат, тие пројавуваа целосна несигурност и потоа апатија и депресија за веднаш потоа без причина да преминат во целосно агресивно однесување. Симптомите се лекуваа со покажување на чистите бои. Значи ако се забележело при создадената конфузија, апатија, се покажувало сината или црвената боја за да се добие посакуваниот ефект. Исто беше и со отстранувањето на агресивноста. Значи според покажувањето на саканата боја ќе се добие посакуваниот ефект. Како и да е вреди да се разгледа случајов и по овие две насоки, нели?
acelav Tito Petkoski e samo edna komunisticka gnasa,koja glumi opozicija vo SDSM.Demek eve da ne ispadnat hari i branko vo partijata. diktatori tito ne se soglasvi so nivnite stavovi.Teska gluma ...No nekoi mu veruvaat
melpomena Pa chitav vo deneshen vest demek nastanalo nedorazbiranje "ne mislel Tito taka" :) http://www.vest.com.mk/default.asp?id=85004&idg=5&idb=1283&rubrika=Makedonija
bojan81 Edinstvenata licnost vo sdsm za koja moze da se napise nesto dobro e Tito Petkovski. Tito ne e politicar za ednokratna upotreba, pa se cudite zosto ne ja napusti partijata. Dokolku ja napusti ke im gi ispolni zelbite na anacionalnite budali kako Bucko, Secerinska itn da voopsto nemaat griza nekoj da im zboruva za Makedonskite interesi. Jas se kladam deka edinstven covek vo toa precedatelstvo sto gi sogleduva i gi brani makedonskite interesi e Tito. Dokolku tito izleze od tamu ke napravi samo loso, zosto sepak dokolku pogledneme realno sdsm vleci mnogu glasovi sto bi bilo da im se ispolni zelbata na Bucko da go izbrka Tito, toa znaci otvoreni race za site nivni anacionalni idei koj gi tistat i tesko gi ostvaruvaat koga nekoj im stoi nad glava. Tito e iskusen politicar i ceka moment, vo politikata mnogu cesto rabotite se vrtat 380 stepeni a za da dobies nesto treba da ostanis vo krugot ako ne si nema ni da ti se svrti sonceto.Eve eden primer od skoroto minato, Zamislete Tito da bese precedatel namesto Boris Trajkovski, deneska jas se kladam deka site makedonci barem ke bea sigurno deka od najvisokite vrvovi, site funkcioneri ke lobiraa za makedonskite interesi, a ne kako sto e deneska, recisi site makedonski organizacii da lobiraat vo svetot da go podrzat referendumot, a sdsm da lobira da ne go podrzat.
Misirkov Znaci go dopritisnaa i na kraj se "slozi" so Branko & Co. Steta! Acelav, nema ova vrska so komunizmot. Takvoto etiketiranje steti pred se na Makedoncite. Barem Tito e Makedonec, no za zal izgleda deka i toj trgnal (kako i tvojot ljubimec) po patot na predavstvo. Mu ja citam kolumntata na Tito vo Utrinski denes - filozofira li filozofira, zamumuleno, zakukuleno, nebare citam referat od Denko Malevski. Se gleda po tonot deka ne toa Tito. Nisto, toa mu bese najgolemata sansa vo zivotot da stane covek i Tito ja propusti. Bojane 380 stepeni kje e 20 stepni. Toa zavrtuvanje e mnogu malo.[;)]
gisot Chovekot ochigledno nema svoe 'jas' zashto menuva izjavite od minuta vo minuta,prevejki se edinstveno sebesi smeshen pred narodot. Ne znam stvarno koj bi sakal takov "nestabilen" poedinec vo svoite redovi (politichki partii ili zdruzhenija).