SLaCk |
Na stranata na narodot.
ОДЛУКА
Црквата повика на референдум
Македонската православна црква ги повика верниците, членовите на МПЦ и сите граѓани да го искористат правото и обврската и да го изразат своето мислење на референдумот за Законот за територијалната организација.
Таа одлука ја донел Архиепископскиот управен одбор, како највисок административен и извршен орган на МПЦ, на завчерашната седница. На неа се расправало за актуелните состојби во земјава поврзани со претстојниот референдум, кои можат да предизвикаат последици и за животот и мисијата на МПЦ.
Од Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски вчера не сакаа да дадат никаков коментар за одлуката на МПЦ. Коментар изостана и од Кабинетот на премиерот Хари Костов.
Поглаварот г.г. Стефан неодамна се сретна со шефот на државата Бранко Црвенковски. Се шпекулираше дека тогаш се договориле МПЦ да не ги повика верниците на референдум, а државата да го неутрализира дејствувањето на расчинетиот владика Јован.
Со Одборот претседава архиепископот г.г. Стефан, а во него членуваат двајца епархиски архијереи, по едно свештено и едно мирско лице од секоја епархија и претставник на манастирските старешини.
Nema da dozvolat da zavrsat manastirite kako onoj vo Lesok ili vo Matejce. |