Strelec |
Бардот на македонското актерство, Илија Џувалековски, почина во 89-та година од животот.
Роден во Прилеп, Џувалековски студирал соло-пеење на Музичката академија во Белград. Во 1944 година отишол на Вис, каде што под раководство на Вјекослав Африќ настапувал во Театарот на народното ослободување. По кратко време заминал во Москва и станал член на Уредувачкиот одбор на радиостаницата "Слободна Југославија".
По една година се вратил во Македонија, кога одлучил да се занимава со актерство.
Првите успеси ги постигнал во Македонскиот народен театар во Скопје. Во 1964 година оди во Загреб, каде што настапувал за Хрватскиот народен театар, а од 1967 ја води катедрата за глума на македонски јазик при Академијата за театар, филм и телевизија. Во Скопје се враќа во 1972 година и продолжил со својата педагошка работа на Факултетот за драмски уметности, а истовремено и со својата актерска кариера.
Првата филмска улога ја добива во 1952 година во филмот "Фросина". Тој ги одигра главните улоги и во "Волча ноќ", "Малиот човек", "Мис Стон", "Виза на злото", "Мирно лето", "Денови на искушение", "Каде по дождот", "Републиката во пламен", "Оловна бригада", "Црвениот коњ".
Во 1977 година ја доби Наградата АВНОЈ, а во 1983 година, Наградата "11 Октомври" за животно дело.
|