mitko |
Безвизен режим и по влегувањето на Бугарија во ЕУ
Софија се договорила со Европската комисија да го сочува безвизниот режим кон Македонија и тогаш кога Бугарија ќе стане членка на Европската Унија. Воведувањето визи ќе се одложува до моментот кога, како што рече Соломон Паси, шефот на бугарската дипломатија, преговорите на Македонија со ЕУ ќе доведат до одредени шенгенски олеснувања, какви што добила Бугарија во 2001 година. Засега, според Паси, нормален е процесот македонски граѓани да бараат бугарско државјанство, а Бугари македонско. Тоа прашање, како што рече, засекогаш ќе се реши кога и двете земји ќе станат членки на ЕУ.
На прашањето колку македонски државјани побарале бугарско државјанство, министерската Илинка Митрева не даде конкретна бројка, најавувајќи дополнителна информација за тоа.
Соломон Паси, кој во земјава престојуваше и како претседавач со ОБСЕ, нагласи дека се планира намалување на мисиите на оваа организација на Балканот.
- Меѓународната заедница заклучи дека ОБСЕ заврши многу продуктивна работа на Балканот. Затоа мислам дека вниманието треба да го насочиме кон други региони - нагласи Паси.
Тој, како една од причините за намалување на мисијата на ОБСЕ, ја наведе стабилноста во регионот.
Министерката Митрева, изразувајќи надеж дека на состанокот ќе се разговара и за односите на ОБСЕ со Македонија, најави намалување и на мисијата во Скопје.
- Процена на Македонија е дека мисијата на ОБСЕ овде треба постепено да се намали. Разговаравме и за идната улога на организацијата во контекст дека стабилноста на регионот оди во добра насока и дека интересот на ОБСЕ треба да се пренасочи кон помалку стабилни региони - рече шефицата на македонската дипломатија.
Европските и евроатлантските интеграции, зајакнување на соработката во сферата на инфраструктурата, како и во областа на економијата, биле дел од темите на кои разговарале двајцата министри.
- Бугарија ја поддржува Македонија во сите нејзини приоритетни цели. Ја поддржуваме Македонија да стане членка на НАТО и во желбата да биде член на ЕУ, како и на ЦЕФТА, што се надевам дека ќе се случи додека ние сме претседавачи - нагласи Паси.
Двајцата министри потпишаа годишен план за соработка за 2005 година, во контекст на европските и евроатлантските интеграции, а потпишана е и Спогодба за отворање на граничниот премин Делчево-Невестино.
И. С.
http://www.vreme.com.mk/novost.action?id=13401&broj=217 ne sme bili tolko losi tatarite[;)]
|