OooOo |
Почина македонскиот актер и режисер Илија Џувалековски
[img]http://media.a1.com.mk/media/vesti/ilija-dzuvalekovski.jpg[/img]
Во 89-та година, вчера во Скопје почина Илија Џувалековски, актер, режисер, педагог, еден од основачите на македонскиот театар. Роден во Прилеп 1915 година, пред војната студирал на музичката академија во Белград.
Во 1944 година оди на Вис каде настапувал во театарот на народното ослободување. Потоа, заминал во Москва каде бил еден од уредниците на радио станицата Слободна Југославија. Во 1945 година се враќа во Македонија и почнува да се занимава со актерство. Првите улоги ги остварува во Македонскиот народен театар.
Во 1964 година заминал во Загреб каде работел во хрватскиот народен театар, а од 67-та ја водел катедрата за глума на македонски јазик. Во 1972 се враќа во Скопје и продолжува со актерската кариера и со педагошката работа на факултетот за драмски уметности. Во својата актерска кариера остварил над 60 улоги. Во 1952 година настапува во првиот македонски филм „Фросина“.
Ги одигра главните улоги во филмовите „Волчја ноќ3, „Мис Стон“, „Малиот човек“, „Мирно лето“, „Виза на злото“, „Денови на искушение“, „Каде по дождот’, “Републиката во пламен“, Оловна бригада“, „Црвениот коњ“. Во 1977 година беше добитник на високата наградата АВНОЈ и во 1983, на наградата 11 октомври за животно дело. Утре во МНТ ќе се одржи комеморативна седница по повод смртта на Илија Џувалековски. |