MakFest |
a-pin-dim |
Denes pocnuva vo Stip MakFest !! |
n/a |
xaxaxaxxaxax ne si aren narcis` :) |
n/a |
Ke ima jaka ebacina denovive niz shtip:)(izvinete na recnik ama taka e) |
n/a |
E taka si e. Otides vo feshion i biras tamu ne ti vikaat NE :) |
AaaAa |
Zaklucocite vi se mnogu jaki.
Anyways
СТАРТУВА МАКФЕСТ
Три дена поп музика
Вечерва во Домот на културата "Ацо Шопов" во Штип ќе стартува 19-тото издание на фестивалот на музика "Макфест 2004". Фестивалот ќе биде отворен со дебитантската вечер, по што следува првата полуфинална вечер. Ут
Вечерва во Домот на културата "Ацо Шопов" во Штип ќе стартува 19-тото издание на фестивалот на музика "Макфест 2004". Фестивалот ќе биде отворен со дебитантската вечер, по што следува првата полуфинална вечер. Утре е втората полуфинална вечер и шоуто на Ристо Самарџиев, како двократен победник на овој фестивал, додека во сабота е финалето, по што следува шоуто со хрватската sвезда Нина Бадриќ и прогласување на победниците.
Првата полуфинална вечер од фестивалот ќе ја отвори Бојана, втора е Фани, третото, четвртото и петтото место се за дебитантите кои се пласираат во финалето, пота Мартина, Наташа Малинкова, "Аренси бенд", Пеце Огненов, "Камелеон", Дарко Андонов, Елена Петреска, Ѓоко Танески и за крај дуетот Врчак- Билбилов. Утре вечер, на втората полуфиналната вечер ќе настапат Сузана Турунџиева, Зоран Рудан- Цеки, Сузана Јовчева, Биба Додева, Марјан Стојановски, Адријана Јаневска, Маја Виќиќевиќ, Игор Шаревски, Ева Нединковска, Марија Димитриевиќ, Александра Пилева и Дани.
Водител на "Макефест" и годинава ќе биде Вера Јанковиќ. Македонската телевизија од сите три вечери ќе врши директен пренос. Сите три вечери ќе почнуваат од 21 часот.
|
n/a |
Ete ti cim Vera ke bide voditel ona prva ke ja otvori sezonata :)) |
sfetle |
vchera go fativ samo krajot,t.e. dve pesni i toa na Goko Taneski i Vrchak so Bilbilov zaedno so Dragi kao gitarista:)))
znachi nemoze niedna manifestacija da se odrzi bez Dragi;)
aj kje vidime denes sho pesni kje ima
|
a-pin-dim |
quote: Originally posted by sfetle
vchera go fativ samo krajot,t.e. dve pesni i toa na Goko Taneski i Vrchak so Bilbilov zaedno so Dragi kao gitarista:)))
znachi nemoze niedna manifestacija da se odrzi bez Dragi;)
aj kje vidime denes sho pesni kje ima
Slushnaf od nekoj okolnosti deka Dragi bil maskotata na MakFest ... Ako go nema nego nemalo da pocni MakFest bez nego :o) |
n/a |
Andrijana ispea super,pesnata i e dobra. |
DJ_SHEMA |
Da ne go ima nekoj pesnite sluchajno? |
SpaceLily |
Samo sho sakav da go postavam istoto prasanje shema:) |
AaaAa |
ПОБЕДНИЧКА НА "МАКФЕСТ 2004" АЛЕКСАНДРА ПИЛЕВА
Глас, става и добра песна
Не, не не... ова не е можно! Не ми се верува. Мислам дека ова не ми се случува мене зашто мислев дека ваквите работи секогаш се наместени! Дека никогаш не победува тој што треба да победи. Ја сакав наградата, но не ја очекував и мислев дека мене вакво нешто никогаш нема да ми се случи.
Вака на само неколку минути по дознавањето на резултатите реагираше победничката на годинашното издание на "Макфест", Александра Пилева, инаку ексклузивка на "М2" продукција. Нејзината победа со песната "Нема утеха" ја поддржаа сите, и во салата можеа да се слушнат коментари- "Ова е вистинскиот избор, ако победеше друг ќе беше местенка. Прекрасно пее, песната ја донесе како што треба и изгледаше како богиња."
Ова ти е трет пат на фестивал, 1998 година кога дебитираше, па 2001 со "Сешн селекшн" и сега соло. Трета среќа?
-Правев ненамерна пауза од фестивали. Но, воопшто прво појавување на сцена ми беше "Макфест" и затоа посебно ми е драго што победив на овој фестивал. Сметам дека "Макфест" е најдобар од сите, обрнува внимание и на песни и на пејачи. Не знам дали и понатаму ќе настапувам на фестивали. Можеби ако имам добра песна, како и оваа, победничкава. Кога ја слушнав прв пат ептен ми се допадна.
На "Макфест" дојде како Александра Пилева, не како "М2", што беше доволна провокација за љубопитните?
-Јас сум се уште во "М2", со договор, работиме заедно. Оваа песна ја снимавме кај Дарко, значи во нашето студио, од нашата продукција. Имам голема поддршка од сите во продукцијата. Свирките ми се нешто од што живеам, зашто сепак, сум студент и морам од нешто да живеам. И иако не заработувам многу. Колку за џепарац.
Што после "Макфест"? Албум?
-Би сакала тоа да се случи. Но, тоа да биде сериозен албум, не смешка. Албум со живи инструменти, со добри музичари, со добри песни. Со се што треба. Искрено се надевам дека тоа ќе се случи со "М2". Би сакала зашто големи професионалци се и се навикнав на нив.
Кој е резултатот од диетата?
-Точно 16 килограми минус за седум месеци, колку што траеше диетата. Добро пеам, тоа е факт. Е сега требаше и добро да изгледам. За тоа се задолжени "Вита диет клубот", Сретен од студио "Арт", Дадар, "Манго"..
Имаш ли време за обврските на факултет?
-Да. Сега ќе почнам трета година на Технолошкиот факултет. Одат факултетот и музиката само ако го сакаш тоа. Има време за се. Полесно ми е зашто сум со продукција и голем број од обврските тие ги спроведуваат. Значи има време за се.
А за дечкото?
-Да, да. И за дечко. Јас долго време се забавувам со мојот дечко Коце од Неготино, кој дипломира на Правен факултет и сега стажира за адвокат. Кога сме слободни се гледаме повеќе, ако не само за викенди. Или тој тука, или јас во Неготино. Па ние сме 9,5 години заедно и така и си ја одржуваме врската. Не доаѓа на вакви манифестации, но имам голема поддршка од него. Знае да сугерира како гледач. Тој е мојот најголем критичар. Имаме многу релаксирана врска. Не сме си досадни еден на друг. Прво гледаме да си ги средиме животите, а тогаш кога ќе дојде време за семејство, тогаш ќе мислиме за тоа
|
AaaAa |
МАКФЕСТ 2004"
Победи Александра Пилева
[img]http://www.vest.com.mk/images/{454A768F-F7AA-4191-94F9-CF5725C70539}_PILEVA-2.jpg[/img]
Александра Пилева со песната "Нема утеха" е победникот на годниашното издание на фествалот на музика "Макфест 2004", што заврши завчера вечерта во Штип. Втората награда ја доби Дарко Андонов за песната "Брод за нас", додека третата дуетот Раде Врчаковски-Врчак и Роберт Билбилов за "Тајните ангели. Наградата за интерпретација ја доби првонаградената Алекдандра Пилева, и ја посвети на неодамна почнинатиот новинар на "Време", Даниел Михајловска. Песната "Ода за една љубов" е прогласена за песна со најдобар аранжман, кој го направи Владимир Дојчиновски, најдобар текст, за Ристо Самарџиев, а настапот на "Аренси бенд" за оваа песна за најдобар сценски настап. Нај дебитант беше Тино Кајшаров, а за најслушана песна меѓу двата фестивала годинава беа прогласени две- "Оние двете" на Мартин Вучиќ и "Немирна" на Тамара. Новинарската награда "Павле Георгиев" ја доби Соња Алексоска- Неделковска, новинар на весникот "Дневник" и специјална награда за камерманот на МТВ, Лаки Панчетовиќ.
Меѓу добитниците е и Мартина. Неа ја награди хотелот "Оаза", за почесен гостин на хотелот зашто од сите гости имала најуредна соба. Така се пофалиле собарките. Ама Мартина, како и секогаш, и овој пат беше во придружба со нејзините менаџерки- мајка и и баба и. Па кога и помагаат во се, па зошто не во средување на собата.
Доволно за убавото, оти имаше и поинакво. И на овој така реномиран фестивал, му се случуваа фалинки и задкулисни муабети. По првата полуфинална вечер, сомнеж: пееја ли Врчак и Билбилов на плејбек. Сите тврдеа - да, освен уметничкиот директор Кристијан Габровски, кој се бранеше со придружни вокали, и Врчак и Билбилов кои велеа: "Глупости, па зарем не се забележи дека на одредени места фалширавме!" Раководството на фестивалот се бранеше со свои одредени принципи за кои нема отстапка, но сепак, на финалето место осумнаесет песни успеја да протне уште две. Одговорот им беше дека годинава имале многу убави песни, па не било грев ако го прошириле списокот. Доволна тема за дилема. За притисоците на разни лоби групи за влез во финале и за добивање награди. Се зборуваше дека некој навреме си обезбедил учество во финале, па затоа релаксирано се шета низ штипските кафеани. Други притискале за купување карти или ургиренции од битни фаци. Но, сепак, на крајот страстите се смирија оти победила најдобрата.
За да биде се како што треба фестивалот годинава зема професионално обезбедување. Стави ред на влегување во сите битни простории. Но, како по традиција и годинава ја заборави т.н. прес сала. Сите вечери ова најмалку личнеше на прес центар. Во неа фалеа само бабите и дедовците па да биде место за автограми, зашто од еден куп деца со родители и тинејџери не можеше да се мрдне со прст, а камо ли да се земе изјава. "Макфест" остана сиромашен и со стандардните гости од политиката. Го немаше ни Киро Глигоров. Се вртеа муабетите дека не дошле оти се плашеле дека ќе ги исвиркаат
|
DJ_SHEMA |
Ja slushnal nekoj pesnava, dobra e? Ja chekam na radio ros ama slabo da ja zaprimetam. |
DJ_SHEMA |
A sega ja slushnav, dobra pesna. Pee malava ne e zaebancija.
Eve vi ja listata na finalisti
1. Бојан Бјелиќ – Ева
2. Мартина – За твоите очи
3. Елена Петреска –
Студено
4. Ѓоко Таневски –
Еден збор
5. Фани – Спомени
6. R’n’C band –
Ода за една љубов
7.Сузана Турунџиева –
Копнежи
8. Јасмина Димитровска –
Ме опиваш
9. Маријан Стојановски –
Дождовна песна
10. Сузана Јовчева - Илузија
11. Кире Денов – Кој ми е крив
12. Маја Вукиќевиќ –
Како некогаш
13. Бојана –
Да ми паднеш на колена
14. Тино Кајшаров –
Ако сонце изгрее
15. Биба Додева –
Ти простувам се
16. Александра Пилева –
Нема утеха
17. Димитар Андоновски –
Се уште ме сонуваш
18. Андријана Јаневска - Остани
19. Врчак и Билбилов –
Тајните ангели
20. Дарко Андонов – Брод за нас
Od publika
1 Aleksandra Pileva
2. Darko Andonov - Brod
3. Vrchak i Bilbilov - Tajnite Angeli
Oda za edna ljubov kako najdobar tekst. |
a-pin-dim |
Mozda ke gi najdite :o) ...
Znaese trazite od Stipjani :o) |
SpaceLily |
Dime ti ova sakas da zapocnish muabet so mene?[:D][:D] |