Црвенковски и Костов во одбрана ... | |
OooOo | Црвенковски и Костов во одбрана на законот за новите општини
Црвенковски и Костов влегоа во кампања во одбрана на оспоруваниот закон за новите општини. И двајцата со иста порака. Костов од Валандово, Црвенковски од свеченоста на Сојузот на жените порачаа успешниот референдум, ќе ја врати Македонија назад.
На еден месец пред референдумското изјаснување, Премиерот повторно јавно најави дека ќе депонира оставка, ако референдумот успее.
„Доколку биде успешен референдумот, сигурно е дека јас ќе поднесам оставка, бидејќи мислам дека еден владин проект не поминал, без разлика што помина во Собрание, а не поминал кај граѓаните“, изјави премиерот Хари Костов.
И Претседателот, иако партиски независен, изјави дека чувствува одговорност да се вклучи во одбрана на договорот на коалиционите партнери во Владата, довчерашни негови партнери. Но, само пред една недела Црвенковски во Скопје беше категоричен по референдумот, војна во Македонија нема да има. Денеска предупредува на исходот од изборот, што ќе го направат граѓаните.
„Нам не ни е потребно враќање назад и нови охридски преговори. Резултатите од тие преговори нема да бидат подобри, а ризикот е огромен. Ако претстојниот референдум е неуспешен, знаеме што ќе се случи, знаеме кој е патот и каде одиме. Ако референдумот е успешен, јас знам дека Македонија ќе се соочи со голема неизвесност. Ќе треба да одлучиме меѓу иднината и минатото, меѓу европската перспектива и балканските предрасуди“, рече претседателот Бранко Црвенковски. Со своите настапи, Црвенковски и Костов денеска го најавија и почетокот на кампањата на владеачките партии, со која во наредните 30 дена ќе се обидат да го бранат новиот концепт на општините.
Kostov go razbiram poshto gi brani interesite na partijata, no Crvenkovski mora da bide nezavisen vo ovakvi momenti poshto ne e pretsedatel na SDSM tuku pretsedatel na site zhiteli na Makedonija! |
Ceki | Bas taka, predsedatel e na site, a ne na partijata. Ova e vistina balkansko a ne evropsko. Se gleda deka ima pozadi ova "decentralizacija" nesto poveke nego evropski razvoj za Makedonija. |
Homer MakeDonski | [:o)] |
gisot | Mnogu me interesira vo koi gradovi toa Brane i Hari ke go branat 'konceptot' na zakonot sto go predlagaat? Vo Kicevo sigurno ne doagjaat,vo Struga vekje ja pomirisaa vrelinata na nokjta,a vo Skopje seushte nemaat g*z da napravat miting na otvoreno,zashto najverojatno ke mora da gi prisilat nivnite familii da izlezat i da im rakopleskaat na glupostite shto ke gi tresat taa vecher. Chim vekje ne mozhat da branat zakonot vo onie opshtini koi se najmnogu zasegnati od nego,shto e smislata na organiziranje na kampanja vo gradovi na koi uvo ne im chue za novinite shto gi nosi zakonot? |
SLaCk | Na otvoreno nema da gi branat svoite "vizionerski i proevropski" idei tuku na tribini.Dobro barem ke ima rabota za desetina avtobusi sto ke gi setaat rodninite na Branko i Kostov niz Makedonija.A od dosegasnoto branenje ne vidov nisto,osven papagalskata fraza koja im ja napisaa i na zapadnjacite sto doagaat kaj nas deka "ova ke ne oddaleci od EU i NATO" samo se razbira nikoj ne objasnuva zosto i kako?Ke ne oddaleci bidejki ne ni cini kako ke ni bide skroena drzavata i zatoa sto imame svoe mislenje?Mislev deka toa se osnovnite vrednosti vo evropa ili kako i se drugo za nas ne vazat osnovnite prava?referendumot ne e protiv nikogo tuku ednostavno e iraz na voljata na graganite i toa ke go sfatat site na 7 noemvri i ke go prifatat. |