Интелектуалниот капацитет на СДСМ | |
трендафил | Многумина веруваат дека владеечката СДСМ има многу интелектуалци и способни луѓе во своите редови. Дали затоа што тоа тие самите многу често го зборуваат? Ако е тоа така не ми се јасни некои работи. Прво зошто не можеа да најдат човек способен да биде премиер од своите редови? Што видоа кај Хари Костов? Им се допадна ли неговата насмевка? Ако СДСМ има висок интелект, зошто не можат да работат две или повеќе работи во исто време. Мојот одговор е веројатно затоа што нема внатрепартијска демократија. Во СДСМ мислеше само еден човек, па со неговото заминување на претседателска функција, сега во партијата нема ниту еден што мисли. Започнатите од него работи ги тераат по инерција. А бидејќи тој (со рејтинг од едвај 4% кај народот) не почна да работи на економијата, иако најави економски бууууууууум, затоа што беше зафатен со други работи. Веројатно во јануари и февруари го планираше „заминувањето“ на претседателот Трајковски, а потоа се бореше да седне во неговата фотелја. Откако како така стана претседател, ја врати партијската книшка со непознат број и ја остави партијата обезглавена, нормално, Црвенковски не можеше да закаже конгрес на СДСМ пред да биде избран за претседател, затоа што не беше сигурен дали ќе успее веднаш да ги лажира претседателските избори или ќе мора да си „замине“ и друг претседател ако евентуално биде избран. А како обичен член прашање е дали би бил во состојба да го стори тоа. Се надевам дека по следниот конгрес на партијата сите членови на СДСМ ќе добијат право да мислат и дека ќе го видиме нивниот вистински капацитет. П.С.: Ова повеќе или помалку важи за секоја од партиите. Колку поголема повеќе. |
lav | quote:Колешке Filozofka Само затоа што си ете партиски неопределена (демек неутрална) лесно ќе можеш да извлечеш заклучок помеѓу ЈАВНО кажаното на сите ТВ станици од страна на сдсм-овците СО СТВАРНОСТА односно ДЕНЕШНИНАТА во државата на Македонците (оти сите кои имаат македонско државјанство се Макаедонци-ако некој не мисли така нека каже зашто е тоа така) : 1.Ветија Вработување на еден член од СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО Стварноста денес е : ИЗБРКАА по 2 од секое (Македонско) семејство 2.Ветија дека ќе го смалат ДДВ Стварноста денес е : ГОЗГОЛЕМИЈА од 5% на 19% (ПАСТА за заби има 19% данок ...како ЛУКСУЗ ја третираат. 3.http://www.makedonskosonce.com/sonce221/tekst2.htm Од сето ова ќе забележиш ЕДНО.....НЕДОСЛЕДНОСТ помеѓу кажаното и досега (не)сранотеното од од нив. Но тоа во 3 мандати се повторува што значи имаме : Или наивни гласачи Или се ептен вични во лагите Поздрав |
intel | quote:Е лав лав, а што вели оној кој столот ти го грее пред да седнеш да пишуваш,другарчето ти трендафил де: -цитирам!! >И една американка има напишано дека министер албанец ја продава македонската историја. Договор до сега се уште не е потпишан, туку само преддоговор, кој е обврзувачки ако двете страни не се договорат за измена. Затоа петицијата се` уште не е залудна.< Значи според другар ти ништо не било залудно доколу и тогаш се повела иницијатива од миленикот твој Груевски за тоа дали да се распродава еден стратешки објект или не,а можеа и референдум да спроведат па фино лепо да им кажат на странците :Извини али опрости. П.С. Не бе бато,профит беше во прашање не националниот интерес. П.С.Бидејќи не сакаш да ти се обраќаат со лавче или овака онака,затоа те молам во иднина кога ќе ми одговараш да не употребуваш Љ наместо Л. Форава ти е стара и истрошена како и ти. Во спротивно ЗАБОРАВИ МЕ..ОК.Не ме приметувај, не ме читај, не ми одговарај,барем додека не се научиш да не го правиш она што не сакаш да ти го прават.До твоето културно просветување ЗБОГУМ. |
filozofka | citajki go samo topicov i nisto od ona sto ste go pisele(zalam vremeto ne mi dozvoli)-mozam samo da kazam deka od moja gledna tocka SDSM ima intelektualen kadar i toa dosta dobar.Inaku ne sum politicki opredelena no ova go kazuvam od toa sto dosega go slusav na TV,a za ona sto e storeno od nivna strana-nemam komentar:) |
jamajka | Jas vaka gledam na rabotite: DPMNE se prosti SDSM ima kadar So ogled na prcanjeto shto go ima primeno narodot vo periodot koga i dvete partii bea na vlast mozam da go zaklucham slednoto. SDSM ne prcashe dodeka beshe na vlast deka ima kadar SDSM ne prcashe dodeka beshe vo opozicija preku svoeto krilo, DPMNE Znachi DPMNE ne e nishto drugo tuku izvrshen organ na SDSM i toa za prljavite raboti. SDSM=DPMNE=predavnici na nacionalnite interesi. |
intel | Трендафилов,Караџовски или Спире Мавровски.Најповеќе ми алудираш на последниов.Добро до кога вака.За оние кои не те знаат ќе ја имаат можноста. Веќе неколку години еден ист текст COPY-PASTE за пишување,а научен на памет за пред камери.Колку пати ве прашуваат како си,како фамилија а вие како од топ песничката: доле СДСМ.ЦЦЦЦЦК.... Зарем вашиот интелект е толку поголем од оној на СДСМ.Еј 10 речениси на памет па тоа е многу стварно.Можеш ли да се обидеш да составиш некој текст сам.Колку за проба,нема да ти се смееме. |
трендафил | quote:Пред неколку години на крај памет не ми било дека и на тогашниот претседател ќе продолжи традицијата со атентати. Ниту дека ќе продолжи традицијата за лажирање на избори. Не знам каде гледаш дека напишав долу СДСМ, сем ако не мислиш дека само тие од актуелново раководство се СДСМ. Напротив напишав: Се надевам дека по следниот конгрес на партијата сите членови на СДСМ ќе добијат право да мислат и дека ќе го видиме нивниот вистински капацитет. Што би рекле ДОЛУ СТАРИТЕ ЛОШИ, ГОРЕ НОВИТЕ ДОБРИ. Или сметаш дека такво нешто не е возможно во ТВОЈАТА партија, па затоа се лутиш. Да не даде Господ ако ова е максимумот што може да го пружи СДСМ. Не поради партијата, туку поради Македонија. За овие луѓе во раководството на СДСМ не знам дали не знаат или не сакаат да направат подобро, но со години работат исто, лошо. И до 1998 и после 15 септември 2002. Сега дури и полошо, да не кажам напредуваат. Не знам што подразбираш под ваш интелект. Ако мислиш на мене со почит (иако не верувам дека ме почитуваш) си требал да напишеш Вашиот (со големо В). Сепак сум доволно умен да не бидам член на ниту една партија. |
intel | quote:Колку е моја толку е и твоја.Ова ми личи веќе на Лав.Мислам во негов стил е напишано. quote:Ај сега малку ќе ти здебелам неки букви и покрај тоа што знам дека многу убаво разбра. Зарем вашиот интелект е толку поголем од оној на СДСМ.Еј 10 речениси на памет па тоа е многу стварно.Можеш ли да се обидеш да составиш некој текст сам.Колку за проба,нема да ти се смееме. Значи вашиот интелект на сегашната твоја партија ВМРО-НП. quote:МОЛАМ?? не “чув“ баш најдобро.А книшката од КПЈ или СКЈ.Беше комунист ми го призна тоа. П.С.Види Трендафил.Со многу работи кои си ги напишал се согласувам.Но твојата отровност од преголемата омраза кон Бранко ја префрлаш и кон членството и симпатизерите.Тука губиш,и немој сега да се вадиш со последниов пост дека ова она си мислел вака или онака.Знаеш, една работа е интересна еднаш двапати но не и 100 пати. Не се согласуваме политички???Сигурен ли си?И да е така тоа не ти дава за право да ми кажеш мојата СДСМ.Ех да беше моја..немаше ти вака да пишуваш. А тоа со почитувањето си голема з’грешка.Не се мери со ВИЕ и ТИ. |
lav | Погорниов наш но и ваш кољега (но и други) кои веднаш се (по)јавија по него никако да се ослободи од синдромот наречен СТРАВ ВО КОСКИ од појавата на неговите дамнешни познајници кои ете случајно или не ДОБРО ГО ПОЗНАВААТ , нешто опишано кај северните-ни соседи како ЗНАМ ТЕ ПУШКО КАД СИ ПИШТОЉ БИЛА - разбира се. Е сега се прашувам до кога овој и ваков феномен , кога некој се обидува да прави компарации на личности наместо да си направи најпрво компарација со самиот себе , сега но и порано. Разлика = О и тоа гулема. Ме чуди само како се протнал таков кај „надлежниве„ на форумов ...кои ете му го овозможуваат тоа ...разбира се неказнето. пс Кога сме кај казните , Јас сеуште не разбрав зашто ми беше оневозможена нормална и културна комуниација со новите , но и „старите„ мои добро познати форумџии ..кои ја „дигнаа„ онаа халабука пред некој ден ...БЕЗ ДА МИ ДАДАТ ШАНСА ДА ИМ ОДГОВОРАМ РАМНОПРАВНО..секако мислам на „надлежните„ кои очебијно освен Бобан , не ме познаваат односно не ги прчитале мојата СИЛА на АРГУМЕНТИ за разлика од нивниот АРГУМЕНТ на СИЛА. Но има време и подобро ќе се запознаеме ...секако во културна комуникација. |
Thief | Дај Боже да не те познавав толку добро :) Инаку, другиве те запознаа за пола ден, лесно се ќиташ. Туку, да не забегувам од темата, добредоје назад, лавче! И памет у глава, зашто тука луѓето се троа на повисоко ниво од тоа не кое беше научен на другите места. Се надевам дека ќе дискутираме на темите продуктивно и понатаму и нема да има проблеми. |
lav | quote:Само за да нема „пробљеми„ понатака не ќе е лошо да ми посочиш текст да не кажам „закон„ кој овде владее , за да можам да се ориентирам според тие пишани правила и да нема никакви грешки од ничија страна. Пс Се надевам дека СОВЕТОТ ДОБАР твој нема и понатаму да го покажуваш со ЛОШиот ПРИМЕР ...како користењето на демунитив(и) ...оти овде сум пријавен само како lav и никако поинаку нели ...Бобане???. И дали си сеуште во Тетово , мислам дали сеуште тамо живееш ? А околу висината овде ...ја забележав веднаш и ме фати вртоглавица , верувај ми. |
OooOo | Ovie problemi mozhete da si gi reshite preku Private Message. Drzhete se do temata! |
Thief | Јас барем не забележувам никакви проблеми... А, сите овие дискусии се еден вид... хмм... демаскирање на интелектуалните капацитети на членовите и симпатизерите на СДСМ, ДПМНЕ, Жан Кретиен, Џорџ Буш и останатите :) Btw, да, се` уште сум во Тетово, сакаш да одиме на кафе до Шипковица? :) |
OooOo | Hmmmm ... |
lav | quote:З’ш да не бе Бобане , ако треба ќе идемо и у Шикојца , и ако сакаш и кај Аљи-ФЕКАЉИ на један чај у мала Речица...со која сеа Тетоо ми заличуе ка да е мау Парис. |
трендафил | quote:Не е моја вина што претседателот (по многумина избран нелегално) Црвенковски ги повторува истите грешки. Не еднаш двапати, туку 100 пати. Ниту мене не ми е интересно не само да ги гледам неговите грешки, туку и да ги чувствувам. А одреден број луѓе, претпоставувам членови и симпатизери на СДСМ, но можеби и на самиот Црвенковски, па поради него ја сакаат и партијата, го подржуваат со својот глас. И му овозможуваат воскреснување (или подобро речено повампирување) два пати. И на 15 септември пред две години и оваа година. Индиректна вина имаат. Затоа што му веруваат на измамник. Сега ќе се повторам (за тие што не учествувале на ајвар.ком форумот. Текстот го куцам, го немам готов за copy-paste). Бедуините имаат правило. Во случај жената да го изневери мажот првиот пат се казнува прељубникот. Ако вториот пат се случи истото се казнува таа, а третиот пат се казнува излажаниот сопруг. Ако ова компаративно го примениме на избирачите и актуелната власт, веројатно како народ и сме го заслужиле ова што ни се случува. Ако во 2002 имаше многу причини тогашната власт да си замине, немаше ниту една причина да се врати сегашната власт. Уште помалку причини имаше да му се дозволи на Црвенковски да избега на претседателското место. Погрешно се покажа и мислењето на Сашо Јордановски од „Форум“, кое и јас го подржував во еден период дека тоа е единствениот начин најлошиот македонски политичар (според мене, но и според од ден на ден се` повеќе луѓе) да се тргне од оперативната политика. Живо ме интересира што мислиш со тоа (за партијата СДСМ) „Ех да беше моја..немаше ти вака да пишуваш.“ Дали дека не ќе се правеше ова, па не ќе има потреба да пишувам или дека ќе ме пратеше на Голи Оток или во Идризово (или можеби во Шутка, актуелниот политички затвор). Во секој случај не сакам лично да се закачувам со тебе (Интел) па би се вратил на темава. Можеби ќе ме убедиш иако сум си дал збор самиот на себе дека нема да станам член на ниту една партија да се зачленам во таа што сега ја напаѓам, што многу те повредува иако не е твоја (изгледа туѓото го сакаш). Те малам наброј ми 10 добри работи, може и повеќе или помалку, (повикот е отворен до сите на форумов) што ги направил СДСМ во последните 10 години, да полемизираме окулу нив. Да повторам што направил, а не за што зборувал. И јас признавам дека многу убаво говорат, што ЌЕ направат во иднина, но јас гледам (и покрај препораките на меѓународната заедница) во минатото (што е направено) и во сегашноста (што се прави). За почеток јас ќе напишам нешто лошо. Во „Лозар“ Битола на чело со градоначалникот (од редовите на најголемата македонска партија) се спречуваа неколку години газдите да го владеат своето. При тоа се користеше озборувачката партијска машинерија (исто така најсилна во државата) претставувајќи ги сопствениците како криминалци. Кој е криминалец, претпоставувам дека на сите им е јасно. Исто и колкаво е влијанието на овој политичко-државен криминал врз бизнис климата и странските инвестиции. Беше ли ова интелектуално дело??? Не видов одговор на моето прашање. Ако во СДСМ има многу интелектуалци, зошто го „увезоа ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦОТ“ Хари Костов за премиер? |
intel | Е така гледаш кога се сака се може нешто да се искуца и со своја глава.Барем за ова што се однесува до твоите Бедуини и нивното правило до сега го немам слушнато од Караџовски,Трендафилов,Спирето Мавровски,а богами ни на страната на Вмро-Дпмне.Убаво правило и добро што го спомна зошто сепак мислам дека поголем дел од народот се држи до него и многу тешко дека на твоите љубимци ќе им даде втора шанса.А тек за трета??????Мало теже,викаат клетите срби(ова знам дека ти се допаѓа до снесување).
quote:Ова ќе и го препуштам на твојата фантазија,одбери сам што највеќе ти одговара.Самото твое спомнување на Голи Оток итн доволно кажува што се врти во твојата глава кон оној кон кого покажуваш омраза(со се 40%) на завидно ниво. Е сега што се однесува до набројување на негативни и позитивни работи е доста дискутабилно.Ти како задолжен за ширење негативна енергија веднаш почна со Лозар.И ова е доста осетливо прашање во однос на тоа кој,како и зошто го приватизирал така да газдите и проблемот околу нивното влегување внатре експлодира по заминување од власт на продавачот.Но еве нека биде по твое и нека биде минус на оваа влада.Јас ќе почекам да наведеш уште 9 волку “големи“ проблеми за да теб прашам што мислиш за приватизацијата на ОКТА (телеком ќе го чувам за подоцна). Значи наведи уште 9 па потоа обиди се да одговориш за Окта без да го користиш твоето познато мото негација на негативното,ако можеш. Искрено кога почнав да го читам редот во кој започнуваш вака: quote:очекував дека ќе напишеш нешто за лошо одработената територијална поделба.Но за жал ова е споредна работа нели?Профитот и парите кај се,кој ги контролира тоа е проблемот. Ако веќе не сакаше за тоа можеше да поставиш прашање,Зошто владата не го поништи катастрофално лошиот договор за ОКТА?Паршање од кое страда цела Македонија,Лозар е сепак помал проблем на одреден број ГАЗДИ кои не знам од каде нашле пари да го купат, а ти си толку загрижен за нив и повторно не ти се важни многу поголемиот број на фамилии кои таму работат. |
трендафил | quote:Бидејќи темава е за интелектуалниот капацитет на СДСМ, овде нема да дискутирам за грешките на други партии. Лозар го спомнав како работа што долго се влечеше со обвинување на едната страна. Кога излезе дека е виновна другата моментално престана интересирањето на јавноста окулу неа. А интересна е пред се` поради влијанието на СДСМ врз судството. Дури и кога беше во опозиција. Децентрализацијата постои како посебна тема, па не мислам овде да правам copy-paste на таму напишаното. Голи Оток го спомнав затоа што не сум слушнал дека СДСМ го има осудено. И беше против декларацијата за рехабилитирање на сите што таму биле испратени. Превентивно ќе кажам дека сигурно има луѓе што заслужиле да бидат казнети (дури и испратени во концентрациониот логор на Голи Оток), но факт е дека таму оделе без судска пресуда. А веројатно и на рехабилитирањето се однесува правилото дека е подобро сто виновни да бидат рехабилитирани одколку еден невин да не биде. Иако бегаме од темата и со сила ме ставаш во улога да бидам адвокат на ВМРО-ДПМНЕ сепак ќе одговорам на поставените прашања. За ОКТА не сметам дека е лоша приватизација. Колку што гледаш откако помина еуфоријата, никој повеќе не се бави со неа. За еден загубар, кој и сега е тоа, само не на сметка на Македонија, беше добро што се продаде. За неа се земeни 10 пати повеќе пари отколку за железара на пример. Во почеток се напаѓаше само дека нема да се изгради нафтоводот. Откако се изгради, почнаа да се зборуваат и други работи. А се` излегуваше од устата на тие што говореа дека од секое семејство ќе вработат по еден, дека ќе ги намалат даноците... ОКТА всушност беше предизборен маркетинг. Можеби е спорен откупот на непродадениот мазут, но факт е дека тогашната влада имаше пари да го плати тоа од буџетот. Дури и во воени услови. Сега тој дел од договорот владата не го исполнува, а сепак парите ги нема. Иако судството е под контрола на власта, не ми е познато некој да е осуден за ОКТА. Ниту дека се води некоја постапка. И покрај сите усилби пред се` на тогаш министерот за внатрешни Хари Костов. А без пресуда веќе неколку години јавно се обвинуваат повеќе луѓе. Иначе колку што гледам иако веќе повеќе години „Макпетрол“ слободно увезува бензин, истиот ниту за еден дени не е поевтин од тој на ОКТА. Цената на бензинот не се покачи поради продавањето на ОКТА, туку поради ДДВ-то кое се додаде на акцизите. А ако данокот се искористи правилно, бидејќи богатите плаќаат (или барем треба да платат) повеќе данок, а парите од буџетот ги ползуваат сите (дали е баш така?) тоа ја поправа социјалната положба на граѓаните (нели сме социјална држава според Уставот). Да резимирам. ОКТА е едно крајно безобразно обвинување на луѓе што не се осудени, дури против нив не се води никаква постапка. А ако виновни не се осудени, сигурно не е виновна опозицијата. Друга работа е што некои судот на партијата (СДСМ) го сметаат како највисока судска инстанца. А додека е така нема да влеземе во ЕУ. За Телекомот, доволно е да кажам дека министерот (Бузлевски) што го потпиша писмото за намери сега е вработен во фирмата како советник за плата од повеќе илјади евра. Во него пишува дека до 31 декември 2004 ќе има монопол. Условите за продавање иначе се слични во сите околни земји (Бугарија, СиЦГ, Хрватска...). При продавањето е постигната оптимална цена. После тоа поголеми телефонски компании се продаваат за помалку пари. Да потсетам. Сите потрошени пари од Телекомот се трошеа преку буџетот. Не беа слободни пари. А буџетот ниту сега не е нешто многу помал. Во него влегуваат и парите од дивидентата од Македоски Телекомуникации. Владата на Црвенковски не направи ништо на 1 јануари 2005 (со истекувањето на монополот) да се воведе конкуренција (втор или повеќе фиксен оператор, а да не зборувам за трет или повеќе мобилни). Тоа не го прави ниту владата на Хари Костов. Затоа што не се однесуваат како влада на Република Македонија. Дури и владата на ВМРО-ДПМНЕ (како водечка партија) да направила грешка, владата на СДСМ треба да ја исправи, а не да ја ползува добитта (дивидента од Телекомот) и да зборува, а да не прави ништо. Што се однесува до поништувањето на договорот со ОКТА, не сум поборник за поништување на било кој валиден договор. Рамковниот договор (барем на начинот на кој се применува) мислам дека е поштетен. Сум на пример за праведна застапеност во државните служби. Сигурно е дека е неправедно некој што има квалитет да не биде примен на работа само затоа што припаѓа на малцинство. Но колку што ми е познато и пред војната албанците беа примани на работа со привилегии. Тоа што тие привилегии им се малку е нивна вина, а не вина на државата. Сами бегаат во паралелен (свој) образовен систем што не им дава доволно знаење, па со тоа малку знаење сакаат да се вработат. Ако праведно и пропорционално е еднакво, би го поставил прашањето зошто албанците не учествуваат во бројот на умрени праведно (односно со 1/4 колку што ги избројаа на пописот)? |
intel | quote:Нема врска.Ти со задоволство прифаќаш односно уживаш во адвокатската улога. quote:Е нема два телекома за продавање.Од каде пари. quote:Ха,дури и да направила грешка владта на вмро-велиш а?ова као не постои гршка според тебе, а сепак сдсм ја ползува добитта од грешка што не постои.Колку си парадоксален дали си свесен. Добро е само терај така. |
f9 | Но твојата отровност од преголемата омраза кон Бранko Не знам за трен,лав и кој не.Јас лично не го мразам Бранко.Но не го прифакам неговиот начин на организација на државата,а над се не прифакам ОКСИМОРОНИ затоа што мислам дека е најнеморална постапка спрема тие што ти дале право да владееш.Огромното незнаење на тимовите кој ги составувал за влада и комплетното нуркање во посткомунизмот ја оставија оваа држава на дното.Власта треба да бележи успеси,а не демагогија.Власта повторна треба да се базира на резултатите од предходните мандати.Демократијата е за сите,а со тоа и правото на убаво чувство на сите Македонски грагани.СО ЗАДНИ МИСЛИ И СО МААЛСКИ ФИНТИ НЕ СЕ ПРАВИ ВИСТИНСКА ДРЖАВА. |
трендафил | quote:Е нема два телекома за продавање.Од каде пари. quote:Ха,дури и да направила грешка владта на вмро-велиш а?ова као не постои гршка според тебе, а сепак сдсм ја ползува добитта од грешка што не постои.Колку си парадоксален дали си свесен. Добро е само терај така. Точно е дека нема два Телекома за продавање, но пред Телекомот имаше железара, пивара, цементара и да не набројувам до 90% најпрофитабилни претпријатија со проценета вредност од повеќе милијарди долари што беа продадени до крајот на 1998, а заедно вредат многу повеќе од Телекомот. А сега имаме Електростопанство за продавање. Со парите од Телекомот е водена војна и во воени услови смален е долгот на државата и кон странските кредитори, но и кон домашните штедачи и луѓето чиј имот државата го има украдено (национализирано) во време на комунистичката диктатура. А владата си ги зема парите од дивидента од Телекомот. Можеше да побара за толку пари да се намали цената на услугите. И да повторам, до сега да ја има завршено постапката за воведување на втор фиксен оператор и барем трет мобилен. Па на 1 јануари, кога ќе биде истечен монополот веднаш да почнеме да телефонираме по линиите на поевтин, втор фиксен оператор. Иначе не го мрзам Бранко нити СДСМ. Хари Костов не е член на СДСМ, нити ресорниот министер Буџаку, одговорни за тоа што нема абер од распишување на тендер за конкурент на Телекомот. Се работи ли можеби за корупција? |
intel | quote:Телекомот е продаден со се,.. ај да разбере сите дури и слацк ќе напишам, со се бандери и кабли кои ни доагаат до дома.Тоа е толку голема предност пред евентуалниот втор оператор во фиксна телефонија што чини многу повеќе од самата сума која е добиена за телекомот+железара,пивара и циментара кои патем не можеш во никој случај да ги мериш со него бидејќи не се стратешки објекти. Како граѓанин -циментара.Има увоз извоз не ме обврза ништо да купам од таму ако ми треба цимент кога ќе градам шупа,бидејќи не сум од владата на Љубчо па не можам да градам замоци ова за мене е неважно. -пивара.фати се ДАБ -железара.немам допирни точки. ТЕЛЕКОМ-боли секој први,а немам избор.Тоа што го пишуваш ти може е така може не ама знам кој го продаде и кој ги потроши парите по принцип купи Куршум пиши Тенк. |
ozonce | quote:Bidejki sum del od Graganskata Akcija "Pruzi otpor kazi ne" ke kazam deka ova ne e tochno!!! Imeno, dokolku nashata vlada raspishe tender za vtor operator, togash edna firma e zainteresirana za da vleze vo fiksnata telefonija vo Makedonija i toa so bezzichna tehnologija!! Taka da neka si gi chuvaat matav banderite i kablite koi edvaj go prenesuvaat telefonskiot impuls, a kamo li i Internet singalite! |
intel | quote:Ова не е спорно.Мислиш дека е поевтино.Сепак ќе треба многу репетитори + приемник за секој број кој сигурно нема да биде гратис.Јас веќе еднаш сум платил за довод до мојот дом.Каков таков и не мислам баш дека едвај пренесува.Кој им даде право да го продадат тоа што е мое,веќе го имам разбираш.Не ме интересира втор безжичен. |
lav | quote:Колкава и која ли ПАТЕТИКА , секако (не) само овде искажана од тебе???. Правиот одговор на подцртаното со црвено од мене можеш да го добиеш САМО АКО УСПЕЕШ ДА ЗБОРУВАШ со некој од можните живи газди на фирмите (Алкалоид , Треска, Печатницата, плодното Скопско Поле и други имоти во приватна сопственост) кои КОМУНИСТИЧКАТА КАМАРИЛА во налетот на остварување на својот лудачки сон наречен „план„ за национализација во 1945-48 но и подоцна го осетија тоа ...односно „тоа што е мое,веќе го имам„ како што сам си напишал. Но 100 стапа ВООПШТО не БОЛАТ ..особено по ТУЃ ГРБ ...разбира се мој почитуван кољега |
DJ_SHEMA | Samo sporedi gi mitinzite i vidi na chii mitinzi se krshi i lumpuva ni gradski a na chii ludje posle mitingot odat sednuvaat pijat kafe i se relaksiraat. |
f9 | НЕ ЗНАМ ШТО СЕ ЗАФАКАТЕ САМО ЗА ТЕЛЕКОМОТ,ПА ТУКА Е И ОКТА ТУКА Е И ЕСМ.НА ПРИМЕР ОКТА.ЗА ДА СЕ ИЗГРАДИ ЕДНА ФИРМА ОД ТАКОВ ВИД ПОТРЕБНИ СЕ МИЛИЈАРДИ ДЕНЕС.НИЕ ИМ ЈА ДАДОВМЕ ЗА БАДИЈАЛА.ЛУГЕТО ШТО ГО ПРОДАВААТ НАЦИОНАЛНОТО БОГАТСВО НА ДРЖАВАТА СЕ КРИМИНАЛЦИ И АЈР НЕМА ДА ВИДАТ.НЕМОЈТЕ СЕГА СО РЕНТАБИЛНОСТИ ДА МИ СЕ ТРУПАТЕ. -САМО ЕДНА ИНФОРМАЦИЈА КЕ ВИ КАЖАМ ОБИЧНА ФЛУРОСЦЕНТНА СИЈАЛИЦА ВО С ИЗВЕДБА Е 10 ПАТИ ПОСКАПА,СИТЕ КАБЛИ ВО ОКТА СЕ СО МИНЕРАЛЕН ТРЕТМАН.ТАКВИ ИНСТАЛАЦИИ СЕ МНОГУ,МНОГУ СКАПА ИНВЕСТИЦИЈА.ЗА ЕСМ ИСТОТО.ЗА ТЕЛЕКОМОТ ОВАА ДРЖАВА ИНВЕСТИРА ОГРОМНИ ПАРИ ЗЕДЕ КРЕДИТИ ОДМА ПОСЛЕ ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО ЗА САТЕЛИТСКА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИЈА-СО ОТПЛАКАЊЕТО СЕ УШТЕ НЕ СМЕ НИ ПОЧНАЛЕ.А ТАА ИНВЕСТИЦИЈА Е ВЕКЕ ПРОДАДЕНА ЗА МАЛИ ТРОШКИ. НИТУ ЕДЕН ОД ПРОДАВАЧИТЕ НЕМА ЕДЕН ДЕН РАБОТАНО,КАКО ПРОФЕСИОНАЛНИ РАСТУРИКУЌИ НИ ЈА ВОДЕА И НИ ЈА ВОДАТ ЕКОНОМИЈАТА.НАРОДОТ ОСТАНА СО ПРСТОТ ВУСТА.ВЛАСТА ТРЕБА ДА ПРЕСТАНЕ СО ПРОДАВАЊЕ.АКО НЕ МОЖЕ ДА ОБЕЗБЕДИ МИНИМАЛНО СОЦИЈАЛНО ЗГРИЖУВАЊЕ НА АРМИЈАТА НА НЕВРАБОТЕНИ,БАР НЕКА ИМ ПОДАРИ АКЦИИ ВО ЕСМ.ПОСЛЕ ТОЛКУ ПРОДАЖБИ ВРЕМЕ Е ЗА ПОДАРОЦИ.НИЕ СИ СМЕ НАУЧЕНИ НА ТОА... |
SLaCk | DJ_SHEMA odamna ne si bil na miting izgleda.SDSM sega ne e ni sposobna da organizira miting tuku samo nekakvi si zatvoreni tribini?Na koi razbira se doagaat rodninite nivni i si pijat kafe i se relaksiraat pred da letaat kako kuferi sledniot mesec. |
Pina | quote:Pa eve ti ushte malku patetika. Komunistite vo II Svetska Vojna bea pobednici i si go sproveduvaa ona shto si go imaa zacrtano kako partija, sonot za nacionalizacija. Megjutoa metodite so koi se sprovede taa nacionalizacija bea grubi/ nasilni i na sopstvenicite na imotite im beshe davana simbolichna oshtet, nekoi bea proglaseni za "voeni bogatashi" itn...itn.... Toa pomina. Imotot stana drzhaven, komunistichki, naroden ili kako sakash patetichno kazhi, i pochna da ja vadi N.R. Makedonija od "kal". Se stigna do nekade, prosechata plata na Makedonecot vredeshe 1000-1500 DM, a vo Alkaloid pa mozhe da se reche i 2000 DM. Pomina i toa. Dojde sega sonot za privatizacija, ili denacionalizacija, "vrakjanje na odzemenite imoti" patetichno da se izrazam. Pa ajde akcionerski drushtva, a nikoj od vrabotenite ne znaat shto se akcii. Politichkata igra ime/zname dovede do embargo, sankciite kon Srbija se sprovedoa (najoshtetena Makedonija), , pa ko ke pomislish tie NAS treba da ni platat za da ne primat vo EU, NATO Ne znam detali za ovaa denacionalizacija ne mozham mnogu da komentiram. Ne znam kako se tretiraat bivshite sopstvenici ili nivni naslednici so ovaa privatizacija. Megjutoa koga go spomnavte Telecom. Ne mi e poznato kolku nashata vlada ima kontrola nad Telecom, ama koj go "ima" Telecom mozhe da gi kontrolira site telekomunikacii i protok na informacii na teritorijata na Makedonija, da vospostavuva restrikcii kakvi saka i bla...bla. |
DJ_SHEMA | quote:Mozebi ne sum bil odamna, ama slabo veruvam deka nekoi drastichni izmeni se napraveni za nekolku godini. A komentarot za letanje kako kuferi kazuva se [;)] |
трендафил | quote:Ако имало трошење на пари по принципот купи куршум купи тенк, тоа веројатно го правел Владо Бучковски. АРМ имаше тенкови, а набавките за АРМ ги прави министерството за одбрана. Шегата на страна. Сигурно е дека имало воени профитери од тогашната власт (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЛДП, ВМРО-ВМРО, Нова Демократија, ПДП, ДПА ... се надевам не заборавив некоја партија од широката коалиција), но треба да се земе во обзир дека државата мораше да „пере“ пари и да купува оружје на црно, затоа што нашите американски пријатели во сред војна не ставија под ембарго за оружје. Но за да се обвини некој треба да се имаат докази, а да осуди може само судот. Да се зборува за некој дека е криминалец, а не е осуден, е криминал. Тоа што Телекомот е продаден со се` е предвидено во писмото за намери. Поставувањето кабли само по себе и не е толку голема инвестиција и брзо се изведува (Иако постои и безжична фиксна телефонија). Пример за тоа е кабловската телевизија. Дури истите тие кабли може да се користат и за телефонија (како што се користат за интернет). Колку брзо и релативно евтино се воведе кај секој што тоа го сака кабловската сведоци сме сите. А сегашната влада многу зборува, а не прави ништо за да се воведе втор фиксен оператор. Во сопствена полза. Го дели профитот со унгарците, а можеби некој добива нешто и под рака. За да му овозможи на МАТАВ што подолго да не „молзе“. Како граѓанин - не ми е познато дека Љубчо има замок на Водно. Има замоци на некои други. Изгледа дека маалото е еднопартијско, на СДСМ. Но тие се чесни. Да беше Свето Јаневски (Пивара) близок до Љубчо којзнае што ќе пишуваше за него по купувањето на ТИКВЕШ од Кавадарци и ВИНОЈУГ од Гевгелија. Но бидејќи е близок до Бранко парите ги има заработено чесно, разбира се. - и прилепска пивара беше продадена кога Бранко беше премиер. И битолска. - железара не те интересира затоа што е приватизирана од условно твоите. Зошто не те интересираат ФЕНИ и Југохром (сега Силмак) кои се приватизирани од претходната влада? Дали поради тоа што не применуваш НЕГАЦИЈА НА НЕГАТИВНОТО? Чудно ми е што инсистираш на тоа дека ТЕЛЕКОМот требало да остане државен. Дали за да го продадат да речам условно твоите? Без негово продавање нема влез во НАТО и ЕУ. |
intel | quote:Дали знаеш колку симпатизери на СДСМ се решени да гласаат ЗА , колку се двоумат дали да гласаат. Твоите коментари и на таквите како тебе првите ги доведуваат во состојба на преиспитвање на нивната одлука,а вторите????-што мислиш,ако воопшто можеш да мислиш.И не заборавај бројот е незанемарлив. Како што веќе некој кажа вие и пола Македонија ќе ја дадете око нема да ви трепне за да се вратите на власт,и сепак кампањата на опозицијата ја сведувате на гола борба за власт. Трендафил: quote:Tоа де и јас се чудам.Што има полиција поточно МВР да врши набавки за АРМ,освен ако беспилотни летала не се полициска а не армиска опрема.Бучко купуваше делови за отпадт бугарски наречен Тенкови за спас на Македонија.Од кај знаеа Блгарите де дека ќе се случи воината. Нејсе.За тоа друг пат. quote:Баш чудно,ова го напиша сериозно или се шалиш малце.Толку добро ти го испрале мозокот што ми коренспондира со референдумот и влезот во ЕУ и НАТО. quote:Тебе ништо не ти е познато во врска со Љубчо,сигурно си бил во подрум незнаш ниишта. Реди колку сакаш фирми немам ништо против доколку наведеш барем една од типот на онаа за која сигурно не можеш или не сакаш да го разбереш она што го напиша Пина: Telecom mozhe da gi kontrolira site telekomunikacii i protok na informacii na teritorijata na Makedonija, da vospostavuva restrikcii kakvi saka i bla...bla. |
lav | quote:Tоа де и јас се чудам.Што има полиција поточно МВР да врши набавки за АРМ,освен ако беспилотни летала не се полициска а не армиска опрема. Бучко купуваше делови за отпадт бугарски наречен Тенкови за спас на Македонија. Од кај знаеа Блгарите де дека ќе се случи воината. Нејсе.За тоа друг пат. quote:Баш чудно,ова го напиша сериозно или се шалиш малце.Толку добро ти го испрале мозокот што ми коренспондира со референдумот и влезот во ЕУ и НАТО. quote:Тебе ништо не ти е познато во врска со Љубчо,сигурно си бил во подрум незнаш ниишта. Реди колку сакаш фирми немам ништо против доколку наведеш барем една од типот на онаа за која сигурно не можеш или не сакаш да го разбереш она што го напиша Пина: Telecom mozhe da gi kontrolira site telekomunikacii i protok na informacii na teritorijata na Makedonija, da vospostavuva restrikcii kakvi saka i bla...bla. За првото подцртано (од мене) има две прашања: 1.Зашто купувал Б(а)учко делови за тенковите бугарски во вредност од некои велат 7 годишни резерви за воени услови односно 40 милиона тогашни DM суви Народни пари?. кога ете знаел дека се отпад ?. 2.Веројатно бугарите ги знаеле плановите кои дотичниот ги кажа ккао планови од А-Ш ...секако за насилно враќање на власт после само 2 години „ладовина„ или опозициско престројување на силите. А за второто подцртано (од мене) мислам дека е ГОЛЕМА ВИСТИНА и неспорно е тоа. НО , дали знае некој тука дека т.н. ПРЕД-ДОГОВОР (кој е со законска сила и обврзувачки пред меѓународните судови) за купување односно продажба на Телекомот сосе кабли и бандери и се друго е ДЕЛО на некогашниот сдсм министер и парламентарец Бузлевски. Тој е личниот подписник како преставник на тогашната сдсм влада???. |
трендафил | quote:Tоа де и јас се чудам.Што има полиција поточно МВР да врши набавки за АРМ,освен ако беспилотни летала не се полициска а не армиска опрема.Бучко купуваше делови за отпадт бугарски наречен Тенкови за спас на Македонија.Од кај знаеа Блгарите де дека ќе се случи воината. Нејсе.За тоа друг пат. quote:Баш чудно,ова го напиша сериозно или се шалиш малце.Толку добро ти го испрале мозокот што ми коренспондира со референдумот и влезот во ЕУ и НАТО. quote:Тебе ништо не ти е познато во врска со Љубчо,сигурно си бил во подрум незнаш ниишта. Реди колку сакаш фирми немам ништо против доколку наведеш барем една од типот на онаа за која сигурно не можеш или не сакаш да го разбереш она што го напиша Пина: Telecom mozhe da gi kontrolira site telekomunikacii i protok na informacii na teritorijata na Makedonija, da vospostavuva restrikcii kakvi saka i bla...bla. - За мене е нормално опозицијата да се бори за власт, а власта за да остане на власт. Само што власта е во предност затоа што стално е на сервис (како во тенисот на пример). Затоа и се формираат партиите, да добијат превласт во парламентот. Да се надеваме дака на актуелната власт ќе и дојде памет и дека не ќе има потреба по секој донесен закон до крајот на нивниот мандат да има референдум. На сите ни е познато дека ниту со референдум не може да се смени власта. Таков е законот. Воопшто не треба да се плашите дека по референдумот вашите (СДСМ, ЛДП и ДУИ) ќе си заминат од власта. Евентуалната борба за власт на сегашната опозиција е авансна, за 2006 година. Ако власта не одлучи поинаку. А до 2006 имате време да ја очистите партијата од сегашното раководство и со добра работа од сега натаму да ги добиете изборите. - Тоа е тажното. Што во 2001 полицијата мораше да купува беспилотни летала (на црно бидејќи бевме под ембарго на оружје), а тогашниот и сегашен министер за одбрана ги кодошеше кај странците (што не ставија под ембарго). Истото важи и со наредбата на претседателот Трајковски за чистење (да не кажам ослободување на патот Тетово-Јажинце) - Љубчо сигурно нема замок на Водно. Требаше да изгради семејна куќа (слична на околните), но поради познатите настани не го стори тоа. Го продаде и плацот. - Што се однесува до контролата на комуникациите од страна на Телекомот, тоа е точно. Но истото е во спротивност со законот, па во таков случај некој ќе оди во затвор. Прислушкувањето е можно и од сегашната американска (и секоја друга) амбасада, а ако истата се изгради на новата локација (Градиште) ќе биде уште полесно и поквалитетно. Само што сторителите поради екстериторијалност неможе да бидат гонети. Тоа не значи дека не треба да има амбасади во Македонија. |
трендафил | quote:Ако некој ми подари слон, иако има одредена вредност, би гледал да го продадам за било која цена, што побрзо. Ако не успеам, би го подарил на зоолошката или би го ликвидирал. Да не морам да го чувам и хранам. Приближно такви беа и скоро сите фирми во Македонија (со исклучок на некои јавни претпријатија). ОКТА сигурно беше слон. Скапа инвестиција, предвидена пред се` за производство на мазут, а не за погонско гориво за возила. Градена во време кога барел нафта се изразуваше со едноцифрен број на долари и мазутот беше основно гориво во македонското стопанство, а рафинериите од ексСФРЈ ги снабдуваа првенствено своите капацитети. Беше предвидено да работи и термоелектраната во Неготино. Се користи и во РЕК Битола, каде што со компјеторско следење на процесот неговата употреба е драстично намалена (за што се заслужни и владата на Црвенковски до 1998 и на Георгиевски потоа). Од остатоците во производството се правеше и вештачко влакно во Хемтекс. Но со покачувањето на цената на нафтата, сето ова отиде во аут. ОКТА имаше загуба од повеќе стотини милиони долари. Додека целата беше наша стално беше дотирана (хранета) од буџетот. Како слон. Сега тие проблеми ги имаат грците (иако не се сопственици на цела ОКТА, туку на нешто повеќе од 1/2). Да има ОКТА профит, скоро една половина би влегла во буџетот. Парите дадени за ОКТА и Телекомот од странските купувачи се однесуваат на половина од фирмите. Другата (помала) половина е во сопственост на државата. |
f9 | ПРОСТО РЕЧЕНО НЕМАВМЕ ЛУГЕ ЗА СЛОНОВИ ВОДЕЊЕ. |
lav | quote:Јас би ги завртел зборовите во оваа форма: ПРОСТО РЕЧЕНО ИМАВМЕ СЛОНОВИ ЗА ЛУЃЕ ВОДЕЊЕ ...секако ако не е во спротивност на сфаќањата на колегата за авторизација на својот текст. [8D] |
intel | quote:Ха,Пред-договор.Значи толку му фаќала црпката на Груевски кога слепо го спровел овој пред-договор,а апсолутно ништо не го обрзувало да дефинира детали онака како претходниците негови замислиле.Одлично стар колега.Ова не го знаев.А баш си мислев дека тој бивш министер за малку па ќе го сметав за најбрилијантен спроведувач на СДСМОВСКИТЕ дубари.Дефинитивно не за малку туку ептен за таков ми делува.Тоа и сега го докажува како и за време на претседателската кампања. Ех ти да не си кој очи ќе ни отвара. ЖИВЕО ЛАВ!!! |
lav | quote:Почитуван кољега Јас само ти (по)кажав дека сите т.н. преддоговори имаат ОБВРЗУВАЧКО ДЕЈСТВО пред меѓународните судови (мислам дека беа во Базел или таму некаде) а тоа што никако не сакаш да го прифатиш дека сдсм-офците одсекојпат ја кроеле капата на државата и тоа секојпат со диктат одозгора. Преддоговорите се всашност само draft на конечниот договор кој теоретски можат да го менуваат обете потписнички , но ВО СТВАРНОСТА е поинаку , односно важи правилото „КАКО ЌЕ КАЖЕ МАМА„ , секојпат , разбира се мамата од странство. Сигурно го знаеш вицот за иглата во задникот на народниот преставник од Македонија во сојузниот (тогаш) парљамент. Е сега ако не сакаш јас очи да ти отварам , таа обврсак треба да ја изврши некој офтамолог ...а можеби и некој друг со специфичен осет за таква работа. |
concrete | Ej,pa vie ste bile prva liga. Dva tri dena sum doma,pa Googlam malku i od vreme na vreme ke vlezam na dve tri vakvi makedonski razgovornici. Abe ova e srink sto ne moze da bide. Kakvi psihijatri , kakvi trici ...... samo se plasam na kraj da ne padnam vo nekoja depresija od koja nema nazad. Inaku vaka ozbilno ,abe se ispotepavte i toa gledam edni isti na skoro site istorisko politicki forumi ( a ve nema na onoj za softwer itd.)za nesto na sto imate vlijanie , ama kolku na bojata na preklanskiot sneg na Andite. inaku lav od Trinidad i Tobago batali nervoza ,nema problem Gospod sekogas gi sakal i gi cuval makedoncite i budalite , zatoa uste ne ima , da se nadevame deka i ponataka ke si opstane vo namerata. |
lav | quote:Никаква нервоза нема , само обид за отварање очи за минатото и да бидат докрај јасни нештата во оваа држава на ....будали кои ете Господ ги (со)чувал ...како ти си кажа. Поздрав |
filozofka | Lav sum politicki neopredelena toa da bidesh siguren,no i ubavo znam sto se SDSM vetija ili kojznae koja druga partija-no eve sega konkretno zboreme za SDSM.A toa sto se nedosledni SDSM-nema potreba ni jas ni ti da go kazeme zosto tie samite si se dokazaa.I moram da kazam deka se slagam so tebe za ovaНо тоа во 3 мандати се повторува што значи имаме : Или наивни гласачи Или се ептен вични во лагите |
BorisVM | quote:Trendafil, te chitam i jasno mi e zoshto intel se iritira na tvoite postovi. Ti izgleda ne pravish razlika pomedju firmi koi imaat strateshko znachenje za Makedonija (chitaj telekomunikacii) i vinarski vizbi. Mislam so samiot teza deka ne bilo teshko kabli da se stavaat kazhuvash kolku ti vsushnost znaesh za razvojot na modernata telekomunikacija, i shto u stvari e najskapiot del (ce ti olesnam: infrastrukturata) Tolku li brzo zaboravate shto se ne se prodade ili ednostavno razvivate selektivna amnezija kako vi odgovara? |
трендафил | Никогаш не бил проблемот само во тоа што сме грешеле при изборот, туку повеќе што после тоа сме им дозволувале на избраните да прават што сакаат. Или сме чекале опозицијата да го прави тоа што сакаме. За прв пат сега, со референдумот народот ја превзема ситуацијата во свои раце. Сега партиите (за жал само од опозицијата, а македонските од власта тврдоглаво, како магаре заинатено на мост, работи спротивно на волјата на тие што ги избрале) го следат народот. Нормално дека секоја сака да исползува нешто за себе, иако според амнестираниот дезертер Кондарко само власта треба да се бори за власт. Веројатно мисли дека опозицијата треба да се бори да остане опозиција, односно се однесува како мало дете што тоа што тоа го сака сака да го наметне како правило за сите. И што е најлошо мисли дека има будали што му веруваат. Тоа што на Кондарко му е чудно, за други е нормално. Опозицијата се бори да дојде на власт и тоа секој поодделно. ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-НП се борат и за своето мислење дека територијалната поделба не е добра и против власта, но и се борат меѓусебно кој ќе ги здобие симпатиите на граѓаните. Чудно ми е само зошто СДСМ не се бори да остане на власт, туку напротив како да се бори да си замине. Притоа не даваат објаснување зошто и тие мислеа исто како сегашната опозиција и голем дел на македонските граѓани до моментот додека не беше избран Црвенковски за претседател. "Лажни патриоти се оние кои се сомневаат во себе и во својата држава и постојано говорат за делби. Ние не веруваме во тоа, туку тврдиме дека нема да има никакви делби. Државата има способности да ги издржи сите предизвици, граѓаните не сакаат дестабилизација и тоа нема да го дозволат", рече дезертерот Кондарко. Зошто кога тој зборува за делби се потсетувам на екскурзиите кога се шалевме со некој што заспал со зборовите дека некој друг сака да го разбуди ама да не се секира, ние нема да му дозволиме. И зошто и тој до мај беше (по свое мислење) ЛАЖЕН ПАТРИОТ. Дали гласовите на Претседателот се купени со тоа што Кондарко и неговите од лажни патриоти станале вистински предавници??? |
lav | quote:Независно од искажаните мислења за другарот Дрдорко овде ..ууупс за т.н. лажни патриот Кондарко-де , МОРАМ , во случајов и да напоменам за јавноста овдешна но за колегата кој го напиша овој пост ДЕКА ТОЈ Е СЕПАК АМНЕСТИРАН од Парламентот за неговото не-дело , односно од Министерството за одбрана и веќе може да се квалификува како и секој Македонски патриот кој наместо него ја бранеше и одбрани Македонија од сегашните ортаци и партнери на Кондарко и неговата братија - секако дека мислам на таа која ги црпи сите придобивки од Буџетот на Државата на Македонците , која со негова заслуга стана ЗБИРШТИНА на некакви си (племенски ле) заедници !!!. пс А за неговото (Кондарковото-де) толкување на тоа дека: НА НЕКОИ ПРАШАЊА ете НЕ ТРЕБА ДА СЕ ОДГОВАРА ...ќе му кажам дека со тек на времето НА СИТЕ ПРАШАЊА (некојпат) ЌЕ МОРА ДА ОДГОВАРА ...но во соодветна за тоа установа ..да не ја именувам сега во близината на Скопје ...наменаета за секаков вид дезертери. Од тоа не бега НИТУ ТОЈ ниту БИЛО КОЈ ДРУГ ДЕЗЕРТЕР ...(по)милуван или пак не(по)милуван. |
трендафил | quote:Да повторам уште еднаш. Правилата по кои се продаде Телекомот ги утврди тогаш поранешната власт. Писмото за намери (преддоговорот) го потпиша тогашниот министер за транспорт и врски Димитар Бузлевски. Единствена измена што ја направи владата на Георгиевски е што фирмата ја продаде подоцна, затоа што поради косовската криза никој не сакаше да инвестира поголеми пари во Македонија, па цената беше падната, но во договор (со дозвола) на меѓународните институции. Знам што е инфрастуктура, посебно во преносот на податоци. Поголем е проблемот со врските помеѓу градовите, отколку во самите населени места. Но тоа беше предвидено со преддоговорот (писмото за намери). Ако владата на Георгиевски постапеше спротивно на преддоговорот, ќе требаше да плаќа високи пенали, од буџетот се разбира. Затоа и нападите на СДСМ по ова прашање ги сметам за нешто многу нечесно. Истото во моментов се случува со американската амбасада во Скопје. И да дојде друга влада мора да го почитува преддоговорот што го потпиша Буџаку, затоа што сите влади се Влада на Република Македонија и секоја нова ги превзема обврските на другата. Се разбира, ако не успее да се договори со другата страна. А ако некој се информира само од пресконференциите на една партија е негов проблем. И твој и на интел. Тука јас не можам ништо да ви помогнам. Ако и понатаму верувате дека од секое семејство ќе се вработи по еден, дека не ќе мора да се оди на печалба или дека ќе се намалат даноците, напишете го тоа и јас ќе престанам да пишувам на форумов во интерес на вашата здравствена состојба. Кога пишував за новите кабли поаѓав од моменталната состојба. И јас еднаш го испочитував правилото што ни се наметнува дека не треба да гледаме во минатото (изгледа исклучок е само ако тоа е во полза на СДСМ, па поважно е што Љубчо напишал колкумна за поделба, отколку што Ахмети навистина направил поделба). Телекомот е во таква состојба во каква што е и треба да се воведе конкуренција, уште еден или повеќе фиксни оператори. А заинтересирани фирми има. И тука владата не прави ништо. Колку гледам министерот Буџаку не е зафатен ниту со референдумот, ниту со економијата (барем за економијата ниту првиот ни вториот министер за економија не губат многу време повеќе од две години, па не им треба помош од Агрон), па можеше до сега да распише тендер за втор фиксен оператор. И повторно не разбирам зошто ти и интел (повторно ќе го споменам затоа што ти го спомна) сте спремни да плаќате и понатаму високи телефонски сметки само за да можете да кажете дека ВМРО-ДПМНЕ е виновен за тоа. Дали некој лекар ако му дојде пациент што друг лекар, негов конкурент го лечел погрешно, треба да дозволи истиот да почине, само за да каже дека конкурентот не си ја знае работата. Не е ли тој полош ако знаел да го излечи, а не сакал. Така е и со СДСМ. Наводно знае се`. Ако знае, значи намерно прави лошо. П.С.: И по уште една проверка тврдам дека Љубчо нема замок на Водно. А има замоци на други луѓе. Многу од нив се на луѓа со неколку стотини евра плата примена преку буџетот. Во моментов се директори на јавни установи. |
lav | За паниката која владее мегу сдсм-ОФЦИТЕ , со најнов и многу видлив пример на некултура како политичка истотака и лична е еден синошен настап на министерот Б(а)учко на Тв ...кога еден од постарите политички неистомисленици свои го нарече ОВЕН. Ова „ниво„ на некултура секако зборува за интелектуалниот капацитет на член и благобнадежен иден „лидер„ на нашиве социјал-демо(Н)крати само по името но не и по делувањето во јавноста во мигови кога „ја плаќаат цената за својата повеќепати покажана (но и казнета) ароганција. Иако според редот на нештата треба и овој ..сразмерно да се нарече дека е всашност и ВОЛ како по изгледот истотака и по личното (јавно) искажано поведение. СРАМОТА. ЗАТОА И ПАК ЌЕ ЗАГУБАТ СЕ ...поради вакви ВОЛОВИ ...разбира се. |
трендафил | Тие што вчера ја гледаа емисијата ЧУМУ, видоа дека и министерот за економија Јакимовски се обиде да ја продаде приказната дека владата на Георгиевски е виновна за продавањето на Телекомот, но кога Андов јасно и гласно му го изнесе фактот дека условите за продавање ги определи владата до 1998 (всушност таа го продаде Телекомот), а следната влада само го реализираше тоа што претходно е договорено, Стевче замолче како риба. Бидејќи странците не прават, како нас, разлика помеѓу влада на една или друга партија. Сите се влада на Република Македонија (баш во еднина). Може да се раскине договорот и еднострано, но последиците ги трпи тој што тоа че го стори. Владата на СДСМ, ЛДП и ДУИ нема капацитет да брка економија и нешто друго. Но очигледно е дека има капацитет да работи за себе. Успеа и да го брка референдумот и да си купи авионче. Со наши пари. http://www.vreme.com.mk/novost.action?id=14242&broj=230 |
Strelec | quote:Зарем и самиот веруваш во оваа приказна!? |
intel | quote:Не,тој не верува само заборава дека е овде на форум,а обично форумите не ги посетуваат луѓе на какви што е навикнат тој.Нему му е тоа задача да ги увери членовите на ДПМНЕ дека таа приказна е таква и дека они немаат никаква одговорност за распродажбата на стратешките објекти и нудењето на западна Македонија во замена за мала преспа. Дури и за ова Андов кажа дека тој текст не бил ниту на Ефремов,ниту пак Љубчо напишал таква колумна која тој самиот Андов ја подржа во Вечер.На чуму рече дека и тоа некој друг го напишал и им го подтурил. Само чекам кога ќе кажат дека тие воопшто не биле на власт од 98 до 2002. |
трендафил | quote:Само ги следам настаните во Македонија подолго време. Сепак имам повеќе од половина век, нели. И сеуште не сум почнал да заборавам, за разлика од голем број помлади. За жал за тоа време не постојат траги на интернет за актуелните настани. Тоа што го пишувам го пишувам само во интерес на вистината. На тие што очекуваат дека од секое семејство ќе се вработи по еден, односно веруваат во иднината, а ја забораваат кога ќе стане минато не им се обраќам директно, иако сум испровоциран од нивното пишување. Во случајот со Телекомот излегува дека судијата што некого го осудил на смрт, го обвинува џелатот дека е виновен за егзекуцијата. И ќе повторам. Дури и друг да е виновен за тоа што Телекомот е продаден, актуелната власт е единствениот виновник што на 1 јануари 2005 тој нема да има конкуренција. Но затоа еве можност да видиме што зборуваше СДСМ за бојкот на претседателските избори, што зборува сега, кога тој повикува на апстиненција. Што интелектуалци ја водат партијата. quote: |