SLaCk |
Семејствата ги бараат телата и одговорност од Црвенковски, Костов и од Бучковски
Далибор Лазаревски, Зоран Насковски и Драган Марковиќ, тројцата киднапирани кумановци во Ирак, се убиени. Ова вчера и официјално го потврди македонскиот експертски тим по анализа на видеозаписот од телевизијата „Ал џезира“ во Катар. Веста завчера на полноќ на нивните семејства им ја соопштија премиерот Хари Костов и Силјан Аврамовски, министерот за внатрешни работи. Семејствата од државата бараат да продолжи со истрагата, а за смртта на нивните најблиски ќе бараат одговорност од претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Хари Костов и министерот за одбрана Владо Бучковски.
- Ги обвинуваме Бранко Црвенковски, Хари Костов и Владо Бучковски дека ги убија нашите најблиски. Доделувањето на медалите на македонските војници за спасување на Американците ги уби Далибор, Зоран и Драган. Тоа ги испровоцира киднаперите - голтајќи го плачот во себе, Љубе Лазаревски, таткото на Далибор, за смртта на своето чедо прстот го впери во првите луѓе на државава.
Nitu ednas ne pratija poraka deka ne treba da se patuva ili raboti vo Irak.Nisto ne prevzemaa za osloboduvanjeto,a Hari Kostov pred samo deset dena izjavi citiram "Oni znaele kade odat".Vakov neodgovoren i aroganten premier nema vo svetot.Go mrzi sopstveniot narod.Bez razlika dali znaele ili ne znaele drzavata e DOLZNA da se grizi za svoite gragani a ovoj pat pravese se samo ne se grizese za svoite gragani.I plus ne im e sram vcera na pres konferencija da izjavuvaat kako ubienite i ne bile bas nekoi socijalni slucai!?Sto sakaat da kazat deka bile ulavi od ubavina od otisle vo Irak?Sramota.
|