Паника кај Грците или ...? |
OooOo |
Ризоспастис: „САД го призна името Македонија“
Американската Влада практично го призна официјалното име на Македонија, додека грчките власти бараат дијалог за пронаоѓање „општоприфатливо решение“ за грчко-македонскиот спор, пишува денеска лево-ориентираниот грчки весник „Ризоспастис“.
Признавањето на името Македонија од страна на САД стана „факт“ за време на вчерашната посета на американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд на Скопје, во чии рамки тој оствари средба со македонскиот претседател Бранко Црвенковски, премиерот Хари Костов и министерот за одбрана Владо Бучковски, посочува весникот.
На средбата меѓу македонскиот и американскиот министер за одбрана беше потпишан договор за неширење на оружје за масовно уништување и зајакната соработка во областа на одбраната и вооружените сили, во кој се споменува „владата на САД“ и „владата на Македонија“.
Ова е втор договор, потпишан меѓу Вашингтон и Скопје, во кој поранешната југословенска република се именува како Македонија, пишува „Ризоспастис“.
Осврнувајќи се на фактот дека името Македонија е признато од страна на САД, грчкиот владин портпарол Теодорос Русопулос изјави дека кабинетот во Атина е за „содржаен и неформален дијалог за изнаоѓање општоприфатливо решение за спорот со името“. |
Homer MakeDonski |
quote: Originally posted by dejan
homer, toa znaci nesto za drzhava kade za mnogu godini ne e priznavena kako sto trebe.
ako Amerika ke pisuva Makedonija, sto ke gi spreci drugi zemji da pisuvat Makedonija? Osven Grcija.......
Зарем не ти се чини Дејане дека сето ова со У.С.и нејзиниот однос кон нашето уставно име е во зависи од нивната добра волја.
Колку таа нивна волја да е позитивна кон нас сепак е само волја и ништо повеќе.
Зарем Македонија треба да се потпира на добрата волја на било кој и нејзе да ја има како главен аргумент ,како за ова за што наведуваш,дека и другите землји би требало да постапат по нејзиниот пример,
Волјата е само волја ,независно добра или лоша и како таква се менува со времето ,зарем не
|
NARCIS` |
I jas cuv za ova denes,ne da gi faka panita im se tresat onakvite sea hehe |
IvanC |
quote: Originally posted by OooOo
Ризоспастис: „САД го призна името Македонија“
Американската Влада практично го призна официјалното име на Македонија, додека грчките власти бараат дијалог за пронаоѓање „општоприфатливо решение“ за грчко-македонскиот спор, пишува денеска лево-ориентираниот грчки весник „Ризоспастис“.
Признавањето на името Македонија од страна на САД стана „факт“ за време на вчерашната посета на американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд на Скопје, во чии рамки тој оствари средба со македонскиот претседател Бранко Црвенковски, премиерот Хари Костов и министерот за одбрана Владо Бучковски, посочува весникот.
На средбата меѓу македонскиот и американскиот министер за одбрана беше потпишан договор за неширење на оружје за масовно уништување и зајакната соработка во областа на одбраната и вооружените сили, во кој се споменува „владата на САД“ и „владата на Македонија“.
Ова е втор договор, потпишан меѓу Вашингтон и Скопје, во кој поранешната југословенска република се именува како Македонија, пишува „Ризоспастис“.
Осврнувајќи се на фактот дека името Македонија е признато од страна на САД, грчкиот владин портпарол Теодорос Русопулос изјави дека кабинетот во Атина е за „содржаен и неформален дијалог за изнаоѓање општоприфатливо решение за спорот со името“.
Dobra vest samo mislam deka e rano da slavime. Onoj moment koga SAD oficijalno so dekret ne priznaat ke moze da se raduvame. Vaka, deneska ke go podpisat so ova ime, a utre pak ke ne vikaat so staroto. Vo zavisnost sto interesi imaat vo toj moment i kolku se raspolozeni za Makedonija. |
Misirkov |
Sepak e presedan (odnosno legalizacija na presedanot od pred nekoe vreme).[8D] Bitna pobeda, no vojnata nikako ne e zavrsena. Uspesniot referndum mu e majkata. |
Homer MakeDonski |
quote: Originally posted by Misirkov
Sepak e presedan (odnosno legalizacija na presedanot od pred nekoe vreme).[8D] Bitna pobeda, no vojnata nikako ne e zavrsena. Uspesniot referndum mu e majkata.
Мене лично не ми значи ништо ,тоа дали некој ја признава мојата *земја под нејзиното уставно име или не .Тоа некако има тежина на лична култура или економско-политичка манипулација
Повеќе од тоа е важно да се одбрани името и да им се каже на оние што се негатори на името кое што го имаме за наше национално ,оние-што од историска точка немаат свое лично национално ,но политичко име ,
да име се каже ЗОШТО тоа име не е нивно и зошто немаат никакво право
кон него.
|
dejan |
homer, toa znaci nesto za drzhava kade za mnogu godini ne e priznavena kako sto trebe.
ako Amerika ke pisuva Makedonija, sto ke gi spreci drugi zemji da pisuvat Makedonija? Osven Grcija....... |