ДВЕ ГОДИНИ ПО УБИСТВОТО НА ВАНЧО ЈОСИФОВСКИ
ДВЕ ГОДИНИ ПО УБИСТВОТО НА ВАНЧО ЈОСИФОВСКИ
Ceki Не го апсиме убиецот на Ванчо Јосифовски за да не се наруши меѓуетничката толеранција и да не се создаде тензија. Вака му одговорил тогашниот министер за внатрешни работи Хари Костов на Едвард Џозеф од Меѓународната кризна група, на прашањето зошто не се решава убиството на син ми, изјави Велко Јосифовски, таткото на Ванчо. Јосифовски ова го дознал токму од Едвард Џозеф во текот на 2003 година. Тој со него се има сретнато и разговарано најмалку десетина пати. Осумнаесетгодишниот матурантот Ванчо беше убиен на 19 октомври 2002 година, додека играше кошарка со другарите пред својот дом во Тетово. Најчестиот одговор што Веле Јосифовски го добива од полицијата две години по убиството е дека убиецот е познат, но не можат тоа да го докажат. - Во овие две години наидувам само на празни ветувања и затворени врати. Ветувања дека ќе се најде убиецот на мојот син имаше од многу страни, но никој ништо не стори. Таков е случајот со пратеникот Зоран Томиќ од Тетово кој прво велеше дека ќе ја истуркаме правдата на виделина, но останаа само празни зборови. Ветуваше и сегашниот претседател Бранко Црвенковски кога беше премиер, но и од неговото ветување нема ништо - се потсетува и потенцира Велко Јосифовски. Недостигот од докази за овој случај го споменува и портпаролот на МВР, Горан Павловски. - Во текот на истрагата, и тоа од самиот нејзин почеток, осомничено е едно лице, но недостигаат материјални докази кои се неопходни за негово приведување и поднесување пријава – изјави Павловски. МВР уште на 24 октомври 2002 година, пет дена по убиството, соопшти имиња на 4 лица осомничени за терористичкиот напад во кој беше убиен Ванчо Јосифовски. Осомничени беа Џемалудин Нухија- командант Џими од село Ѓермо, Бурхамедин Нухија од село Порој, како и Шериф Идризи и Мухамед Рамадани од тетовската населбата Дреноец. Во текот на истрагата полицијата не презела поконкретни мерки кон споменатите лица, со објаснување дека нема докази. На кошаркарското игралиште каде што беше убиен Ванчо Јосифовски, во текот на овој месец, неговото семејство организираше меморијален турнир во баскет. - Кошаркарскиот турнир е уште една можност истражните органи да се потсетат дека ни по две години го немаат затворено случајот со убиството на Ванчо и дека повремените изјави дека „на случајот се работи“ не значат ништо за нас - изјавија од семејството Јосифовски на отворањето на турнирот. Ванчо Јосифовски беше убиен на десетина метри од неговиот дом, во близина на стариот градски стадион во Тетово. Од истреланите куршуми од автоматска пушка погодени беа и 18-годишниот Небојша Стојановски и 27-годишниот Душко Билбиловски, кој беше потешко ранет. Убиството се случи во близина на местото каде претходниот ден, во престрелка со полицијата, загина 21-годишниот Матин Адили од Тетово, по што многу индиции водеа кон заклучокот дека станува збор за одмазда на загинатиот. http://www.vreme.com.mk/novost.action?id=13273&broj=215
dejan zhalno e, ama sto ke pravis.
NARCIS` Vladata ima popametna rabota otkolku da brka ubici,a i da gi fati za 24h gi pusta.
Misirkov No zatoa pak, ne daj Boze da napravis soobrakjaen prekrsok vo "drugiot del" na Republika Makedonija. Kje te baraat i gonat se dodeka ne te najdat sose dokazi - i dodeka ne si pllatis so dupla kamata, razbira se.
protivpropaganda
quote:
Originally posted by dejan
zhalno e, ama sto ke pravis.
Убав тој на баба![:X] Да беше во Македонија заради оваа изјава ќе паднев врз тебе како тон цигли!!![:(!] Со ваков однос нема далеку да стигнеш во животот каде и да си. Сметај дека си добил виртуелна и поучна заушка поради глупоста која ја тропна.[:(!]
Токму поради ваквиот однос на мнозинството во Македонија се создава поволна клима за политички одлуки наместо фер односите на правната држава. Секој закон може да се прекрши заради некакви политички интереси. Заради ова во Македонија никој не е безбеден и единствена причина е тоа што луѓето се фрлени во длабока апатија (за страшливците немам зборови) немаат желба да си ја истераат правдата. Да не спомнам дека постојат и такви кои се исмејуваат на тие малкумина кои се обидуваат да ја истераат правдата, не сфаќајки дека доколку тие успеат ќе биде добро и за нив самите.[:(!] ЗЛОТО СЕКОГАШ ПОБЕДУВА КОГА ДОБРИОТ ЧОВЕК НЕ ГО СПРЕЧУВА!!!
трендафил Мораме да се спротивставуваме на секаков обид на власта македонците да бидат граѓани од втор ред, односно да подржуваме апартхејд против себе си. Ако албанските партии ги застапуваат албанците на политичката сцена, не ми е јасно кого го застапуваат македонските. Дали меѓународната заедница што не сака ни името да ни го спомне, а наводно ни е пријател? Во секој случај не треба да се бориме да не владеаат законите во целата земја, туку да завладеат секаде и за сите. Без разлика на нивната етничка, партијска или било каква друга припадност. СДСМ е во лоша ситуација и затоа што мнозинството прекршители на законот се од коалиционата ДУИ, па секој притисок врз нив бо довел до распад на коалицијата со можни предвремени избори од кои бегаат како од ѓавол.
lav
quote:
Originally posted by трендафил
Мораме да се спротивставуваме на секаков обид на власта македонците да бидат граѓани од втор ред, односно да подржуваме апартхејд против себе си. Ако албанските партии ги застапуваат албанците на политичката сцена, не ми е јасно кого го застапуваат македонските. Дали меѓународната заедница што не сака ни името да ни го спомне, а наводно ни е пријател? Во секој случај не треба да се бориме да не владеаат законите во целата земја, туку да завладеат секаде и за сите. Без разлика на нивната етничка, партијска или било каква друга припадност. СДСМ е во лоша ситуација и затоа што мнозинството прекршители на законот се од коалиционата ДУИ, па секој притисок врз нив бо довел до распад на коалицијата со можни предвремени избори од кои бегаат како од ѓавол.
После референдумов , најверојатно ќе го решат конечно пробљемот ...казнувајќи некој-си Македонец ...за ова не-дело.