Почина Благоја Ристески-Платнар |
Strelec |
Во Прилеп утрово почина Благоја Ристески Платнар. На македонската јавност ќе и остане познат како поет, писател, драматург, колумнист. На Прилепчани како боем и човек кој не ги признава законите на животот туку оние на духот.
Сите сили на овој негов дух без граници ќе ја внесе и во контраверзната драма „Спиро Црне“, „Летни Силјане“, „Ибро Јаране“, „Лепа Ангелина“, „Венко“, преведувани на неколку јазици.
Во нив, а и во колумните објавени во весникот Дневник вика богатсвото на македонскиот архаичен јазик му е јазик кој произлегува од длабочините на самиот македонски бит. Книгата за Серафимите и Херувимите која ќе ги смести овие колумни и романот „Долна земја“ се сведоци за неговата љубов кон богатсвото на македонскиот јазик како и наградите добиени на фестивалот „Војдан Чернодрински“.
Благоја Ристески Платнар имаше 55 години. Комеморацијата ќе се одржи утре во центарот за култура Марко Цепенков кој еден период работеше под негово раководство.
|
Thief |
Му се воодушевува на некои виртуозни јазични комбинации кои знаеше да ги створи и зборови кои знаеше да ги искове или да ги извади од дамнина и да ни ги принесе пред нас.
Платнару, почивај во мир! |
AaaAa |
Oficijalna Bigrafija prevzemena od stranata na Drustvoto na Nezavisni Pisateli na Makedonija
www.np.org.mk
[img]http://www.np.org.mk/Images/Authors/Writers/Blagoja%20Risteski%20-%20Platnar.jpg[/img]
Благоја Ристески - Платнар
Благоја Ристески - Платнар (5 март 1949, Прилеп) - драмски автор
Дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје (1975). Особено внимание му посветува на богатството на македонскиот јазик, транспонирајќи го во култивиран драмски дискурс. Тој е еден од ретките автори кој умее драмските текстови да ги пишува во стихувана форма и со специфичен архаичен збор. Обработува теми од македонското милје, македонските митови и од македонската историја и политика.
Драмски текстови: Carcinoma mamae (1982); Спиро Црне (1989); Арсениј (1993); Ибро јаране (1994); Летни Силјане (1994); Лепа Ангелина (1995); Венко (1998).
Награди: Награда за најдобар драмски текст на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински - Прилеп, за текстовите Спиро Црне (1989) и Лепа Ангелина (1996).
Неговите драми се преведени и изведувани на англиски, чешки, полски, руски, француски, романски, српски, словенечки, турски и на бугарски јазик.
----------------------------------
Bese LIK vo sekoj pogled koj znam deka nema da zgasne. Makedonskata Knizevna scena gubi mnogu.
Za zainteresiranite e-verzija na Lepa Angelina moze da se najde na
http://www.e-books.com.mk/04plays/risteski/sodrzini.asp?lang=mac |
kopacot |
super coece...mi se svigase kao go perdasheshe na Frckoski vo kolumnite na "Dnevnik"...Vecna mu slava |